Среда, 03 Август 2022   
ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ВО ДЕМОКРАТСКА КАНАДА (10)

1mem1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност,  дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на  нејзиното семејство. Тоа е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2015 година, на 220 страници, на англиски и македонски јазик, а го прведе и подготви за печат Славе Катин. 

Во делот на монографијата за животот на Дана Скендова - Скотланд, меѓу другото, е даден почетокот на животот во новата средина . Така, таа го изразила следното: Немавме автомобил, а татко ми често работеше во неделите. Мајка ми сакаше да научам повеќе за Бога и се приклучив на Обединетата црква во Броудвју, која беше блиску до нашиот дом. Одев во Неделното училиште секоја недела и таму учев за Бог и Исус, библиски приказни, стихови и, се разбира, весели химни. Кога наполнив 9 години, отидов со една пријателка, Мери Лин Лоухид, и нејзиното семејство на проповедите на Били Греам, што се одржаа во еден изложбен простор во Торонто.

Му се предадов на Исус и го примив во моето срце и се сеќавам дека почувствував голема радост и мир. Добивав месечна литература многу години и кога ги читав приказните од Библијата и приказните за луѓето кои биле исцелени, секогаш ми надоаѓаше чувство на добрина. До ден-денес, кога имам проблем или тешкотија во животот, секогаш си велам: „Можам да сторам сè преку Христа, кој ме зајакна“. Одењето во Обединетата црква се покажа како многу важно за мене бидејќи учењата од Библијата останаа во мене.

Сум се родила со делумно дислоциран колк, а немало никој да им помогне на родителите ниту со јазикот, ниту да се најде соодветна медицинска нега, а со сето одење, трчање и скокање за нормално дете, завршив со болест од која колкот се распадна. Имав огромни болки и морав на операција, која беше изведена во болницата „Синај Планина“. Читањето пасуси од Библијата ми даде храброст да го прифатам мојот хендикеп и да продолжам со нормален живот. Во мојот ум, мислам дека имам нормален од, никаков хендикеп, туку само варијација на нормалното.

Во почетокот на тинејџерските години, родителите ми рекоа дека сакаат да почнам да одам во Источната православна црква и да се запознаам со нашата религија, па затоа почнав да одам со трамвај во македонско-бугарската православна црква „Свети Кирил и Методиј“и присуствував на Неделното училиште таму. Неколку години подоцна, станав учителка во Неделното училиште и предавав на деца од 6 и 7-годишна возраст. Тоа беше голем верски собир и Неделното училиште го посетуваа многу деца. Имаше и детски хор во кој пеев.

Бидејќи во тоа време немаше македонски училишта, јас, исто така, одев во бугарското училиште во црквата „Свети Кирил и Методиј“ и научив да читам и да пишувам кирилица. Таму ми велеа дека постоел македонски народ, но дека јазикот им бил бугарски и тогаш поверував во тоа. Родителите знаеја подобро од мене и ме коригираа и ми кажаа дека постои Маке- донија, македонски народ и дефинитивно македонски јазик.

Нашиот општествен живот се состоеше од одење во паркот „Ривердејл“ или „Паркот на мајмуните“, како што го викаа. Секоја недела ќе се облечевме во најубава облека, ќе земевме ќебе, ќесичка кикирики и вода во термос и го поминувавме попладнето во паркот. Додека децата играа во близина, сите жени седеа заедно, кажувајќи си ги животните случки, озборувајќи, беа стројнички и стана шега дека на сите жени им требаа чевли. Се спријателивме со Македонци од сите села, а некои ни останаа пријатели до денес. Мажите седеа посебно и зборуваа за политика. Одевме низ паркот до зоолошката градина и ги храневме шимпанзата - Лулу и Џорџ кои беа нашите омилени животни. Постарите девојки одеа на прошетка и разговараа со беќарите, се разбира, а и многу бракови беа склопени на овој начин.

1mem12

Дел од Торонто 

Се радувавме на Илинденскиот пикник во текот на летото, што го организираше МПО, а во тоа време се одржуваше на фармата на Грудеви, во Линдзи. За оние кои немаа автомобил, имаше автобуси на улиците Пејп и Данфорт до излетничкото место. Одевме пешки до автобусот во неделите, во празнично руво и со потешки и поголеми торби за пикник и секогаш уживавме во ората и танцувавме и се забавувавме со нашите пријатели.

Во 1956 година, беше формирано добротворното друштво „Скопја - Неволјани“ и нашето семејство со задоволство стана член на друштвото. Сега можевме да се дружиме повеќе и да ги запознаваме нашите соселани на игранки и излети. Луѓето од сите села беа добредојдени на функциите во друштвото, каде што запознавме многу луѓе и склопивме многу нови пријателства. Овие настани им користеа на младите кои присуствуваа на игранките и излетите, бидејќи беа во можност да се видат и запознаат и тоа беше добар начин да почнат да излегуваат и да си наоѓаат соодветен брачен сопружник.

Секоја година за нашата слава, а се празнува на 3 јуни, Света Елена и Свети Константин, мајка ми ќе испечеше земички и убави колачиња. Со часови ги канеше луѓето по телефон, но оние кои знаеја дека ни е слава, исто така, доаѓаа и непоканети, но сите секогаш беа добредојдени. Храната беше едноставна, обично имаше пржено месо, шунка, сирење, маслинки и кисели краставички, леблебии и суво грозје, колачиња, торта, сокови, вино, пиво и кафе. Луѓето ќе дој деа, ќе поседеа, нешто ќе каснеа и ќе се напиеја, уживајќи во пријатен разговор, а потоа ќе одеа на следната слава од нивната листа. И ние секогаш бевме поканувани на слава и со задовол- ство одевме од куќа до куќа со трамвај што на некој начин претставуваше голема забава.

Одев во кино на Данфорт и Броудвју а секоја сабота одев и на матине. По цена од 25 центи ги гледав вестите на денот, два цртани филма, прегледот на претстојните филмови и два целосни играни филма. Ако дојдеа македонски  деца, сите седевме заедно. Учев во државното основно училиште „Витроу“. Подоцна, во седмо и осмо одделение, имавме одделенски весник а јас бев дел од уредувачкиот тим и пишував статии кои беа објавувани во весникот. Особено го сакав уметничкото творештво и многу од моите цртежи беа избрани и објавувани јавно. Подоцна, се запишав на курс по уметност во „Раерсон“ за печатење ткаенини, но, за жал, не бев упорна докрај и не го завршив курсот, но можеби има уште време, кој знае!?

Пеев на годишниот Музички мајски фести- вал на кој учествуваа ученици од сите јавни учи- лишта од Торонто. Овој настан се одржуваше во Културниот дом „Маси Хол“ во Торонто, во месец мај. Како дел од програмата, неколку  ученици од погорните одделенија беа избрани од секое училиште и сите заедно пееја на овој фестивал. Сите девојчиња носеа бели фустани, а некои, вклучувајќи ме и мене, седеа на модната писта, на издигнатиот дел. Тоа беше спектакуларно шоу. Среќна сум што бев избирана неколку години по ред да учествувам и да пеам на овој фестивал.

Отсекогаш ги сакав децата и доброволно се пријавував да бидам асистент на учителките во градинката и да им помагам на децата во сликањето и рачните изработки, врзувајќи им ги чевлите и помагајќи им да се облечат и секакви други работни задачи што ми ги доделуваа. Кога го завршив основното јавно училиште, бев добитник на наградата „Џеси Кечам“ за редовноста, точноста, доброто поведение и трудољубивоста и бев наградена со книгата„Осамениот крстоносец“, пр иказна на Флоренс Најтингејл што јас сè уште ја чувам и ценам.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.