Среда, 08 Декември 2021   
ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

1dusВо организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада, на 05-ти декември 2021 година, се одржаа промоции на делата „Ченто“,   „Творештвото на Славе Катин“ и „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски-Македон од Сиднеј, Австралија. Овој културен наста го отвори Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, а за делата зборуваа: Проф. Филип Ангелковски, Славе Катин и Зоран Карапанчев.

Заради Ковид 19, промоцијата се одржа во присуство на одреден број македонски иселеници од сите делови на Македонија, членови на Друштвото и гости од канадското општество во салата на Катедралната македонска православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Публикацијата „Ченто“ од Душан Ристевски-Македон е оппечатена на македонски и англиски јазик, а е посветена на македонскиот национален  борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов - Ченто, кој се именува и како прв претседател на Македонија, првата слободна македонска држава..Таа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова од Скопје, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов, од Канада.

На промоцијата на монодрамското дело Ченто“, Славе Катин потенцираше дека  во изминатиот период од триесетина години, Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираат интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи која успеа да ја отпечати публикацијата Ченто“ и да ја претстави пред публиката е „Австралиско-македонскиот театар“ од Сиднеј. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмските, сценските, театарските продукции и творештвото.

Издавач на монодрамата „Ченто“ е „Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко во Австралија како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, чиј прв претседател беше токму Душан Ристевски.

Монографското дело Творештвото на Славе Катин од Душан Ристевски – Македон, пак, беше промовирано од проф. Филип Ангелковски, познат и признат активист во македонската заедница во Канада и долгогодишен диригент на „Црковниот хор“ во црквата „Свети Климент Охридски“. Во своето излагање тој се осврна на ликот и делото на Славе Катин, кој во делото на Ристевски е застапен со неговите шеесет публикации. 

1dus2  1dus3

Меѓу другото, Ангелковски рече дека оваа јубилејна публикација, отпечатена по повод 80-от роденден на Славе Катин, е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Таа е отпечатена на 400 страници, на македонски и на англиски јазик, чиј рецензенти се проф, д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Александар Донски.

Авторот Душан Ристевски – Македон пишува дека македонското иселеништво е „алфа и омега“ за творештвото на  Славе Катин, т.е. македонските иселеници се една од главните теми во неговиот творечки опус. Со тоа усеал да не се прекине  врската помеѓу македонските  иселеници ширум светот и родната земја етничка  Македонија како земја од каде потекнуваат иселениците или нивните предци. 

Истовремено, преку неговите дела, Славе Катин ја запознава и јавноста во Македонија со животот и дејноста на македонските сонародници во дијаспората, со што практично неговиот творечкиот опус посветен на иселеништвото претставува траен мост помеѓу Македонците од дијаспората и народот во нивната некогашна татковина Македонија. Затоа со право се вели дека Славе Катин е еден од најдобрите познавачи на македонската дијаспора. 

Монографско дело Творештвото на Славе Катин започнува со првиот дел кој е насловен како „Македонско иселеништво“. Во него се претставени шеснаесет негови дела во кои педантно и со сите најважни податоци се посветени на повеќе сегменти од општествениот живот на македонското иселеништво. Вториот дел од книгата е именуван како „Црковното живеење“ и во него се опфатени девет негови публикации  кои содржат богати податоци за црковно-националниот живот на македонските иселеници и други сегменти кои, на еден или друг начин, се поврзани со религијата.

Третиот дел од книгата е насловен како „Лексикографски изданија“ и во него се застапени девет англиско-македонски речници за возрасни со различни содржини и тоа: лимнолошки, библиски, ветеринарен, биотехнички и други. Четвртиот дел од книгата е посветен на историските изданија и истиот е насловен како „Публикации со историска содржина“, во кој се објавени текстови за книги како самостоен автор или како коавтор. Петтиот и последен дел од книгата носи наслов „Монографии“ и во него се застапени деветнаесет дела кои се посветени, главно на  истакнати личности од македонското иселеништво, како и познати и признати личности од севкупниото живеење во Република Македонија.

Исто така и драмското дело  „Последниот Македонец“, дело на познатиот драмски писател Душан Ристевски-Македон беше промовирана од Зоран Карапанчев, познат и признат активист во македонската заедница во Торонто. Тој, меѓу другото рече дека публикацијата  „Последниот Македонец“ е издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, ракописсо кој се потврдува нараснатиот научен интерес за пристап кон театарската уметност и кон историјата на македонскиот народ и Македонија, кој има посебно место кај иселениците од етничка Македонија, раселени по светот, особено на петтиот континент - Австралија. Ова дело се  осврнува на судбината, вистината и на историскиот развоен континуитет на македонскиот народ од етничка Македонија.

Драмскиот текст „Последниот Македонец” се јавува во овие немирни и судбоносни времиња за Република Македонија.. И како резултат на овие тешки историски моменти за Република Македонија, за Македонците во етничка Македонија, како и за македонското иселеништво ширум светот се случуваат различни дејствија. Секако, за историско одбележување додека сето ова се случува во Република Македонија, треба да се одбележи дека во Сиднеј, Австралија се прикажува истоименото драмско остварување „Последниот Македонец” од драматургот, писателот, новинарот, публицистот и доблесниот патриот Душан Ристевски-Макед со врвните многубројни артисти од Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј.

Инаку, Душан Ристевски - Македон е познато име, поет, драматург и афирматор на Македонците во Австралија. Автор е на шест стихозбирки, шеснаесет драми и монодрами (сите изведени од „Македонскиот театар“ од Сиднеј), а неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија и Америка. Исто така, тој е основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” (1978), на списанието „Повод” (1978), на Австралиско-македонското добротворно друштво (1982) и на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј. Затоа, се смета дека Душан Ристевски - Македон е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија.

Душан Ристевски е роден на 22 февруари 1954 година во Битола, градот на конзулите. Од 1973 година живее и работи во Сиднеј, Австралија. Завршил Виша социјална школа во 1985 година, дипломирал на Факултетот по социологија во 1991 година и во 1996 година магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј. М-р Душан Ристевски е личност која е на распетието меѓу родната земја Македонија и втората татковина – Австралија. Затоа, патот од Сиднеј до Скопје и назад го поминал повеќе пати. Речиси секоја година доаѓа во Македонија, во Скопје, во Битола, во Буково... 

М-р Душан Риатевски -Македон се доселил во Австралија - една од најразвиените ин­дус­триски и економски сили која има значајна улога во светот. Австралиската нација, која на картата на светот постои околу 250 години, а која е составена од ­многу нации и етнички групи, претставува пример за многу на­роди и земји. Етничките групи со своето заедничко жи­веење го градат познатиот австралиски мул­ти­на­ционален мозаик на културите на народите што жи­веат на петтиот континент.

1dus89Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.