Среда, 13 Ноември 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (5)

isfond1

ИЗЛАГАЊА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ И ЖИВКО ВАСИЛЕВСКИ

Америка беше твојот завет

животот, тој суров меч

тебе таму те прати

но родината пак те врати

за на век

Васил Грежлов

Во своето излагање доблесниот донатор и истакнат иселеник Атанас Близнак рече: Нија верните и честни Македонци во Америка и Канада се боревме и ошче се бориме против фалшивите клевети и пропаганди на ренегатите и измениците на македонското национално, ослободително дело, кои ренегати со свои лични амбиции и интереси работат за интересите на чуждите шовинистически пропаганди и интереси, против интересите на македонскиот народ.

Драги братја и сестри Македонци, целиот мој живот јас го посветив на македонското национално ослободително движење, и во националните и политически борби на нашите народи. За да бда таков ме правеа стремежите и идеалите на нашиот македонски народ, тешкиот робски живот кој и јас го чувствував, дека и јас заедно сос тој народ се родив и пораснав под тешкото национално робство, дека и јас заедно сос тој народ чувствував маките и страданиата; дека и јас се борев и мечтаев за слободата и правдата на македонскиот народ. Тоа ме правеше да го имам при срце мојот македонски народ. 

Ас сум шчаслив, дека доживеав за да вида македонскиот народ во тој дел на Македонија, да се радва на слобода и независност, да гради и создава своја народна историја, своја народна култура и прогрес, и да говори на убавиот македонски литературен јазик.

Драги братја и сестри Македонци, на таја прослава јас дојдов тука, да предам на мојот народ свичко којто јас со труд и достојанство можев да го спечала през мојот живот. Денес на таа прослава, нија турваме основите на Фондацијата при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која Фондација ќе служи за да помага на студенти кои имаат желание и волја да учат, а немат можност, немат средства да се подржават.

Мили студенти, мојот скромен подарок не е голема помош, туку моите мисли и намерение, моите добри чувства кон нашиот мил македонски народ, нека да се вдхнат во вашите души и срца, нека да се вднат и во душите и срцата на целиот македонски народ, да и вија како мене мислите и работате за општото добро на нашиот народ, само тогава ќе има љубов и единство между нашиот народ, само така ќе има оште поголем прогрес и напредок.

isfond2 

Атанас и Славка Близнакови на формираљњто на Фондацијата

Мили студенти, иднината на македонската народна република, иднината на нашиот македонски народ, главно, зависи од вас вие сте кои ќе го држите кормилото на прогресот и на напредокот на нашиот народ; мојот завет кон вас е да вија винаги мислите, а така да мисли и целиот македонски народ, шчо нија ќе можеме да направиме за обштото добро на нашиот македонски народ, шчо добро ќе можими да направиме за македонската народна република, а не да очекуваме шчо ќе направи македонската република за нас.

Драги Македонци, нашиот народ сос векови се борел за слободата и правдата на нашите народи, многу от тија Македонци дадое свичко шчо  имае, дадое и својот живот, затова драги братја Македонци, и нија треба да работаме и да помагаме за подобар прогрес и напредок во Република Македонија, така нија ќе исполниме заветите на нашите постари поколенија, така нија ќе подржаме стремежите и идеалите на нашите дедовци и татковци, на нашите братја и сестри, кои заедно сос нашите братја југословенските народи пролее својата крв, дадое својот живот за слободата и правдата на своите народи во Југославија.

Моите најголеми желби се да таа фондација бди подржана и од други македонски добродетели како мене, таа   Фондација да бди поддржана от нашите колективни претпријатија и задруги, за да можи Фондацијата да има поголем прогрес и напредок, ќе биде во полза на нашиот македонски народ.

Сос тоа јас завршувам драги братја и сестри и ви пожелувам свичко најубаво”, рече Атанас Близнаков.

Искажувајќи ја благодарноста од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на донаторот, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Бранко Трпеновски, истакна дека сите вработени во оваа институција ќе се залагаат Фондацијата да ги реализира своите високи цели и да го најде вистинското место во високошколското образование.

Од името на Матицата на иселениците од Македонија, пак, претседателот Живко Василевски, истакнувајќи го вонредното значење на Фондацијата, меѓу другото, рече дека денес присуствуваме на еден свечен чин, кога првпат се формира фондација за помагање на талентирани студенти, под името „Атанас Близнакоф”.

Понатаму Живко Василевски изнесувајќи подробности од биографијата на сонародникот Близнаков го истакна неговото интересирање за слобдниот дел на Македонија, неговите посети заедно со својата сопруга Славка во 1958 година, во 1968 година и сега кога дефинитивно решиле да станат жители на главниот град на СР Македонија, Скопје.

Атанас Близнаков подвлече претседателот на Матицата, Василевски беше опседнат од мислата да направи нешто со кое ќе може да ѝ биде уште пополезен на татковината и  на својот македонски народ. Така се роди иницијативата за основање на Фондацијата за помагање талентирани студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која денес и се инаугурира.”

Од името на младината на Универзитетот, пак, Одлуката за формирање на Фондацијата ја поздрави студентката Јелена Димитријевиќ.

Откако беше образложена содржината на Одлуката, членовите на Советот го прифатија овој значаен документ за Фондацијата кој гласи:

Врз основа на член 36 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетскиот совет, на 148-та седница одржана на ден 18.04.1977 година донесе Одлука за основање Фондација ,,Атанас Близнаков” на Универзитетот во Скопје;

            - сонародникот Атанас Близнаков од Гери Индијана, САД, сега живее во скопје, изразувајќи ја поврзаноста и љубовта кон својата татковина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со последното завештение и тестамент остава средства за основање фондација за стипендирање на студенти кои покажуваат особени резултати во студиите;

            - до стапувањето на сила на тестаментот и последното завештение на Атанас Близнаков, висината на средствата ќе ги одредува именуваниот;

            - со средствата на Фондацијата ќе управува и политиката на инвестирањето ќе ја контролира Советот на фондацијата, кој го сочинуваат тројца постојани членови и тоа: Атанас Близнаков, Димче Стојанов Мире и Томе Буклески - Маќули, како и 4 изборни членови именувани од Универзитетскиот совет со мандат од 2 години;

            - сите членови на Советот на фондацијата ќе работат без надоместок;

isfond3 isfond4 

Матицата на иселениците од Македонија / Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“

- На Фондацијата можат да ѝ пристапуваат и други физички и правни лица од земјата и од странство;

- правата и обврските на новит членови на Фондацијата ќе се регулираат со актот за прифаќање на нивното членство.

Врз основа на оваа Одлука и последното завештение и тестаментот на Атанас Близнаков, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје треба да изготви Правилник на Фондацијата „Атанас Близнаков”.

Свечената инаугурација на новоформираната Фондација заврши со свечен коктел што за сонародникот Атанас Близнаков, неговата сопруга Славка и за многубројните присутни гости и членови на Универзитетскиот совет го приреди Универзитетот.

Во врска со Фондацијата „Атанас Близнаков” на 22.IX.1978 година, е составен записник пред Општинскиот суд Скопје II– Скопје, а е заверен под Р. бр. 123/78, т.е. составен по барање на Атанас Близнаков, од Гери, Индијана, САД, сега жител на град Скопје – СР Македонија, државјанин на Соединетите Американски Држави, по народност Македонец, за во судот да предаде тестамент на чување.

Идентитетот на завештателот Атанас Близнаков е утврден преку патната исправа – пасош на име Атанас Близнаков под број 02439565, издаден во град Чикаго – САД на ден 4 октомври 1976 година. Тој во судот предаде писмен тестамент составен пред сведоци, при што судот констатира дека писмениот тестамент е предаден отворен. Содржината внесена во тестаментот е пишувана на машина на 6-шест страни бела машинска хартија, а напишана на македонски јазик.

Исто така, од страна на завештателот е предаден истоветен примерок од тестаментот, составен пред сведоци, а содржината во овој примерок на тестаментот на 5-пет страници на бела машинска хартија е напишана на англиски јазик.

Тестаментот своерачно пред судот е потпишан од страна на завештателот и од страна на присутните сведоци при неговото составување.

Идентитетот на сведоците присутни при составување на тестаментот од страна на судот е утврден и тоа: На сведокот Димче Стојанов – Мире преку лична карта Рег. бр. 13742/74 издадена од СВР Скопје, на сведокот проф. д-р Иво Пухан, преку лична карта Рег. бр. 121950/68 издадена од СВР Скопје и на сведокот Трајан Бендевски, преку лична карта Рег. бр. 107197/67 издадена од СВР Скопје.

Тестаментот составен пред сведоци на македонски јазик и истоветниот примерок од тестаментот составен на англиски јазик, кој е доверен на чување на Општинскио суд Скопје И – Скопје, е примен лично од завештателот Атанас Близнаков, ставен во посебна обвивка и потоа запечатен со тркалест печат на Општинскиот суд Скопје I – Скопје.

На тој начин тестаментот во писмена форма составен пред сведоци на македонски јазик и истоветниот тестамент составен на англиски јазик е предаден во Општинскиот суд Скопје И доверен на чување во истиот суд.

Продолжува

B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.