Среда, 17 Ноември 2021   
ВО ТОРОНТО-КАНАДА ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛАТА „ВИДИНОВСКИ“ И „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

1ka121 1ka1213009

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Тотонто, Канада, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, на 14-ти ноември 2021 година, се одржаа промоции на делата „Семејството Видиновски“ и „Македонците во светот“ од авторот Славе Катин.

Луксузното монографско дело „Семејството Видиновски“ е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, а излезе од печат во 2020 година, Во него на 440 страници на македонски и на англиски јазик се дадени текстови кои се значаен прилот и придонес кон осветлување на голем број аспекти од историската и творечката вистина за иселениците Рада и Борис Видиноски од Торонто. Рецензенти на делото се проф. Д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Нада Николовска.

Заради Ковид 19, промоцијата се одржа во присуство на одреден број македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од канадското општество во Катедралната македонска православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Овој културен настан го отвори Владе Димитриевски, претседател на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, За монографијата зборуваше Соња Лозановска, познат естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто.

Во своето излагања Сонја Лозановска се осврнаа на   животот и делото на позната поетеса Рада Видиновска и нејзиниот сопруг, бизнисменот Борче Видиновски, како и за  нивното семејството во Канада и Македонија, кое претставува интересна  страница од мозаикот на македонскиот иселенички  летопис  во Торонто, Канада, но и во пошироките  простори   на северноамериканскиот континент. Во делото се презентирани голем број текстови за историјата на Рада, како и документи, фотографии и други материјали со што  монографијата претставува приказ на поетскиот живот и дело, како и историја на Рада и Борче Видиновски и нивните идни генерации. 

Исто така, таа  изнесе дека Рада и Борче Видиновски се почитувани и горди Македонци. Тие се познати, доблесни имиња, активисти и поети, кои со својот ангажман, со нивната активност во Македонската заедница во Торнто, оставаат достоинствени пораки за времињата идни и за генерациите следни. Тие пленат со нивното родољубие и силна посветеност за афирмација на  македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултикултурна Канада. 

1ka121112Рада Видиновска, Драгица Димовска, Славе Катин и Соња Лозановска

Животната приказна на семејството Видиновски е, истовремено, е и скромен дел од историјата на неговото Крстоар, Битолско, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на нивната татковина – Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски,  преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд на Славе Катин за доблесното семејство Видиновски во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.        

Семејството Видиновски од селото Крстоар ја напуштило својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Борис (Борче) и Рада Видиновски, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори. 

Семејството Видиновски е дел од многуте печалбари од подпелистерските краишта, за кои судбината  била сурова и оставила вековни последици и лузни врз животот на иселениците. Во таа печалбарска сага, секако свое посебно место има нивното родно село Крстоар кое е тесно поврзано со историскиот и општествениот развој на Македонија и македонскиот народ и со иселеништвото во целина.

Во продолжение, естрадниот уметник Соња Лозановска нагласи дека кога се пишува за Рада Видиновска може да се каже дека за неа поезијата, всушност, е нејзин живот. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Затоа поетските дела што таа ги напишала претставуваат убав пример и патоказ на една честита и трудољубива канадска Македонка, на која татковините ѝ се и радост и тага и восхит. Во Канада, Рада Видиновска стана македонски иселенички писател, поет, есеист, раскажувач и автор на 14 стихозбирки.

Монографското дело „Семејството Видиновски“ е поделена на неколку дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и земјата на нивниот животен пристан - Канада. Во Канада се пет децении, но се чести гости и во Крстоар и во Охрид, каде имаат киќа и стан за одмор и рекреација. Претставени се нивните родни места селата Крстоар и Живојно, за кои се објавени сите релевантни податоци во текот на нивното постоење. Исто така, се претставени значајните личности, со посебна нагласка на црковно-духовните центри од двете села.

Исто така, монографијата е посветена на поетското творештво на Рада Видиновска. Така, сите четиринаесет поетски дела што ги напиша Рада Видиновска претставуваат убав пример за една трудољубива иселеничка.

Поетските дела на Рада Видиновска се промовирани на многу места во Република Македонија и на северноамериканскиот континент. Тоа придонело таа да е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година, а, исто така,  и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.      

На крајот од излагањето Соња Лозановска рече дека може да се заклучи дека монографското дело „Семејството Видиновски“ на авторот Славе Катине е публикација која отсликува дел од животната приказна за Борче и Рада. Таа претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада Видиновски. Нивната  судбината е слична или идентична со судбините на голем број други иселеници од етничка Македонија кои „свиле нови гнезда“ насекаде во светот, но останале да бидат чувари на македонското име и на Македонија. Тоа се потврди и со излагањето на Горица Поповска и во песните „Болка“ и „Ја победив болката“, од Рада Видиновска,  што ги рецитираше Зоран Карапанчев.

Второто дело на Славе Катин, публикацијата „Македонците во Светот“, кое е  издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата на познатиот иселеник „Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски“ од Прилеп. Промотор на ова интерсно дело за македонското иселеништво беше Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, 

Во своето излагање Драгица Димовска рече дека делото „Македонците во Светот“ од Слааве Катин претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот. Тоа е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија, Австралија и во други земју и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Публикацијата  е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик, чии рецензенти се:  Д-р. Лефтер Манче од Канада,  Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија. 

1ka121112c1Борче, Рада, Драгица, Славе, Соња и Владе

Во оваа публикација, авторот Славе Катин открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот начин на живеење им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Исто така, Драгица Димовска истакна дека публикацијата „Македонците во светот“ на Славе Катин е негово 59. дело, почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес.Тој е автор на дваесеттина дела со името Македонија, дваесеттина монографиии за познати и признати личности во иселеништвото и во Македонија, како и на десеттина лексикографски изданија

Книгата „Македонците во светот“ на Славе Катин е дело кое заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката научно–културна јавност, а и од секој Македонец во дијаспората и во Татковината. Во овој период и во иднина, трудот ќе претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

1ka121112s1 Пишува: СОЊА ЛОЗАНОВСКА

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.