Среда, 01 Јуни 2022   
ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ДАНА СКЕНДОВА - СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО (1)

1kni1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност,  дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на  нејзиното семејство. Тоа е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2015 година, на 220 страници, на англиски и македонски јазик, а го прведе и подготви за печат Славе Катин. 

Во вовеведот на монографијата, меѓу другото, се вели декаживотната приказна на семејството Скендови започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други  кои се бореле и ден-денес се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња.

Животот на Дана Скендова-Скотланд, пак, започнал во Битола во 1944 година, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1952 година заедно со родителите да замине во Канада каде што живее и денес. Од родната Македонија таа го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа каде и да живее, на кој и да е дел на земјата.

Нема поблагородна работа од чувството да се осветли историската вистина за едно семејство, за една Македонка и нејзиното поколение како што е Дана Скендова-Скот ланд. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Скендови и на Дана ја откриваат сликата за судбината на Македонците од библлиска Македонија, особено за прогонетите од своите дедовски огништа, од егејскиот дел на Македонија.

Судбината на семејството Скендови била да ја напушти Македонија во немир- ните времиња исполнети со прогони, не правди, страв и сè она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ги однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се преселат и да го почнат својот живот во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, нивната втора татковина, тоа остана доследно на својата вековна македонска на- ционална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Со право може да се каже дека членовите на семејството Скендови се големи приврзаници и почитувачи на нивната втора татковина – демократска Канада и родната Македонија, затоа без сомнение може да се потенцира дека семејството претставува еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Сето тоа се потврдува со зборовите на Дана дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува и негува семејните оби- чаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки, со цел да остави трајни белези за идните гене- рации, кои треба да ги продолжат древни- те македонски вредности.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд , истовремено, е еден вид сторија и историска вистина за Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Со оваа автобиографија за нејзиниот живо- тен пат, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа значењето на оваа автобиографија ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија. Иселеничката приказна за Дана и за нејзиното семејство Скендови е и иста и единствена и слична и идентична и различна со судбин ските патешествија на бројни Македонци кои талкаат по светот.

Инаку, автобиографијата на Дана Скендова - Скотланд, претставува огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како и дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во крат ки црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

 

1kni13

Во оваа книга е даден дел од сликата за Дана и нејзиното семејство Скендови, младото поколение, нејзиниот сопруг Блер Скотланд, нивната животна приказна и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања на секој план. Во автобиографското дело, на многу интересен, наративен начин, на англиски и на македонски јазик се презентирани историскиот, животниот, се- мејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на Дана Скендова - Скотланд.

Таа, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во ма- кедонското духовно живеење и македонската заедница. Истовремено со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната во македонската заедница во Торонто, особено преку Лите ратурното друштво „Браќа Миладиновци“ што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Во автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд се прави обид да се фрли светлина врз нејзиниот животен пат. Трудот е компониран во неколку дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Во делото се поместени голем број фотографии и други материјали кои треба да придонесат за поцелосно запознавање на нејзината многустрана значајна личност. Дана прави обид да ги прикаже позначајните моменти од нејзиниот живот и дело на еден наративен начин со обични раскажувачки манири.

За авторот на овие редови. Славе Катин од посебно значење е и еден друг факт. Тоа е познан- ството, пријателскиот однос и добрите релации на нашите родители од пред педесетина години до денес. Затоа и мојата лична благодарност кон Дана и нејзиното семејство за укажаното внимание и чест да ја уредам, преведам и отпечатам оваа значајна автобиографија, дело со дел од интересната животна сторија на Дана Скендова-Скотланд и нејзиното семејство, која се чита во еден здив.

Затоа со задоволство на сите читатели ја препорачувам Автобиографијата на Дана Скендова-Скотланд, бидејќи книгата не е само откинат дел од вистината за нејзиниот живот и постигнувања, туку таа е и збир на факти, искажувања и придонес на авторката кон пишаниот збор. Притоа, пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги забораваат корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на љубовта кон родниот крај, дедовските корени, јазик, црква, култура, обичај, верувања, со што ќе бидат чувари на македонската вистина и дедовската земја Македонија.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.