|
|
СУДБИНАТА И ВИСТИНА ЗА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (3) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН Кога се пишува за мрачен дел од историскиот развој на Евреите во Македонија треба да се каже дека тоа има една друга димензија. Имено, судбината се поиграла со Евреите во април 1941 година, кога бугарската војска, која била сојузник на Силите на оската, навлегла во Македонија и окупирала голем дел од територијата. Така, на 4 октомври 1941 година, Бугарите вовеле закон со кој меѓу другото им забраниле на Евреите да бидат на каков било начин вмешани во општеството. Малку подоцна, Бугарите ги собрале речиси сите Евреи од Битола и ги преместувале во посиромашни и помизерни делови за живеење. Наскоро, во 1942 година, Бугарите во Македонија и Егејска Македонија (северна Грција) започнале со депортирање на Евреите. Во ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, биле уапсени сите Евреи во Македонија и затворени во Монополот, во Скопје, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски фашистички окупаторски власти, биле уапсени 7.144 Евреи, потоа транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што биле егзекутирани. Во спомен и сеќавање на погубените Евреи, во Скопје е изграден Музејот на холокаустот, кој по музеите во Ерусалим и Вашингтон е трет музеј во светот и прв во Европа посветен на жртвите на холокаустот. Во оваа пригода сакаме да потенцираме дека. како македонски Канаѓани, или како канадски Македонци сме патувале во многу места во светот. Сме виделе и сме истражиле многу земји, нивните истории, култури, народите и нивните религии, политиките и сите аспекти од нивниот живот. Во текот на нашите патувања и посети на над педесет земји, научивме многу од нивните народи, култури, истории од секоја земја поединечно. Многу од земјите треба посебно да се почитуваат, некои не‘ импресионираа повеќе, некои помалку, а ни една земја во светот не’ не восхити со своите постигнувања како што тоа го направи Израел и еврејскиот народ. Инаку, според некои непотврдени информации и прабабата Кира на Славе Катин имала еврејско потекло и поради тогашните состојби на Евреите во Грција пребегала од Солун во селото Нивици, во Преспа.. Потоа се омажила за Ристо Грпчев во Наколец во Преспа, каде ја родила ќерката Ката, која се омажила за Алексо Грежлов во Љубојно, а по која авторот на овие текстови, нејзиниот внук од ќерката Сандра, Славе Николовски (Грежловски) го носи надимакот Катин. Во исто време да се патува по „Светата земја“ е голем предизвик, зашто таквото патување е повеќе од секое друго; таму се патува низ библиската земја, во земјата на пророците и патријарсите, низ земјата на царевите, земјата на апостолите… Да се чекори по земјата на Христовото детство, по бреговите на реката Јордан, на Галилејското Езеро и на Мртвото Море, по земјата осветена од Исуса Христа е ретко доживување за секој христијанин, за секој човек без разлика на неговите религиски убедувања и верувања. Прв пат, но не последен го посетивме Израел во 2001 година, а спомените ни се враќаат постојано и многу пати од тогаш до денес. Сме имале средби, другарувања и разговори со голем број Евреи не само во Израел туку и ширум светот. Затоа увидовме некои посебности во убавината на двете земји и народи, а во исто време огромни сличности во нивните судбини, минато, сегашност и иднина, како и предизвиците со кои тие се борат со текот на вековите. Што е тоа и зошто Израел напредува многу повеќе во споредба со Македонија, во многу аспекти од животот; на економски план, во религијата, културата, земјоделството, армијата, соседството, дијаспората... Тие беа прашањата кои не‘ заинтригираа, а кои се обидовме да ги елаборираме во ова дело. Сакавме да видиме како Израел ги решава прашањата и проблемите, слични на оние што Македонија се соочува денес. Како и што треба да се учи од Израел и еврејскиот народ, што би помогнало на Македонија и македонскиот народ за подобрување на иднината на државата, нејзината економија и живот во целина? Исто така, преку репортерските записи од патувањата по „Светата земја“ во кои се дадени бројни податоци, нашата цел во ова дело е да ги запознаеме Македонците во Татковината и во дијаспората со историскиот развој на Израел, периодот на Исус Христос, со јудаизмот и христијанството, како и со вистината за Израел и Евреите. Од друга страна, пак, нашите намери се на Евреите да им презентираме дел од историските факти за Македонија и македонскиот народ од времето на Филип и Александар Македонски до денес. Потоа, нашата цел е да го прикажеме историскиот развој на Македонската православна црква, на Македонците во соседните земји и во дијаспората, на Евреите во Македонија, со што читателот ќе може да добие поцелосна слика за судбината и вистината на македонскиот народ и на Македонија Од нивното тело, значи, се издвоиле главните светски религии. Тие се, за жал, први меѓу најпроколнатите, најмасакрираните, најраселуваните и најистребуваните народи на Земјината топка. Антисемитизмот со векови е жива филозофија, а и денес опстојува во арапскиот свет. Иран и други милитантни исламисти сонуваат да ја збришат еврејската држава од светските мапи. За своето парче земја, значи и денес Евреите стравуваат и одвреме-навреме војуваат, па, сепак, никогаш не се доведува во прашање нивниот идентитет. Зашто, идентитетот не е ниту закопан во земјата, за да мора да се откопува, ниту, пак, треба да се бара во светите книги, во Тората, Коранот, Библијата, во стотиците камени гробови на царевите и благородниците погребани во подножјето на Маслиновата Гора На почетокот од минатиот век, Евреите од Јафа, старото утврдување на морето, поради честите конфликти со Арапите со кои живееле, решиле да излезат од стариот град и крај брегот почнале да го градат Тел Авив. Денес Тел Авив е административен центар на Израел. Таму се наоѓаат сите странски амбасади, но, сепак, Тел Авив не е главниот град на светата држава Израел. Сетот (со исклучок на САД) не го признава Ерусалим за престолнина на Израел, иако таму е Кнесетот, израелскиот Парламент, Владата и клучните министерства. Најмоќните земји светиот град го сметаат за спорен, зашто Арапите имаат претензии кон Источен Ерусалим, каде што се мнозинство. Но Евреите немаат проблем со таквиот однос на Запад. Се плашат само доколку загубат дел од териториите каде што сега се Палестинците, да речеме Западниот брег, кој е под нивна окупација, може да им биде загрозена државата. За идентитетот не се плашат. Продолжува Пишува Славе Катин |