Среда, 25 Март 2020   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“ (THE TRUTH ABOUT MACEDONIA) ОД ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

64

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ излезе од печат книгата „Вистината за Македонија“  (The Truth About Macedonia)   на Георги (Џорџ) Бранов од Канада. Ова дело кое е на македонски и на англиски јазик го потврдува нараснатиот интерес кон историјата на Македонија во античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван.

Публикацијата „Вистинатa за Македонија(The Truth About Macedonia) е напишана со желба да понуди еден поглед, еден систематизиран прилог за македонските простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена група на научници, пред се’ на историчарите, со цел за анализа на историјата врз основа на многуте нови светски извори на информации за античка Македонија и античка Грција. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања на македонски и на англиски јазик да им претстави скромна слика за историските случувања во периодот на античките  Македонци Филип и Александар.

Непосреден повод за публикација „Вистината за Македонија“ (The Truth About Macedonia)   на Георги Бранов е неговата посветеност на Античка Македонија во изминатите дваесетина години. Во овој период Џорџ Бранов проучил повеќе од шеесет историски и научни книѓи од американски и канадски автори со тема за aнтичките Македонци, со особена нагласка за Филип и Александар Македонски. Неговата главна цел е повеќе да се запознае со овој дел од историјата, посебно да види како светските историчари го докажуваат потеклотo на македонскиот и грчкиот народ.

Бранов е човекот на кого Македонија му е големата љубов, се гордее дека е Македонец и се бори за просперитетна иднина на Македонија. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени ја шири вистината за античка Македонија насекаде во светот.

Според публикација „Вистината за Македонија“ (The Truth About Macedonia) на Георги Бранов, Македонците во античкиот период биле нарекувани “варвари” (не Грци и културно заостанати). Грците не ги сметале Македонците за грчки народ, а исто и Македонците не се сметале за Грци. Затоа, во историската литература е потврдено дека околу 60.000 грчки платеници војувале и загинале против војските на Филип и Александар Македонски. На пример, само во борбата кај реката Граник загинале околу 18.000 грчки војници-платеници и 2,000 била заробени, врзани во синџири и пратени како робови во Македонија да работат во рудниците. Истото се случувало и во војните кај Ис, Гангвамела и други битки. Со еден збор голем број Грци се бореле против Македонците.

Делото „Вистината за Македонија“ (The Truth Аbout Macedonia) е плод на повеќегодишната посветеност на историјата и континуирано  следење на светската литература за античка Македонија. на Георги – Џорџ Бранов, доктор по ветеринарни науки, кој е роден во селото Буф, Леринско, а дошол во Битола како дете бегалец од Егејска Македонија, за потоа педесеттина години да живее во универзитетскиот град Вотерлу, во Онтарио, Канада.  

Публикацијата е еден вид мислење на Македонците во иселеништвото. Бранов, како и иселениците од сите делови на Македонија имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, или да се потсетат на голем број патини на времето и од опасноста на заборавот. Зошто македонските иселеници со својот живот, работа и дело, оставиле белег во историјата на трудољубивиот напатен и надарен македонски народ од сите делови на поделена Македонија.

Денес македонските доселеници во Канада со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите македонски народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во мултикултурна Канада го афирмираат македонското име, културно-историското и национално минато и сегашноста на Македонија, а во исто време се дел на демократското канадско општество.

Георги (Џорџ) Бранов е еден од нив како канадски Македонец, или македонски Канаѓанец и е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада. Тој е еден од истакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име на Македонците ширум светот, на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на духовниот живот чии корени се уште од мисијата на апостол Павле во македонската земја, уште пред две илјади години.

Исто така, во публикацијата „Вистината за Македонија“ (The Truth Аbout Macedonia)  Георги  (Џорџ) Бранов го потврдува фактор како што кажуваат историчарите од светот дека античките Македонци се кажувале дека се Македонци, а не Грци. Затоа, тој остава на читателите да се запознаат со античката историја и сами да одлучат дали Македонците биле Грци или посебен македонски народ.

Во исто време, Георги (Џорџ) Бранов, чиј корени се од Егејска Македонија се надева и верува дека античката историја ќе остане како историја, а денес Македонците и Грците потребно е да имаат добрососедски заеми односи на европски начин за доброто и иднината на двата народа и двете држави Македонија и Грција.

 d5

Славе Катин

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.