|
|
ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици |
ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици Владата на Македонија доживеа политички пораз на европско тло. Законот за јазиците, една од клучните точки што ја оддржува во живот кревката коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, беше остро критикуван од Венецијанската комисија. Ставот на венецијанската комисија Венецијанската комисија, како советодавното тело на Советот на Европа има задача да формулира стручни мислења во однос на законодавството во земјите членки и земјите кандидати за членки на Европската Унија (ЕУ). Како земја кандидат за членство во унијата, Македонија често е тема на разговор на комисијата, но она што е необично е комисијата да истакне дека Македонија отишла предалеку во имплементирањето на закони според европски критериуми. Во официјалниот извештај по повод законот за јазици во Македонија, комисијата го критикуваше законот поради тоа што ги надминува веќе воспоставените норми за заштита на малцинствата, и поради тоа што се заканува да го преплави судскиот систем. Специфично, венецијанската комисија забележа дека новиот закон за јазици значително ја проширува улогата на албанскиот јазик во државните институции, а пред се во судскиот систем. Комисијата наведе дека законот за јазици ги надминува европските стандарди поставени од европската конвенција за заштита на националните малцинства како и европската повелба за регионални и малцински јазци. Целосната имплементација на законот ќе значи преплавување на институциите со преведувачи, дури и во области каде нема албанско население. За непочитување на одредбите од законот, предвидени се високи финансикси казни, што е сегмент кој исто така беше критикуван од комисијата. Понатаму, комисијата подвлече дека новиот закон за јазици ја комплицира состојбата со останатите малцински јазици, кои во принцип би требало да имаат ист опсег како и албанскиот. Меѓутоа, новиот закон го прави албанскиот јазик еднаков со македонскиот, додека останатите малцински јазици не добиваат привилегиран третман. Поради овие причини, комисијата предложи законот да се ревидира, и да се преиспита потребата за продлабочување на албанскиот јазик во институционалниот порекод на Македонија. Последици од венецијанскиот извештај на политичката сцена во Македонија Премиерот Зоран Заев вели дека треба да се почитуваат одлуките на комисијата, и дека законот треба да се врати пред пратениците. Но, кога неодамна во јавноста се појави неофицијалниот драфт извештај, документот предизвика несогалсувања помеѓу коалиционите партии. Албанскиот блок остро се спротистави на ставовите на венецијанската комисија, и членови на ДУИ како Бујар Османи јавно излегоа со став дека законот за јазици мора да се официјализира без оглед на забелешките на венецијанската комисија. И при официјалното објавување на стручното мислење, изгледа дека ставовите на ДУИ остануваат непроменети. Бујар Османи, и покрај најавите за ревизија од премиерот Заев, изјави дека ДУИ нема да поддржи никакви ревизии на законот за јазиците. Оваа одлука Османи ја базира врз заканата дека доколку законот би се променил, тоа би го нарушило балансот меѓу македонците и албанците, и состојбата со етничките тензии би се вратила на нивото од пред 2001. Со други зборови, или законот останува во моменталната форма, или ДУИ се мобилизира за герила војување како тоа во 2001. Кога албанскиот блок е соочен со критика од европската унија, се чини дека вистинското лице излегува на површина. Она што Османи навистина го кажува е дека албанскиот блок се придржува до европските параметри за демократско валдеење само кога тоа е политички корисно. Во моментот кога европските препораки го попречуваат ултра-националистичкиот жед на албанците, Османи се заканува со конфликт. Опозициските партии од албанскиот блок беа малку поумерени во нивниот пристап, но нивните препораки исто така се радикални. Претставници од БЕСА повикуваат за комплетна промена на уставот на државата, со кои албанците би станале државотворен народ во Македонија. Ова би ја елиминирало потребата да се воведе законот за јазиците, бидејќи албанскиот јазик уставно би станал еднаков со македонскиот. Опозициската ВМРО ДПМНЕ истакна дека одлуката на комисијата треба да се почитува. Со оглед на тоа дека законот за јазиците беше една од клучните точки од тиранската платформа, не е зачудувачки што ставот на албанскиот коалиционен блок е дека законот за јазици мора што побрзо да помине низ собраниските процедури, без разлика на противењето од европските правни експерти. Останува да видиме дали зачувувањето на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ ќе биде ставено пред државните интереси на Македонија. Законот за јазици е контрадикција на политиките на владата на РМ Иако премиерот Заев се заложи да ги почитува одлуките на комисијата, тој не ја избегна можнoста ова фијаско да го преточи во пофалба на своја сметка. Според Заев, законот за јазици е толку напреден и прогресивен, што ниту Европа не е подготвена за толку про-европски закони. По малку трагикомично е тоа што премиерот Заев во изјава за медиумите рече дека законот за јазици бил “авангарда“ кога станува збор за донесување про-малцински закони во Европа. Со оглед на социо-економската позиција на мнозината македонски граѓани, тешко е да се поверува дека една од најсиромашните земји во Европа е изворот на авангардни закони за млацинства. Можеби е најпаметно македонските политичари (вклучувајќи ги и албанските коалиционери) да се фокусираат на донесување рационални политички одлуки за јакнење на стандардот на граѓаните, наместо носење на непотербни националистички закони кои само би го комплицирале и отежнале функционирањето на онака пренатрупаната јавна администрација. Од друга страна, интересно е што владата на Македонија спонзорира закони со кои апстрактно се зголемуваат правата на малцинството во Македонија, додека во исто време се откажува од бранење на правата на македонското малцинство во сосдените држави. На пример, договорите со Грција и Бугарија експлицитно ја обврзуваат македонската држава да се откаже од барањата за поголеми права на македонското малцинство, кое не е ниту признаено во двете држави. Ова посочува на двојни стандарди при носењето на национални политики: (1) дозвола за македонските малцинства да бидат негирани и дискриминирани во странство, и (2) комплетна заштита и промоција на албанското малцинство во Македонија како привилигирана група. Можеби Зоран Заев навистина беше во право кога посочи дека законот за јазици е авангарда во Европа, особено ако се земе предвид третманот на малцинствата во други ЕУ земји, како што е примерот со нашите соседи. Во својот сегашен формат, законот оди подалеку од било кој европски закон за заштита на малцинствата. ОМД е со став дека законот за јазици мора да се елиминира Законот за јазици е малигнен и мора да биде елиминиран. Како прво, законот се базира врз Тиранската платформа, која е еден од најистакнатите анти-државнички акти во историјата на Македонија. Не само што платформата служеше како основа за формирање на владата, таа исто така претставува исчекор кон уривање на македонската држава. Позиционирањето на македонскиот јазик на исто рамниште со албанскиот е закана по унитарноста на Македонија, и македонските власти мора да се спротивстават на оваа радикално националистичка агенда. Понатаму, доколку владата се одлучи да ги игнорира препораките на Венецијанската комисија и Европската унија, тоа би било директна контрадикција на заложбите на властите за европеизација на Македонија. Доколку сакаме да ја видиме Македонија како демократска земја со фунцкионален правен и парламентарен систем, мора да се застанеме на патот на радикално анти-европски агенди како Тиранската. Одбивањето на законот за јазици е значаен дел од патот кон исполнување на европските критериуми за функционален демократски систем. Битката против уназадување и уривање на македонската држава мора да започне со поништување на овој неевропски, радикален и анти-државнички закон. |