|
|
ПРЕГЛЕД И РАСПОРЕД НА КРАЛЕВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД (3) |
ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА Во публикацијата „Вистината за Македонија“ на Георги (Џорџ) Бранов од Канада е забележано дека Македонија била проширена и обединета со припојувањето со тогашните кралства. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања на македонски и на англиски јазик да им претстави скромна слика за историските случувања во периодот на Македонците Филип и Александар во античкиот период. Во неа е помесместен текстот за потеклото на Македонците во античкиот период, како и за кралевите кои биле основачите на античка Македонија и античката македонска нација, меѓу кои се следните::. Ематион Пелагон Каран Пердика I Аргеј Филип I Алкета Аминта I Александар I Менелос Аминта II Аминта III Пердика II Александар II Филип II Александар III Македонски и неговите браќа и сестри: Тесалоника, Клеопатра, Европа и Аридеа. Историјата на Херодот кажува дека тројца браќа од кралската фамилија од Аргос во Пелопонез по име Гуане, Еропо и Пердика биле протерани од кралската куќа и тие лутале насекаде низ античка Грција каде би нашле место да се преселат. И така, после долго патување стигнале до Илирија и оттаму до Македонија. Браќата останале во горниот дел од Македонија и се вработиле како одгледувачи на стока во кралската фамилија. По извесно време по некоја причина, од љубомората на сопругата на кралот, дека нешто не е во ред со лебот што го печела за најмалиот од браќата, Пердика, кој нараснувал многу повеќе од останатите, кралицата му се пожалила на кралот. Кралот се налутил на нив и ги истерал тројцата браќа од неговото царство без да им плати за нивната работа. Пред да заминат, најмалиот од браќата, Пердика побарал од кралот плата. Така кралот налутен што овие браќа му бараат плата, случајно ги здогледал зраците од светлината од сонцето што паѓала на подот од собата и му го понудил тоа како плата. Најмалиот брат Пердика се сложил со оваа убава понуда и со ножот обележал околу сончевите зраци ги собрал и среќни си заминале. Од овде тие стигнале до подножјето на планината Олимп во местото на денешна Вергина (Кутлеш) кој бил наречен Еѓе што значело коза. Арѓидите Темениди останале овде многу години па сè до 410 година кога Архелеј ја преселил престолнината во Пела. Местото околу Пела било ниско и мочурливо, но блиску до заливот Терми на Егејско Море, денешен Солун. Овде Архелеј вложил многу работа и пари да го исуши местото од мочурливите води. Тој направил канали кои биле поврзани со реката Аксиус (Вардар). Со доаѓањето на Филип II (Филип Аминта Македонски) градот Пела бил изграден со државни згради за администрација, воени центри, пр станиште за бродови и Пела станала најубавиот град на Балканот и Европа. Градот бил изграден со високи и широки ѕидови за заштита на населението од честите напади од соседите. Улиците кои ја поврзувале Пела со пристаништето биле широки. Градските улици во градот почнувале од центарот и се ширеле на сите страни. Кога еден грчки дипломат ја посетил Пела бил зачуден од убавината на градот. Не верувал како Македонците, кои од Грците во античкиот период биле сметани за примитивно племе, изградиле една од најубавите престолнини во тоа време.
Филип II од Македонија ја основал првата национална држава во Европа. ЖИВОТОТ ВО АНТЧКА МАКЕДОНИЈА Кралот имал потполна контрола над земјиштето, планините и администрацијата. Сè припаѓало на кралот и тој го издавал земјиштето за фарми, лозја а за возврат луѓето што добивале земјиште морале, по потреба, да служат во војска. Жителите на Македонија во античкиот период најмногу се занимавале со земјоделство и сточарство. Филип македонски во напад Најмногу одгледувале овци и кози. Овчарите ги носеле своите стада на планините или во полињата, зависно од временските услови. Македонците, исто така, се занимавале и со градежен дрвен материјал кој го имало во изобилство. Дрвото било најквалитетно за изградба на бродови и се извезувало, претежно, во античка Грција. Македонците во античкиот период особено биле познати како едни од најспособните одгледувачи на коњи исклучително за воени цели. Македонија во античкиот период била богата и со многу рудници на железо, сребро, бакар и злато. Со еден збор, Македонија била најбогата држава на целиот Балкан и имала доволно од сé за да ги задоволи потребите на своите граѓани. Кралот бил, исто така, и свештеник кој спремал религиозни ритуали, игри и слави пред почетокот на војна и по завршувањето на истата. Еден од ритуалите бил да се жртвува женско куче, да се исече на две половини и војниците и кралот поминувале помеѓу нив пеејќи воени химни молејќи се за здравјето на жителите и војската. Други познати правила биле применувани кај Македонците во античкиот период како, на пример: Возрасен граѓанин кој немал убиено див нерез без употреба на мрежа, само со стрела, не се сметал за полнолетен. Ако ваков човек присуствувал на официјален банкет или слава морал да седи исправено на столот а не да се навалува на истиот. Ако војник немал убиено непријател тој морал да носи појас и не можел да биде војник. Во Македонија официјално намало робови како во демократска Атина. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |