Среда, 07 Јули 2021   
ИСЕЛЕНИЦИ ОД ЉУБОЈНО И НИВНИТЕ МАКЕДОНСКИ АСОЦИЈАЦИИ (15)

1cr123

Познато е дека за жителите на Љубојно и на цела Преспа печалбарството е стара традиција. Тоа како феномен се појавило уште на почетокот на XIX век. Меѓутоа, овие миграциони процеси што ја зафатија цела Преспа во педесеттите години од овој современ век, не го поштедија ни убавото Љубојно, од каде што голем број семејства се преселија во други градови на Македонија, потоа во САД и Канада и во Австралија, во Европската унија и некои други земји.

Печалбарството како „стар занает“ од Македонија, а со тоа и од Љубојно започнало уште во XIX век. Одењето на гурбет во прекуморските земји, се интензивирало пред и по Илинденското востание, меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна. Затоа, со право се вели дека љубанци биле едни од првите од Македонија кои свиле нови гнезда по светот и се едни од најбројните Преспанци во дијаспората.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и доселениците од Љубојно кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што  што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада се организирани во македонските православни цркви ицрковни општини и манастири, како и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“, издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2002, на 382 страници, на македонски и на англиски јазик од авторот на овие редови, Славе Катин, е забележано дека во изминатите педесетина години се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД и Канада, од кои одреден број се друштва на иселениците од Љубојно и Преспа.  Овие значајни македонски асоцијации се, всушност, афирматори на македонската вистина и мост на зближување на нивната втора татковина – САД - Канада и Република Македонија. Меѓу нив, треба да се споменат следните: 

Друштвото „Преспа“ во Виндзор кое било формирано во 1976 година од неколку ентузијасти од Преспа. Во него членувале околу 70 семејства од сите делови на Преспа. Тие организирале бројни манифестации, како банкети, вечеринки и музички средби кои се одржувале во црквата Свети Никола.

Друштвото „Преспа“ во Торонто. Македонското спомагателно         друштво „Преспа“ во Торонто било основано во 1961 година, кога се зголемил бројот на доселениците од Преспа. Во 1983 година, друштвото било регистрирано пред канадските власти под името „Македонско спомагателно преспанско друштво”.

Добротворното друштво „Преспа” во своите редови ги собира Македонците кои по- текнуваат од преспанскиот регион, без оглед на тоа на кој дел од Преспа му припаѓале.

1cr1234

Друштвото „Преспа“ во Детроит било основано во 1988 година, како културно-просветна организација, во која членувале македонските доселеници од Преспа. Според неговиот правилник, секој Преспанец може да биде негов член и да биде избран во раководните тела на друштвото. Исто така, во него може да членуваат и Македонци од други делови на Македонија, но без право на избор во управата.

Друштвото „Преспа” било организатор на „Деновите на македонската култура”, манифе- стација која денес не се одржува. Неговиот паричен фонд се збогатувал од доброволни прилози и организираните игранки, концерти и сл. Дел од собраните средства се давани на црквата Света Богородица, а дел и на црквата Свети Ѓорѓи Кратовски од Детроит.

Во друштвото „Преспа“, меѓу другите, активни биле: Мето Јанкуловски, Лазо Шалковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, Јонче Рајчов, Васил и Митре Василевски и други.

Покрај друштвото „Преспа”, доселениците од Љубојно се организирани и во свое селско друштво „Љубојно”, кое е основано во Детроит во 1992 година. Во Мичиген живеат повеќе околу 120 семејства од Љубојно, а ги има и во другите американски држави: Илиноис, Охајо, Калифорнија, Флорида, како и во Канада. Се претпоставува дека на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љубојно.

Друштвото “Љубојно” - Детроит. Покрај друштвото “Преспа”, доселениците од Љу­бој­но се организирани и во свое селско друштво “Љубојно”, кое е основано во 1992 година. Во градот Детроит и околните места живеат околу 120 семејства од Љубојно, а, исто та­ка, ги има и во други американски градови, на пример, во Чикаго, околу 20 се­мејства, потоа во Охајо, во Калифорнија и во Канада. Се претпоставува де­ка на овие простори на Северна Америка има околу 300 семејства од селото Љу­бојно. Посебна грижа друштвото води за селото Љубојно. Со негови сред­ства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти во селото.

Во друштвото „Љубојнобиле активни голем број љубанци, меѓу кои: Бошко Рајчовски, Јонче Рајчов, Љуба Пашариковска, Спиро Масларџиовски, Љупчо Василевски, Славе Шерденковски, Ратко     Милошевски,     Владе     Шерденковски, Мирослав Манивиловски, Бранко Ристовски-Грежловски, Вла-де Видиновски, Јосиф Шерденковски, Митре и Васил Василевски, Гоче Стефановски (Џајковски), Стојче Панчевски и многу други.

Друштвото „Љубојно“ води посебна грижа за селото Љубојно. Со негови средства се одржуваат црквите, гробиштата и други комунални објекти. Во 1993 година е спроведена посебна хуманитарна акција за собирање средства за купување на лекови за амбулантата во селото. Истата година произлезе и идејата да се соберат пари и за изградба на патот од селото до манастирот Свети Петар.

Друштвото   „Љубојно”   еднаш   годишно на празникот Свети Атанас (летен), на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која се одржувала во манастирот Свети Атанас. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а, исто така, се покануваат и љубанци од другите делови на Америка.

Организацијата „Обединети Македонци“ – Детроит.  Иницијатива за формирање ог­ранок на националната организација “Обединети Македонци” се роди на 16 ноември 1968 година во Торонто, а се реализира на состанокот одржан на  7 јуни 1969 година во Детроит. Овој огранок на организацијата “Обединети Ма­­кедонци” од Северна Америка е единствен кај македонските доселеници кој беше активен во САД.

Новата организација “Обединети Македонци”, пак, е формирана на 5 мај 2000 година, исто така, во Детроит. Таа е самостојна, но соработува со денеш­на­­­­та организација “Обединети Македонци” од Торонто. Целите на оваа орга­ни­зација се меѓу другото, да работи за националното единство на Ма­ке­донците каде би­ло во светот, без разлика на нивното религиозно верување, политичко ми­слење или член­ство.1cr1235 

Публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, е во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380. Во неа е даден животот и активностите на Македонците во САД и Канада за период од 100 години

Организацијата„ОбединетимакедонскиАмериканциодДетроит”(ОМАД), е формирана во март 2010 година. Во почетокот, целта на групата иселеници од сите делови на Македонија била да се обединат македонските цркви во областа на Детроит за снимањето на документарниот филм „Име си е име“. Денес, пак, со својата многузначна мисија и оригиналните, патриотски и благородни иницијативи, работејќи во интерес на македонскиот народ, оваа организација стекнува респектирано име и углед во државата Мичиген и пошироко во Соединетите Американски Држави. Во оваа организација меѓу најактивните љубанци се Мери Василевска со фамилијата и Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Оваа организација е непрофитна асоцијација. Таа креира, приредува и поддржува програми и активности од хуманитарен, образовен, социјален, културен и друг план, во интерес на обединувачкиот дух и прогрес на македонската заедница, со што се позиционира како значаен фактор на тие американски простори.

Продолжувајќи ја својата племенита мисија, организацијата „Обединети македонски Амери- канци од Детроит”, на 3 ноември 2012 година, ја организира својата трета годишна добротворна гала вечер насловена како „Гордост е да си Македонец“. Вечерта беше во организација на љубанците Бошко Рајчовски-Пелистерски, Мери Василевска и други членови. На оваа голема македонска вечер беа доделени награди и при-знанија за особени постигнувања и успеси на неколкумина истакнати Македонци и пријатели на Македонија во Соединетите Американски Држави.. Лауреати за 2012 година беа:

Господин Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, основач на компанијата ,,Мајкрофлекс” на Флорида, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Северна Америка, основач на хотелот „Сонце ГА”, „Жито Прилеп” и Женскиот ракометен клуб „Сонце” од Прилеп, како и основач на медиумите под капата на „Македонско сонце” (весник, телевизиски канал) и голем поддржувач и афирматор на македонското име и народ во етничка Македонија.( наградата за Атанасовски ја прими авторот на овие редови, Славе Катин, бидејќи славеникот присуствуваше на друго место во САД, каде се промовираше неговата Монографија).

Господин Методија А. Колоски, коосновач и претседател на „Обединетата македонска дијаспора”,експерт за меѓународни односи и голем борец за македонската кауза.

Господин Мијкал Симов, доктор по медицина за бронхоскопија и интервентна пулмологија во болницата „Хенри Форд” и автор на делото „Торокална ендоскопија-унапредување во интервентната пулмологија”.

Господин Џејсон Мико, почесен конзул на Република Македонија за Аризона и продуцент на филмот „Име си е име”, пак, е добитник на наградата „Пријател на Македонија”.

Исто така, oрганизацијата “Обединети македонски Американци од Детроит” со признанието ,,Ѕвезда што се издигнува” ги награди Џaстин Василевски и Аманда Костов - Босеоски, основачи на „Македонско - американското студентско здружение” при универзитетот ,,Дирборн” во Мичиген, а бea доделени и четири стипендии за студенти.

На добротворната гала вечер ,,Гордост е си Македонец”, имaшe многу музика, забава, лицитација

Продолжува

1slave 9 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.