Среда, 20 Април 2022   
БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ И НЕГОВИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ИЗБЛИК (13)

1bos21

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Уште од раните свои училишни години, уште во неговото родно Љубојно, Бошко Рајчовски почнува да реди стихови како член на литературната дружина, каде посебно доаѓа до израз неговата дарба по перо меѓу своите врсници.

Љубовта кон книгата, кон перото и пишувањето не го напуштија.Иако беше со многу обврски и со постојан ангажман на работното место во автомобилскиот гигант Крајслер,  сепак тој ниту во еден момент не можеше без својата љубов голема, без својата поезија, без своите песни. Писувањето песни на работа го хранеше. Таму, меѓу машините, ги распостилаше своите креативни импулси и литературни пориви.Пред него постојано му се вртеше ликот на покојниот љубански поет Наум Манивилов-Преспански. Тој, веројатно му беше идолот, што Бошко го следеше неговиот  пат во поезијата.

Следејќи ги хронолошки поетски бликови на Бошко Рајчовски- Пелистерски изгледаат вака: Првата стихозбирка што ја објавува во Детроит во 1970 година е насловена како “Дамари “ и е во коавторство со Јосиф Гржловски-Ганде.Таа е поетско остварување со скромни амбиции, но е една од првите стихозбирки што македонците ги отпечатиле на македонски јазик во прекуокеанските земји. Стихозбирката “Дамари” содржи 17 песни со изблив на силни патериотски чувства, со љубов кон убавото, кон татковината, Македонија…

Врутокот на неговиот творечки израз набргу ја донесува и втората книга  “Блиски сводови” која излегува од печат во издание на  “Современост” од Скопје, Македонија, во 1972 година. Таа е посветена на татко му Мијал. Таа содржи 22 песни.

Меѓутоа, литературниот “поход” на Бошко, се чини дека е највпечатлив и со неизбришливи траги втиснат во  збирката  “Тој не се врати” издадена од скопската издавачка куќа   “Штрк”  во 2 000 година. Рецензијата за  “Тој не се врати” на Бошково   задоволство и на  задоволство на читателската публика ја  напиша едно од  најазначајните пера на  македонската литература на сите времиња, поетот, професорот, дипломатот, д-р Гане Тодоровски. За оваа своја збирка, Рајчовски, Пелистерски ја добива и престижната иселеничка награда  Македонска веда.

1bos212

На овој носталгичен, на овој толку чувствителен љубанчанец, песната му е одишка на душата, стихот му е и блик на радоста и починок од таговните турбуленции. Тој на еден негов самосвоен начин ја опејува и преселничката сага, и носталгијата за родниот крај и својата прататковина, и животните врвици и блесоци во новата, неговата втора татковина, ја опејува љубовта, убавините, среќата, најблиските, патриотите....

Стихозбирката  насловена „Раѓање“ на Бошко Рајчовски-Пелистерски е најновото поетско дело  кое сошржи  четириесеттина песни. Во него уште  на почетокот се вели дека страниците аманети и пораки во стихозбирката  ,,Раѓање,, се посветени на стоте години од раѓањето на великанот,  доајенот, академикот, кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески, затоа и стихозбирката започнува со песната „Тешкото“. Тоа е во издание на „Македонска искра“ од Скопје, во 2021 година, чиј рецензенти се Фиданка Танаскова и Славе Катин. 

Во продолќение во стихозбирката   „Раѓање“  следи песната „Тешкото“, инспириран од силината на пораките и речта на стиховите од великанот Блаже Конески, кој ја остави како аманет на генерациите и на иднината, големата вистина, дека јазикот ни е татковината, значи, Бошко, не случајно рекол, дека неговата песна „Тешкото“ е една капка во океанот, крај толку моќната поетска симфонија на Конески.

Стихозбирката „Раѓање“ на Бошко Рајчовски – Пелистерски е сведоштво за неговиот живот и неговиот став кон татковината Македонија, кон иселеништвото, кон неговиот живот кој е позитивен, ведар и инспиративен од љубовта и пошитта на двете татковини, Македонија и САД.. Тој има реалистичен стил на пишување и мислата на читателите им дава искрен, пријатен и смирувачки тон полн со топлина кон поезијата и кон читателите.

Инаку, авторот на стихозбирката „Раѓање“ Бошко Рајчовски-Пелистерски е познат и признат иселеник, новинар, поет и општественик во македонското иселеништво. Тој е роден во 1945 година во печалбарското Љубојно во Преспа, каде го заврши осумгодишното училиште. Потоа, како ученик во Економското училиште во Битола во 1964 година заминува за Детроит, САД, а денес   живее на Флорида.

Не случајно учествува на светски угледната културна манифестација Струшките вечери на поезијата. Незаборавни се впечатоците, контактите, поминот и се заедно на оваа престжна и една од најстарите интернационални манифестации во Република Македонија. Таму, рамо до рамо што би се рекло со најпознатите поетски имиња од светските меридијани, беше и Бошко Пелистерски-Пелистерски, кој го сврте вниманието  со неговите стихови преполни и препознатливи со чувства, со мисла родољубиви пораки, со носталгични  рефрени, со длабоки корени.

1bos213

Бошко Рајчовски-Пелистерски е и прв член на Друштвото на писателите на Македонија од иселениците, а за стихозбирката „Тој не се врати“, ја доби наградата „Македонска веда“, признание на Матицата на иселениците од Македонија. Тој настапувал четири пати на Струшките вечери на поезијата на ,„Мостови“.

Во аналите на иселеничката информативна дејност е запишано дека Бошко е легендата на радио часот „Оро македонско“ во Детроит, кој започнал да работи во 1972 година и се емитува секоја недела по еден час во Детроит и Чикаго. Исто така, во април 1977 година, тој го започна својот ТВ час под името „Македонско ТВ-шоу“. И радио часот и ТВ-емисијата на Рајчовски беа вистински афирматори на македонската и пошироко на балканската вистина и музички достигнувања. Секако, тие беа прилика и можност за афирмација на новинарските способности на Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Инаку, радио часот „Оро македонско“ во минатото и денес е лозинка, еден вид мост меѓу иселениците од старата и новата татковина со блокот вести и информации за настаните во родната македонска земја. Преку овој радио час македонскиот јазик и песна се слушаат на сите простори во Детроит и пошироко

Радио часот „Оро македонско“ ја прослави својата 50-годишнина, што главниот уредник Бошко Рајчовски-Пелистерски лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема - се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај, во Македонија.

Со неговата активност и посветеност  да се афирмира духовниот живот и православието,  и тој е еден од иницијаторите  за формирањето на  Македонската  православна црква ,,Света Богородица,, во Детроит,  која е  една од најголемите и најубави духовни  храмови на Северно-американскиот континент.

Љубанските  иселенички  илинденски  средби, заедно со Фолк фест Преспа,  наидоа на голем одѕив  не само во Републиката,  туку и среде иселеништвото, благодарение на ангажираноста,  посветеноста и организирањето на Рајчовски. Овие  манифестации, на најубав начин се отсликани за да останат како траен белег за Љубојно, за Преспа и за Република Македонија.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.