|
|
ВИКТОР БИВЕЛ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈАОД ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД |
ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА Виктор Бивел е Австралијанецот од Сиднеј со македонско потекло од Егејска Македонија и е еден од најактивните во македонската дијаспора во период од повеќе од 25 години. Тој е доблесен Македонец кој својот живот го посветил на публицистиката, на пишаниот збор, на науката, на древните корени на македонскиот народ, особено од Егејска Македонија и на македонското иселеништво од етничка Македонија. Виктор е особено активен во борбата за заштита на основните човекови права на Македонците во Грција. Како резултат на неговите активности, Виктор услеа негирањето на македонскиот идентитет и потешкотиите со кои се соочуваат Македонците во Егејска Македонија да бидат за прв пат претставени на он-лаин конференцијата на „Меѓународната асоцијација на истражувачи на геноцидот“ (ИАГЦ), што ја организираше Универзитетот од Барцелона, Шпанија, од 19-23 јули 2021 година. Виктор Бивел на Конференцијата настапи со реферат насловен „Јазикот и негирањето на македонскиот етнички идентитет“, во кој, меѓу другото рече дека постои долга историја на владите, а особено на Грчката влада која користи различни средства за да го смени идентитетот на Македонците во нешто помалку македонско или немакедонско. Затоа неговиот труд се однесува на одбраната на геноцидот што се врши врз Македонците во Егејска Македонија. Притоа, тој особена нагласта стави врз извештајот на „Организацијата за заштита на човековите права“ (Human Rights Watch) од Соединетите Американски Држави од 1994 година, под наслов „Негирањето на етничкиот идентитет: на Македонците во Грција“, со што ја кажува вистината за негирањето на човековите права на Македонците во Егејска Македонија од страна на Грчката влада во период од повеќе од еден век. А тоа се прави се’ со цел да им се негира идентитетот на Македонците во Грција. Како резлтат на децениската репресија врз македонското население во Грција, во извештајот на „Организацијата за заштита на човекови права“ од 1994 година, беше истакнато дека „Грчката влада го негираше идентитетот на малцинството на етничките Македонци прекршувајќи ги меѓународните закони и договори за човекови права, а со таквите методите Грчката влада ги негираат македонскиот идентитет и култура на Македонците во Егејска Македонија“, е потенцирано во извештајот на Виктор Бивел. Исто така во извештајот се нагласува дека пости клима на страв во која многу Македонци се несмејат и се плашат отворено да го истакнат македонскиот идентитет или нивните сфаќања. Грчката влада не ги ословува етничките Македонци како „Македонци“, туку како „славофони Грци“, „словени“, „славомакедонци“. Исто така, се нагласува дека Грчката влада и нејзините институции ги променија македонските имиња на топонимите и на личните имиња од македонски во грчки, со што сите Македонци мораат да имаат грчки имиња. Притоа, на Македонците им се забрането да го изучуваат нивниот мајчин македонски јазик.
Деца прогонети од Грција Извечтајот прикажува и повеќе репресивни мерки, двојни стандарти и случаи на малтретирање на Македонците во поглед на политиката, религијата, вработувањето, културолошкото изразување, слободата на изразување, како и на активностите за човекови права. Речиси сите овие репресивни мерки важат и денес, тврди господин Бивел во својот реферат. Тој додава дека на сите владини новоа, на ниво на организации и индивидуалци има илјадници примери како Грчката влада, нејзините институции, нејзините поддржувачи и националистите од дијаспората го блокираат или се обидуваат да го блокираат изразувањето на македонскиот идентитет. Во излагањето на Виктор Бивел е нагласено дека „Западните сили истакнале дека Преспанскиот договор ќе стави крај на недоразбирањата помеѓу Грција и Македонија“. Но, од таа гледна точка мнозинството Македонци ширум светот сметаат дека Преспанскиот договор е недемократски и оти претставува неуспех. Се наведува дека и понатаму „грчките двојни стандарди останале“, бидејќи Македонците неможат да имаат држава наречена „Македонија“. Згора на тоа, како што стравува поголем број Македонци, зборовите за опис на нивниот идентитет, сега честопати се заменети со термините „северномакедонски“ и „северномакедонци. Вакви примери Македонците наведуваат дека ги има и во Австралија, која има голем број македонско иселеништво, но има уште поголем број грчко население обединети во многу поактивна грчка заедница од онаа на Македонците од етничка Македонија. Затоа Виктор Бивел во својот реферат заклучува дека време е да се стави крај на балканскиот мит, односно на идеите спроведени во 19-от и 20-от век, според кој народот што живеел во Македонија незнаел дека бил македонски и дека на овој народ му биле потребни странски политичари, експерти, академици, учени луѓе од други земји да му кажат кој е и што е тој народ?. Тоа, меѓу другото, го изнесе публицистот Виктор Бивел, кој важи за познат, признат и честит Австралијанец, кој во исто време е посветен на етничка Македонија, на македонската вистина и на Македонците ширум светот, во својот реферат на конференцијата на „Меѓународната асоцијација на истражувачи на геноцидот“ (ИАГЦ), што ја организираше Универзитетот од Барцелона, Шпанија, од 19-23 јули 2021 година. Зато, не случајно може да се каде дека има многу талентирани и вредни македонски активисти во Австралија што е мотив повеќе Македонија да не се сомнева дека македонското иселеништво на петтиот континент и насекаде во светот не само што е многубројна, туку е и многу гордо на своето македонско потекло и ја брани и се гордее со неговата огромна љубов и почит кон етничка Македонија. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |