Среда, 04 Декември 2019   
РАДА ВИДИНОВСКА ОД ТОРОНТО И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (5)

vilizi1

ВИДНИ ЛИЧНОСТИ ОД ЖИВОЈНО

Од селото Живојно потекнуваат голем број познати личности, меѓу кои: Драган  Христовски (22.2.1926 - 28.9.1974 Париз); Панде Петровски оден 1943 - Битола, 2006) - македонски армиски генерал; Љубо Петковски оден 1939 ) - македонски универзитетски професор; Рада Видиновска одена 15 јули 1944) - македонска поетеса која живее во Канада; Лазар Гилевски (роден 9 март 1923 -Доловац, Хрватска, 8 мај 1945) - македонски борец, учесник во НОАВМ;професор Татјана Талевска, родена воЖивојно во 1965 година и други

1.Драган Христовски е еден од бројните личности кој оставил неизбришлива трага во процесот на творењето, создавањето и развојот на своето село, поширокото опкружување како и револуционерните активности за време на Народноослободителната војна. Во повоениот период извршувал високи политички и општествени функции.

Потекнува од патријархално семејство, во кое дедото бил свештено лице, а  татко му  за време на животот бил ангажиран во основното селско училиште, кое во времето по слободувањето, вриело од ученици и деца, играјќи во училишниот двор. Освен домашните земјоделски работи, детските денови  ги поминувал  во училишниот двор, понесен од детскиот џагор.

По завршувањето на основното училиште, се запишал во Државната гимназија „Гоце Делчев“- Битола. Оттука, имал можност за комуникација помеѓу интелектуалната фела од Гимназијата во Битола и младината во Живојно.

Како гимназијалец, се пројавува како напреден и активен младинец во работата на Народноослободителното револуционарно движење. Првиот состанок од неговите револуционерни активности датира од  месец  јуни 1942 година, одржан во село Бач. На овој состанок, договорено е за методологијата на дејствување на младината во Ослободителното движење и нејзиното вклучување.

vilizi2  

За работата на Драган, како и неговата успешност, зборува фактот дека голем број младинци од село Живојно активно се вклучени во ослободителното движење, а некои биле и уапсени за пеење на песни со кои се напаѓал окупаторот во тие тешки времиња. Во Полициската станица во Битола, уапсените не го издале својот организатор  Драган. Меѓутоа, во месец  јули следната година, неговата работа била откриена  од бачката жандармерија.

Драган беше поврзан со работата на Народноослободителното движење со другари од Битола, гимназијалци, а со доаѓањето во Живојно, со зголемена конспиративност ги пренесувал основните вести и сознанија.

Во моментот кога постоела можност за откривање на илегалното работење на младината, тој во текот на месец јуни организирал масовно пребегнување на младинци од Гермијан и Живојно во партизанските редови, потоа и тој се вклучил во партизанските единици до конечното ослободување.

По ослободувањето во 1945 година Драган го завршил гимназисиското образование во Битолската гимназија „Гоце Делчев“. Активно работи во селото Живојно каде што постоела мала железница носејќи јаглен до Кременица и Битола. Овде била формирана рударската населба „Пелагонија.

vilizi3  vilizi4  

д-р Љубе Петковски и Генералот Панде Петровски 

Во 1947 година, Драган се вратил во Битола и бил распореден на високи функции во градот. Во меѓувреме завршил Правен факултет во Скопје и бил на други високи државни функции во Извршниот совет на Република Македонија, во Министерството за буџет; директор на Вишата управна школа и директор на Фондот за пензиско осигурување.

Ненадејно се разболел и починал во Париз на 28 февруари 1974 година.

Големите луѓе живеат вечно, а таков беше и другарот Драган, оставајќи свои племенити дела во Живојно, Гермијан,  Бач,  Битола, Битолска околија, Скопје, Македонија и секаде каде што беше присутен.

2.Генералот Панде  Петровски  е роден во 1943 година во селото Живојно во селско-земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре бил учесник во Илинденското востание и Првата светска војна, а татко му Алексо бил учесник во НОБ од 1943 година, при што два пати бил рануван.

Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а во предвидениот период од 1962 до 1965 година со висок  успех ги завршил студиите на воената академија во Белград. На стручно доусовршување бил во Бања Лука и Белград. Бил на висока функција во ЈНА, а подоцна вклучен во формирањето на Армијата на Република Македонија  Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во Загреб, Прилеп, Велес и Приштина, а во 1990 година бил назначен за помошник командант на Третата армиска област во Скопје. По расформирањето на Југословенската народна армија, учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на АРМ во Битола.

Во 1996 година  бил назначен за началник за борбена готовност во Скопје, а од 1999 година ја вршел должноста заменик на началникот на Генералштабот на АРМ, на која должност повторно бил назначен во март 2001 година, после неговото предвремено пензионирање по претседателските избори во 2000 година. Во периодот од јуни до септември 2001 година бил началник на Генералштабот на АРМ. Од септември истата година и по пензионирањето во 2002 година бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата.  

Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин - капетан прва класа, чин - мајор и чин - полковник. Во генерал-мајор бил унапреден во 1993,  како командант на корпус, во 1997 година добива чин генерал-потполковник, а во 2001 година бил унапреден во чин - генерал како началник на Генералштабот на АРМ. Починал на 31 декември 2006 година во Битола, каде и почива.

Панде Петровски бил предвремено пензиониран без да ги исполнува условите за тоа, а, исто така, бил началник на Генералштабот на АРМ кој најкратко ја водел македонската војска, само 3 месеци. По избувнувањето на воениот судир во Македонија, во 2001 година тој бил повикан да помогне во настанатата ситуација.

Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување на Тетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај. На 12 април 2001 година, по успешната акција за ослободување на Тетовското Кале, лично и писмено му било честитано за големата победа на вооружените сили на Република Македонија од страна на генерал-мајор Ричард Грифитс, шеф на МПРИ од САД.

3.Исто така и д-р Љубе Петковски Љубо - редовен професор во пензија е роден во Живојно на 14 јули 1939 година. Основно училиште учел во родното место, потоа во селото Бач и во селото Велушта, а Учителска шко­ла завршил во Битола во 1958/59 година. Учителствувал во село Џепиште, - Дебар­ско и во село Црнец, Битол­ско.

На Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скопје, група физика, се запишал во учебната 1960/61 година, а дипломирал во 1964 година. На постдипломски студии на Групата за физика на цврсто тело, маги­стрирал во 1972 година а докторирал во 1975 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Бил вработен како професор во Гимназијата во Битола, потоа бил примен за асистент на Институтот за физика на истиот факултет во Скопје. Во учебната 1973/74 година, како асистент, изведувал настава по атомска физика. Во 1974 година е избран за преда­вач по истиот предмет, во 1976 за доцент, а во 1981 година е избран за вонреден професор. Пензиониран е на 1 октомври 2003 година. Добитник е на повеќе награди и признанија.

4.И Рада Крстевска-Видиновска е родена во Живојно во 1944 година. Таа е современ македонски писател, поет, есеист раскажувач. Таа  е едно од знајните и респектирани  имиња кои потекнуваат од  овој крај. Уште во младоста била многу вредна девојка којаи пленела со својата скромност, трудољубивост и силна желба за дружба со книгите и песните. Нејзината дарба за творештво подоцна дошла  до израз.

vilizi5  vilizi6  

Рада Крстевска-Видиновска

Во 1970 година со своето семејство ја напуштила татковината и емигрирала во Канада, Торонто, каде активно се вклучила во македонските иселенички организации и црковни општини. Била член на управата на МПЦ „Свети Климент Охридски“, член на Културниот комитет,  како и претседател на Женската секција при црквата „Свети Климент Охридски“, претседател на Женската секција при Организацијата „Обединети Македонци“ и претседател на Друштвото на писатели „Браќа Миладиновци“, во Торонто.

Рада Видиновска е автор на 14 поетските книги. Затоа, таа е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Моментално е член на Комисијата за правда во Управниот одбор на црквата „Свети Климент Охридски“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Нејзините поетски книги се преведени на повеќе јазици. Застапена е во повеќе антологиски извори од дијаспората и во Македонија, како и  во антологии.  Добитник е на наградата „Книга на годината“ за поетската книга „Бисери и кавалот“ на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“.

Повеќе години била учесник на Меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ по покана на Управниот одбор на СВП и застапена е во изборот „Кој е Кој“ на светските поети.

Рада Видиновска живее во Торонто, Канада со семејството и постојано копнее, пее и тагува, но, и доста често доаѓа  меѓу своите, блиските. и меѓу пријателите, во родната Македонија.

5. Професор Татјана Талевска е родена воЖивојно во 1965 година. Основно образование завршила во селото Живојно и Бач, а гимназија, Педагошка академија и Факултет за учители во Битола. Се вработила како одделенски наставник, најпрво, во родното село Живојно. Сиот свој труд го посветила на своите ученици.

Со искрена родителска грижа и изразит педагошки такт ги воспитувала своите ученици да бидат вредни, чесни и да ја сакаат својата татковина Македонија. Потоа била преместена на работа во подрачната паралелка во село Гермијан, а потоа во училиштето во село Бач. Во повеќе наврати била член и претседател на управните и стручни органи во училиштето.

Во еден мандат била директор на училиштето во село Бач. Со припојувањето на Централното училиште „Мирче Ацев“ во село Бач кон Централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ во село Новаци, тоа станало подрачна паралелка на училиштето во село Новаци, а со тоа се губи и функцијата директор. Потоа била распоредена како одделенски наставник во село Бач каде и денес воспитува и образува повеќе генерации ученици.

Работејќи постојано во комбинирани паралелки се стекнала со големо педагошко искуство кое особено и помогнало во нејзината работа со учениците. Татјана е искусен, почитуван и вреден наставник кој умее вешто да работи со учениците, со родителите и соработниците. Останала на овие простори да го осветлува патот на идните генерации.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.