|
|
ПЕРИОДОТ НА ГУБЕЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ЕЛИНСКИТЕ (АНТИЧКИТЕ ГРЧКИ) ГРАДОВИ-ДРЖАВИ (8) |
ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА Според дваесетгодишното интересирање на Георги (Џорџ) Бранов за историјата на античкиот македонски народ, тој дојде до заклучок кој се темели на обемната историска литература на повеќе од шеесет историски книги од најреномирани светски историчари, научници и писатели. Така, според големиот француски историчар и филозоф Волтер (Voltaire) целата светска историја кога човештвото го достигнува врвот на научните и културните достигнувања се дели на следното: Првиот класичен елински (грчки) временски период кога тој антички напредок го достигнал највисокиот културен развиток речиси во сите области во науката и животот. Европа и целата светска јавност искажале голема благодарност и примена на големите антички грчки (елински) научници како: Питагора (Pythagoras), Хомер (Homer), Талес (Thales), Ехил (Aeschylus), Аристофан (Aristophanes), Платон (Platon), Сократ (Socrates), Херодот (Herodotus), Тасидид (Thucydides), Ксенофон (Xenophon), Перикле (Pericles), Демостен (Demosthenes) и други многу заслужни личности. Додека Аристотел, и уметникот Апелс (Apelles) спаѓаат во делот на македонската историја. Од овој класичен елински (антички грчки) период голема придобивка има целото човештво оттогаш до денешни дни, а со тоа и Македонци во античкиот период кои во тоа време учеле и покажувале големо почитување кон таквите постигнувања. Вториот период припаѓа на времето на Филип II и Александар III Македонски, особено после победата на македонската војска во Хиронеја (Chaeronea ) на 2 август 338 година. пред Христа, со што класичниот елински (антички грчки) период завршил и целосно престанал да постои. Да напомнам само некои од историчарите - експерти од каде јас го формирав мојот заклучок за Античка Македонијa меѓу нив се следните автори и дела: Еуген Н. Борза - Во сенката на Олимп – Појавата на Македон; Р. Малком Ерингтон – Историја на Македонија; Ричард А. Габриел – Лутината на Александар Велики; Питер Грин – Александар Македонски - историска биографија; Валдемер Хекел и Ј.Ц. Јардли – Александар Велики; Хју Полтон Кој се Македонците?; Нигел Роџерс - Илустрирана енциклопедија на Античка Грција; Џон Ши Македонија и Грција – Борбата да се одреди но вата балканска нација, и многу други историчари. Во текот на овој период елинските (грчките) градови-држави засекогаш ја загубиле својата слобода и долго време биле под античко македонска управа. Од тој период во античка Грција повеќе не се појавил ниту еден антички грчки напреден научник од светски размери. Третиот период е за времето на Цезар (Caesar) и Августин (Augustus); четвртиот период е од заземањето на Константинопол од Махомет II, и петтиот - последниот период е од времето на Луи XIV (Louis XIV), Исто така, според историчарите: Мотонет де Клерфонс (Moutonnet de Clairfons), Темпл Станјан (Temple Stanyan), Џорџ Гроут (George Grote), Јохан Густав Драизен (Johann Gustav Droysen) не се согласувале и одбивале да ја вклучат античката македонска историја од Филип и Александар Македонски заедно со античката грчка (елинска) историја. Како причина ја наведувале победата на Филип II и Александар III co македонската војска во Хиронеја на 2 август 338 година, пред Христа, со што античките грчки градови-држави и Атина потпаднале под македонска контрола и ја загубиле нивната слобода и демократија. За време на воените походи со Персија македонските војски ја окупирале целата Персиска Империја и стигнале до реката Инд во Индија, а со тоа ја комплетирале најмоќната Македонска Античка Империја во тоа време. Македонскиот крал Александар со неговата војска бил првиот Европеец кој ја покорил целата Персиска Империја и го отворил патот за трговија и ширење на (македонската) западна наука и култура во тогаш заостанатиот Ориент. Во времето на војувањето на Мекедонци во античкиот период немале никаков удел од елински (грчки) генерали, како и некакви советници во врховните воени штабови во Македонската војска. Филип и Александар создале една од наjмоќните војски и империја со македонски најспособни генерали и вечни херои како; Парменион, неговиот син Филота, Птоломеј, Кратер, Црниот Клаит, Селек, Касандер, Антигон, Нархус, Антипатер и многу друѓи Македонци. Во такви околности не било можно да се шири античката грчка култура или да се врши елинизација на окупираните народи. Затоа често се вели дека Елада (Античка Грција) била побрзо ориентализирана, отколку што персискиот народ да се елинизирал. Грците во многу случаи се бореле и гинеле во борбите против античките Македонци. Затоа тие ги сметале Македонците тирани за грчкиот народ .Во големите битки кај реката Граник (Granicus), Исс (Issus), Арбела (Аrbela), Газа, Тир, Гаугамела (Gaugamela) и други битки, елинските грчки платеници жестоко се бореле и ја плаќале највисоката цена со нивните животи. Исто така, на светската историска јавноста и е познато дека Македонци во античкиот период и античкиот грчки народ биле два посебни народа со различни говорни јазици и култури, како што е и сé уште во денешно време. Меѓутоа, од XVII и XVIII век па до денес започнува елинизација на македонското население и фалсификување на македонската античка историја. Во елинизацијата на македонската историја голем придонес имаат англиските, француските и германските историски научници. Едни од најистакнатите историчари кои придонесоа во присвојувањето и фалсификувањето на македонската историја се споменуваат во делата на Пјер Брајан во Првата европска историја за Александар во времето на империјата (Pierre Brian’s books:The First European History of Alexander in the Age of Empire) од XVII и XVIII век, меѓу кои се споменуваат; Адамантиос Кораис, Даниел Филипинс, Драјзен Јохан Густав, Грегори Константас, Николас Хамонд, Ригас Велестинис со неговата гравирана бакарна слика од Александар Македонски со неговите најзаслужни четири генерали: Птоломеј, Селек, Антигон и Касандер и насликани четири од најголемите војни победи на Александар со персиските војски. Според моето мислење во овој случај е најважно што постојат видливи докази, историски факти и артефакти присутни во научниот свет и секојдневно вистинската историја се докажува и појавува во научните неутрални историски кругови. А таа вистина е дека македонската и грчката античка историја признава два различни народа и два посебни говорни јазика нразбирливи помеѓу себе. Античката историја на Македонците припаѓа само на Македонците на чело со античките македонски кралеви Филип II и Александар III Македонски (Велики) пред и после нивната појава. Нивната империја била македонска, античка, во која имало шеесетина градови со името на Александар. Еден од нив е Александрија во Египет, каде била изградена најголемата библиотека со милиони книги, како и Светилникот кој со својата грандиозност е најголем и како таков го нема на друго место. Во Империјата на кралот на кралевите Александар III Македонски (Велики) се ширела македонската култура и македонската воена стратегија. Поновата историја кажува дека многу светски воени лидери ја изучувале и при- менувале воената стратегија на Александар. Во исто време јас сум цврсто убеден и верувам дека денешна Македонија и Грција ќе ги надминат овие историски недоразбирања со цел овие два народ да бидат добри соседи со заедничко признавање на сите нивни различности и сличности и да придонесат за успехот во сите сфери во обединетата европска заедница, пишува на крајот д-р Георги (Џорџ) Бранов од Канада Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |