Среда, 08 Февруари 2023   
МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈАТА НА НЕПОКОРОТ И НА ВЕЧНАТА ИДНИНА (5)

1isks12345

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Според зборовите на Џорџ Атанасоски целата историја на Европа е поврзана со Македонија, Европа ја подели Македонија во 1913, за Време на првата светска војна најголемите битки се водени на Македонска територија. Правени се обиди за асимилација на Македонците за среќа безуспешни. На крајот во еден дел од Македонија Македонците создадоа своја Држава во рамки на Југославија.

Но таквата причина ја исплаши Грција па направи егзодус над Македонците, Македонците се потомци на Филип и Александар и имаат право да живеат во своја држава. Но се плашам дека нивната пребогата историја во иднина ќе им донесе преголеми проблеми кои ќе им ги наметнат Бугарија и Грција затоа што имаат страв од постоењето на Македонија и Македонците

Меѓутоа, непобитен е фактот дека Македонецот, и покрај сите обиди и притисоци за негова асимилација се одржал и опстојал. Тоа покажува дека овој народ како библиски, успеа да се спротивстави и да ги издржи сите освојувања, угнетувања и негирања. Македонија е единствената земја со најдолга и најстара историја од која било друга земја во светот. Нејзиниот корен се античките Македонци, а нејзините водачи Филип и Александар Македонски.

Од нивното време, преку владеењето на Рим и Византија, но и преку големите миграции на Словените на југ, потоа отоманскиот и другите периоди, Македонија секогаш била меѓник и крстопат на различните цивилизации, култури, јазици и религии. Непобитен е фактот дека кога Европа била во мрак, единствено ја осветлувал факелот на македонската култура. Меѓу другото, Охридскиот универзитет на свети Климента, зрачел како симбол на една од најстарите цивилизации на континентот.

Почнувајќи од IV век па наваму христијанството преовладувало како религија на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископални катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток па до денес.

Еден од најкрупните настани што се случиле во минатото во Македонија била првата азбука на свети Кирил Солунски, која има историско значење за сите словенски народи. Така, првите преводи на богослужбените книги на старословенски, односно на старомакедонски јазик, го означија периодот кога во редот на владејачките јазици, покрај латинскиот, елинскиот и еврејскиот, тој се најде со неговото писмо. Оттогаш Господовото писмо почнало да се шири и на нашиот јазик, а луѓето да пишуваат и да читаат книги напишани на сесловенската-старомакедонската азбука и јазик.

Несомнено, овој настан е од епохално значење за македонскиот народ. Прво, затоа што браќата свети Кирил и Методиј биле од Солун, Македонија, и второ, затоа што првите книги напишани на старомакедонскиот-сесловенскиот јазик, биле на јазикот на македонските Словени. Очигледно, светите Кирил и Методиј не можеле да употребат ниеден друг јазик освен јазикот на Македонците, кои живееле во нивниот град - Солун и околините места.

Друг епохален настан за Македонците се случил во почетокот на ХI век, кога македонскиот цар Самуил, својата престолнина ја преселил во Преспа, а потоа и во Охрид. Сведоштво за тоа се остатоците од неговите тврдини што ги гледаме и денес, како траен белег за тоа наше славно минато. Тука останало и седиштето на Охридската архиепископија, сè до нејзиното укинување во 1767 година. Инаку, со прогласувањето на

Патријаршијата, цар Самуил, од првиот охридски патријарх не случајно бил прогласен за император.

До доаѓањето на Османлиите на Балканот во XIV век, Македонија била во градителски подем. Сведоштво за тоа се бројните средновековни цркви и манастири, кои денес се наоѓаат во ризницата на европската и светската култура. Не случајно, Османлиите веднаш не ја укинале автокефалноста на Охридската архиепископија, туку покажале толерантност кон христијанската вера. По освојувањето на Охрид во 1408 година, цела Македонија се нашла под јаремот на Османлиската Империја. Но, и покрај тоа, Османлиите, не само што не ја ограничиле независноста на Охридската архиепископија, туку и ја зголемиле моќта, со цел да ја ослабат Патријаршијата во Константинопол.  Меѓутоа, експанзијата на феудалниот систем во Турција, објективно значела слабеење на Охридската архиепископија.

Македонскиот народ и неговата црква, во тешката ситуација во која се нашле, биле под постојан притисок на Патријаршијата од Константинопол и од католичката пропаганда во Рим. Патријаршијата применувала разни методи за елинизација на македонскиот народ и уништување на неговата црква, во лицето на Охридската архиепископија. За таа цел, не се бирале средства и методи, Патријаршијата да се наметне врз тогашните црковни власти. Така, во 1767 година таа ја укинала Охридската архиепископија, со што му нанела голема штета на македонското христијанско население.

Иако Балканските војни (1912 – 1913) значеле некакво ослободување на Македонија од османлиското ропство, тие, всушност ѝ донеле ново подјармување. Дошло до трагична поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија, а подоцна и од Албанија, поради што следеле уште погруби услови и дискриминација за македонскиот народ. Не само што била негирана македонската нација, туку била забранета и употребата на македонскиот јазик, особено во Егејска Македонија, каде се применувале строги казни за оние кои се осмелувале да го зборуваат македонскиот јазик. Во Србија, која подоцна прераснала во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, под југословенската монархија, Македонија била колонизирана. На Македонците повторно им бил негиран националниот идентитет, а нивниот јазик бил потиснат. Слична била нивната судбина и во Бугарија, во Пиринска Македонија.

1isks123456

Александровото писмо / Посмртна златна маска, Требениште Mакедонија, пајонско време

Вековната борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода, борба за правда и вистина, особено неговото активно вклучување во антифашистичката коалиција, по Втората светска војна, овозможи тој да се здобие со суверена држава, со национални институции и со разновидна палета на културна комуникација со светот. Македонскиот јазик стана официјален јазик на Република Македонија, познат и признат во светски рамки.

Се изучува на многу универзитети на неколку континенти и придонесува за ширење на вредностите на македонската култура и нивно вклучување во ризницата на светската култура. За жал, во деловите на Македонија, особено оние кои сè уште се наоѓаат во составот на Грција, Бугарија и Албанија, негаторскиот однос кон македонскиот идентитет и натаму продолжува.

По ослободувањето, цела Република Македонија доживеа силен подем во образованието, културата и изградбата, како и во општественото живеење. Тогаш, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски уште како дете ги почувствува и ги наследи сите тие убави благодати на животот. Тој почна да се интересира за иднината во животот, за училиштето, за книгите… Почна да ги чита книгите во скромната училишна библиотека и да се развива како напреден младинец кој беше сакан и почитуван меѓу учениците, наставниците и луѓето во селото.

Потоа, иселувањето од село во град и преселувањето од Македонија во странство си го направија своето. Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски не беше имун на тоа. Ги почувствува иселеничките бранови што ја зафатија Пелагонија и цела Македонија. Живо се сеќава за разделбите со печалбарите, за бегствата преку граница, за бурните времиња.

За него, првото одење од родното огниште беше Прилеп. Таму, неговиот интерес се збогати и се прошири, за да му се отворат патиштата кон ветената земја, САД. Сè она што го доживеа во родната земја му беше добра основа да ги прошири и збогати своите видици. Затоа, со неговото одење од Македонија и преселувањето во САД, тој, пред сè, го збогати своето живеење на економски план, што секако, беше добра основа за понатамошниот негов развој и интеграција во новата средина. Меѓутоа, паралелно со подобрувањето на економската состојба, тој почна еден нов начин на работа, творење и живеење.

Татковината на Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски во 1944 година се прогласи за Народна Република Македонија во рамките на тогашната Федеративна Народна Република Југославија. Не многу години потоа беше преименувана во Социјалистичка Република Македонија. Меѓутоа, кога пропадна социјалистичкиот блок во 1989 година, југословенските републики тргнаа по патот на одделување. Така, и Македонија, со Референдумот од 8 Септември (гроздобер) 1991 година беше конституирана како посебна, независна и суверена држава - Република Македонија. Тогаш, во тие ѕвездени мигови, Република Македонија стана член на Обединетите нации и постојан член на многу меѓународни организации.

Продолжува 

1sla2 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.