Вторник, 05 Јули 2022   
Попис во Австралија: Македонскиот јазик најзборуван источноевропски јазик во државата

1omd1

На или околу 10 август 2021 година, над 25 милиони луѓе во Австралија го завршија Пописот на населението и домување предводено од страна на Австралиското биро за статистика.

Меѓу другото, податоците од Пописот ги демонстрираат мноштвото култури и јазици кои ја сочинуваат Австралија преку обезбедување разновидни податоци како што се: земјата на раѓање, потеклото, јазиците што се користат дома и религиозната припадност. Овие податоци се позначајни од кога и да било, бидејќи COVID-19 пандемијата покажува колку е важно луѓето од различно културно и јазично потекло да имаат соодветни ресурси и пристап до информации за зачувување на својата придпадност.

Првичните резултати од тој Попис кои се однесуваат на клучните податоци за населението беа објавени на 28 јуни 2022 година. Подолу е слика од тие податоци што се однесуваат на македонската заедница во Австралија:

1.       Земја на раѓање

За прв пат, податоците покажаа дека повеќе од половина од сите жители на Австралија (51,5%) се родени во странство или имаат родител родени во странство.

Податоците од Пописот покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.

Овие бројки се маргинално зголемени од последниот австралиски попис во 2016 година, каде што вкупно 38.985 лица пријавиле дека се родени во Македонија.

2.       Потекло

Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.

Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 (44,4%) од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 (39,3%) живеат во Нов Јужен Велс.

3.       Јазик што се зборува дома

Податоците покажуваат дека Австралија продолжува да биде културно и јазично разновидна земја која има собрано информации за над 250 видови на потекла и 350 јазици што се зборуваат во Австралија.

Вкупно 66.173 лица го зборуваат македонскиот јазик дома.

Оваа бројка покажува благ пораст на податоците од Пописот во 2016 година, каде што беше објавено дека 66.019 луѓе зборувале македонски дома.

Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови. Во клучен момент во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кога Бугарија користи секаква политика за да го понижи македонскиот јазик, податоците од австралискиот попис зборуваат многу за неговото значење за многумина во македонската австралиска дијаспора.

4.       Верска припадност

Пописот открива зголемена разновидност во религиозните и нерелигиозните верувања идентификувани од Австралијците. Топ 5 религиозни припадности забележани во пописот беа „Без религија“ со 38,9%, „католичка“ со 20%, „англиканска“ со 9,8%, „ислам“ со 3,2% и „хиндуизам“ со 2,7%.

Податоците од Пописот во моментов не покажуваат колкав е бројот на луѓе кои се идентификуваат како „македонски православни“. Сепак, известува дека 535.470 луѓе се идентификуваат како „источни православни“ од кои 168.031 се родени во Јужна и Источна Европа (вклучувајќи ја и деноминацијата „македонска православна“).

Оваа бројка е само мало зголемување во однос на податоците од Пописот во 2016 година, во кој 502.801 Австралијци се идентификувани како „источни православни“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.