Среда, 27 Април 2022   
БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ И НЕГОВAТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ИСЕЛЕНИШТВОТО (14)

1sve1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“

ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Бошко Рајчовски-Пелистерски е познат и признат иселеник, новинар, поет и општественик во македонското иселеништво. Тој е уредник и водител на програмата „Оро македонско“. Тој е роден во 1945 година во печалбарското Љубојно во Долна Преспа, каде го заврши осумгодишното училиште. Потоа, како ученик во Економското училиште во градот на конзулите Битола во 1964 година заминува за Детроит, САД, а денес   живее на Флорида.

Во аналите на иселеничката информативна дејност е запишано дека Бошко е легендата на радио часот „Оро македонско“ во Детроит, кој започнал да работи во 1972 година и се емитува секоја недела по еден час во Детроит и Чикаго. Исто така, во април 1977 година, тој го започна својот ТВ час под името „Македонско ТВ-шоу“. И ТВ-емисијата и радио часот на Рајчовски беа и се вистински афирматори на македонската и пошироко на балканската вистина и музички достигнувања. Секако, тие беа и се прилика и можност за афирмација на новинарските способности на Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Инаку, радио часот „Оро македонско“ во минатото и денес е лозинка, еден вид мост меѓу иселениците од старата и новата татковина со блокот вести и информации за настаните во родната македонска земја. Преку овој радио час македонскиот јазик и песна се слушаат на сите простори во Детроит и пошироко

Со неговата активност и посветеност  да се афирмира духовниот живот и православието,  и тој е еден од иницијаторите  за формирањето на  Македонската  православна црква „Света Богородица“ во Детроит,  која е  една од најголемите и најубави духовни  храмови на Северно-американскиот континент.

1sve13

За животот и делото на Бошко Рајчовски-Пелистерски, авторот на овие продолженија во порталот „Македонска нација“, Славе Катин го подготви неговото автобиографско дело кое е печатено двојазично - на македонски и на англиски јазик. Оваа монографија,, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко.

Бошко Рајчовски-Пелистерски е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прослави својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеа како многу важен овој радио јубилеј. Програмата има стандардна шема - се емитува секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во период кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку слушањето радио да се пренесат со мислите во родниот крај

Монографијата „Бошко Рајчовски – Пелистерски“ излезе во издание на реномираната издавачка куќа „Македонска искра“ од Скопје, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола. Ова дело е презентер на голем број аспекти поврзани со дијаспората, со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата, како и со животот на Бошко Рајчовски-Пелистерски, но и на низа други аспекти.

За ова многу темелно и луксузно биографско издание кое е отпечатено во боја, и содржи повеќе од 250 страници, рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје,  примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

Ова значајно автобиографско дело, за првпат е печатено двојазично - на македонски и на англиски јазик, новинарката Фиданка Танаскова ќе напише дека, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко Рајчовски-Пелистерски.

1sve14

Дел од „Љубанските средби кај Воденицата“

Тоа е значајно постигнување на Славе Катин во неговата истражувачка работа за македонското иселеништво. Животната приказна за љубанчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски,  е своевиден биографски блик, се потпира на фактографија која извира од  многудеценискиот животек, од вруточниот животен опус на Македонците во дијаспората, со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија.

Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот период во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно.

Тој е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско перо и македонски родољуб. Затоа, со право може да се рече дека ова дело на Славе Катин, е траен документ и вистинско сведоштво кое го овековечува богатиот личен и семен летопис на познатото семејство чии корени се од Љубојно-Преспа, а кои се рашириле и во Соединетите Американски Држави.

Монографијата е посветена на 50-годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело е поделено на 5 глави (чаптери) во кои се опфаќа родната земја Македонија, потоа втората татковина – Соединетите Американски Држави, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и  лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на  нивните корени на неговото родно село Љубојно – Преспа, на САД, на македонскиот радиочас „Оро македонско“ од Детроит, на неговото литературно творештво и трите стихозбирки.

Делото „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ е поткрепено со огромен број факти, цитати и докази, кои фрлаат светлина врз   низа аспекти не само на поетскиот и немирен дух на Бошко, туку и на  македонскиот народ од Преспа, од Детроит. Делото претставува интересно четиво и сончева светлина за оние кои сакаат изворно да се запознаат со животната приказна на иселеникот Бошко Пелистерски, на Љубојно, Преспа, Македонија, Соединетите Американски Држави.

Монографијата која е насловена „Илинден во Љубојно и Преспа“ е издание на„Македонска искра“ од Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, отпечатена во 2013 година, на 320 страници на македонски и на англиски јазик.  чиј автори се Славе Катин и Бошко Рајчовски – Пелистерски од САД. Делото е посветено  на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми и дилеми поврзани со Љубојно и етничка Преспа

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ е сведок на судбини на Љубојно, на Преспа, на Македонија. Во делото е изразена силната љубов кон родната земја, особено на оние кои го напуштиле родното дедовско огниште, но се поврзани по семејна или друга врска со тој убав, борбен, патриотски и значаен дел на етничка Македонија.

Делото претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештво. Таа е огледало и свидетелство на убавиот збор и откривање на судбината на печалбарскиот крај Преспа. Монографијата е документ за голем број луѓе, настани, појави, интелектуалци или вљубеници во дедовскиот крај, во Преспа. Всушност, тоа е дело особено за настаните во овој крај по повод „40-те Љубански илинденски иселенички средби“ и „Фолк – фест Преспа 2013“ кои се одржаа токму на ден Илинден во Љубојно.

Исто така, во оваа монографија се презентирани преспани кои живеат насекаде по светот, како и голем број факсимили од различни текстови и фотографии кои ја збогатуваат содржината на делото.

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, на Славе Катин и на Бошко Пелистерски со сета скромност е огледало за начинот на комуницирањето, особено на иселениците во дијаспората, а преку нив и за нивниот живот и дело што ќе останат вечни и поттик за идните генерации да не ги забораваат трагите на вистината за Љубојно, за Преспа, за Македонија.

Во монографијата се вели дека да се пишува за минатото и сегашноста за Љубојно, за Долна Преспа, за Македонците од поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место најголемиот и најзначајниот дел од една историска вистина и судбина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот.

Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, особено во историјата на Долна Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година Македонија се конституира во држава, во лицето на Народна Република Македонија.

Крај

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.