Среда, 25 Декември 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (11)

abliznakov1

ИНТЕРВЈУ СО АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНИЈА” ПО ВРАЌАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Добриот и верен пријател

е поскапоцен

и од најскапоцениот камен 

Народна поговорка

По доаѓањето во Македонија и формирањето на Фондацијата, Атанас Близнаков имаше бројни интервјуа, меѓу кои за одбележување е она што беше објавено во списанието „Македонија”, гласило на Матицата на иселениците од Македонија под наслов ,,Долгогодишната желба е исполнета” и во кое се вели дека Атанас Близнаков е меѓу нас, овојпат можеби конечно и засекогаш. Тоа го направи новинарката Радмила Трифуновска, а во него таа има уште напишано:

„Еден долг животен пат исполнет со трудољибие и достоинство, во последните месеци на минатата година најде век во нашиот град, една желба долга еден човечки живот, да се живее во Македонија, но во таква Македонија за каква мечтаел целиот свој живот, со целото свое битие, тоа беше најголемата желба на големиот патриот и родољуб Атанас Близнаков.

Спроти мене седи човек, достоинствен и спокоен, со светли очи со отворен и светол поглед, помалку строг, но само при првото среќавање, потоа ќе се сретнете со многу топли и бистри очи. Убаво е облечен, ни случајно не можете да ја откриете неговата вистинска возраст. Разговараме повеќе од два часа, тој има многу да каже и што да каже. Неговиот живот е една долга животна приказна, педесет и седум години поминати во Америка, од кои најмногу во градот Гери, Индијана.

НР Македонија ја посети првпат во 1958 година, потоа уште еднаш, оваа трета посета на Македонија ја смета за последна и дефинитивна. Зашто, нашиот познат сонародник, доблесен човек и верен син на Македонија, дојде да живее меѓу нас, дојде за уште еднаш длабоко и вистински да ја прикаже својата приврзаност и љубов кон родниот крај”.

Кога ѝ  реков на мојата сопруга Славка дека сакам да дојдеме да живееме во Македонија, та, мој верен животен сопатник во изминативе четириесет и две години, се разбира, многу се израдува. Целиот свој живот имав голема поткрепа со нејзиното присуство, ние бевме двајца но како да бевме еден, толку нашите мисли и дела беа единствени.

Со овој разговор би сакале малку да го осветлиме ликот на Атанас Близнаков, ќе запише Р. Трифуновска.

abliznakov2  abliznakov3

Прашање: Господине  Близнаков, веќе неколку месеци живеете во Скопје во Македонија. Ве молам, кажете нешто за Вашите први впечатоци од времето на Вашата прва посета на Македонија?

Одговор: Нашата прва посета, во 1958 година, нé импресионира обајцата, мојата сопруга и мене, не веруваме дека за само дваесетина години слободен живот нашата родна земја можела толку да се изгради, а особено главниот град Скопје. Така беше и во другите градови што ги посетивме. Бевме сведоци на еден невиден растеж и тоа беше причина само по неколку години одново да ја посетиме Македонија.

Многу ми е мило што денес сум одново меѓу вас. Ова е наша трета посета на Македонија и секое наше доаѓање бевме сé повеќе импресионирани од напредокот на општеството во целина, од македонскиот економски и културен прогрес. Сето ова што вие го постигнавте во изминатиот период, од ослободувањето па наваму, во тоа јас своите соништа ги гледам реализирани, сé она што со целата своја душа и срце ѝ го посакував на својата татковина Македонија, сé она што мечтаев целиот свој живот, го гледам сега тој свој сон како моја најголема животна сатисфакција.

Го видовме Скопје, престолнината на СР Македонија, прошетавме по неговите широки улици, влеговме во многу модерни згради. Јас лично бев гостин во повеќе научни институции кои служат за напредокот на младата македонска наука. Скопје денес е гордост на сите Македонци, со својата убавина и растеж.

Прашање: Вие заземате едно од највидните места меѓу македон­ското иселеништво, не само во Гери, Индијана, туку и во САД. Би сакале нашите читатели да дознаат нешто повеќе за Вас, за вашата биографија?

Одговор: Роден сум во познатото револуционерно село Дмбени, во егејскиот дел на Македонија. Уште во најраната младост јас ја вкусив горчината на емигрантскиот живот, веќе во 1920 година во декември го напуштив родниот крај, во потрага за подобар живот. Работев како работник во железарница, макотрпно, како секој доселеник на новиот континент. После петнаесет години печалбарски живот, се вратив во родниот крај, да најдам животна другарка. Се сретнавме со Славка, млада девојка од Дмбени и тоа беше мојата најголема човечка среќа, зашто одбрав животен другар кој во изминатите четириесет и две години беше постојано со мене, ме храбреше, живееше со моите идеали, заедно копнеевме за Македонија, ја чувавме љубовта за родниот крај...

Како граѓани на нашата втора татковина САД, имавме добри услови и права и ние Македонците можевме да организираме наши македонски друштва, иако отидовме во далечен свет, во потрага по подобар живот и човечко достоинство; благодарение на постоењето на овие друштва, ние можевме организирано да се бориме, колку што можевме да му помагаме на родниот крај.

 abliznakov4

Прашање: Вие  зедовте многу активно учество во покренувањето и успешно завршување на акцијата за изградба на Клиничкиот блок во Скопје. Ве молиме кажете како се одвиваше таа акција?

Одговор: За време на Втората светска војна, кога народите во Европа, а посебно југословенските народи и нашиот македонски народ се бореа на живот и смрт против најголемото зло во поновата историја на човештвото, германскиот фашизам, ние Македонците од Македонско-американскиот народен сојуз во САД, заедно со другите словенски народи во Америка, го дигнавме својот глас за борба и уништување на германскиот фашизам, за слобода и на нашиот македонски народ. Преку МАНС ние организиравме многубројни месни комитети за помош и таа помош ја предававме на Американскиот црвен крст, преку кој се испраќаше и на југословенските народи. МАНС самоиницијативно и посебно собираше помош за Македонија. 

Еден од најзначајните комитети беше „Македонскиот болнички комитет” за Америка и Канада. Наскоро по завршувањето на Втората светска војна и овој Комитет собра повеќе од 150.000 долари, за овој износ купи медицинска опрема и ја испрати во Скопје. Овој Комитет изгради и еден клинички блок при Медицинскиот факултет во Скопје.

Прашање:Преку какви форми на дејствување се боревте за своја национална афирмација?

Одговор:  Јас сум еден од основачите на Друштвото „Александар Велики”, кое многу години го развиваше и негуваше македонското национално чувство меѓу македонското иселеништво во Индијана. Голема е помошта и поткрепата што ова друштво ја даде во организирањето на македонската црковна управа и за отворањето на првата македонска православна црква.

Ние, чесните и верни родољубиви Македонци, многу години се боревме и против подлите клевети и пропаганди на измамниците на македонското национално ослободително дело, а подоцна и против отворените непријатели на слободна Народна Република Македонија и Југославија. Многумина од нив за свои лични цели им служеа и им служат на туѓите интереси, затоа нашата многугодишна борба со нив ја сметаме за успех.

Голема среќа е за македонскиот народ што живее во братска заедница со другите југословенски народи, во слободна СФРЈ, што живее во демократска земја која стави темел на една нова држава во која сите народи и народности имаат еднакви права. Никогаш во својата историја поробуваниот македонски народ немал свое елементарно право да зборува на својот јазик. Југославија денес води политика на добри меѓусоседски односи со балканските народи и е голем поборник за мир и мирољубива соработка со сите народи во светот.

Прашање:  Вие, како Македонец и патриот, не еднаш сте ја покажале вашата неограничена љубов и приврзаност кон Македоднијаа. Кога првпат помисливте, кога во Вас се јави желбата поголем дел од Вашите материјални средства да ги подарите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за формирање Фондација за стипендирање талентирани студенти? Што Ве поттикна кон тој висок хуман и патриотски гест?

Одговор:  Безграничната радост што мојата земја има таков и толкав Универзитет, толку училишта и гимназии во кои можат да се школуваат сите Македончиња,  независно од какво социјално потекло произлегуваат. Од сесрце го давам тој прилог за формирање Фондација за стипендирање талентирани студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, од чиј приход имам желба да се стипендираат студенти, кои немаат материјални можности да го продолжат школувањето. Имам уште поголема желба, односно се надевам Фондацијата да стане поголема, би бил многу среќен ако и некој друг Македонец од Македонија или од странство го следи мојот пример.

Пак повторувам, јас сум радосен што имам материјална можност да ѝ  дадам таков подарок на мојата татковина Македонија. Мене ме роди оваа земја и мој долг е она што во целиот свој живот го заработив, да ѝ  припадне на мојата земја Македонија,” се вели во интервјуто Атанас Близнаков.

Продолжува

 sksksk
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.