|
|
ПОСЕБНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ВЕКОВНАТА МАКЕДОНИЈА (6) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИННепобитен е фактот дека Македонецот, и покрај сите обиди и притисоци за негова асимилација се одржал и опстојал. Тоа покажува дека овој народ како библиски, успеа да се спротивстави и да ги издржи сите освојувања, угнетувања и негирања. Македонија е единствената земја со најдолга и најстара историја од која било друга земја во светот. Нејзиниот корен се античките Македонци, а нејзините водачи Филип и Александар Македонски. Од нивното време, преку владеењето на Рим и Византија, но и преку големите миграции на Словените на југ, потоа отоманскиот и другите периоди, Македонија секогаш била меѓник и крстопат на различните цивилизации, култури, јазици и религии. Непобитен е фактот дека кога Европа била во мрак, единствено ја осветлувал факелот на македонската култура. Меѓу другото, Охридскиот универзитет на свети Климента, зрачел како симбол на една од најстарите цивилизации на континентот. Голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле значаен број факти од балканско, европско и светско значење. Бројните карактеристики за Македонија почнувајќи од Античка Македонија која била прва организирана држава на Балканот и пошироко, до денешно Скопје, каде е родена света Мајка Тереза, една од најхуманите жени во светот Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски - Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Во ова значајно моногравско дело е забележано дека голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле голем број факти од балканско, европско и светско значење на коишто изворите им се од Македонија и за кои ние Македонците треба да бидеме горди. Меѓу бројните карактеристики за Македонија се следните: • Античка Македонија била првата организирана држава на Балканот и пошироко која имала утврдени граници; • Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики), први ги вовеле војничките родови: пешадија, коњица и морнарица; • Македонската фаланга била најдисциплинирана и најобучена војска и била наоружана со дотогаш непознатото долго копје. Таа војувала неколку децении, често во битки со неколкукратно побројни војски, меѓутоа не изгубила битка; • Античка Македонија како прва европска империја воспоставила специфични цели и однесувања со потчинетите народи, како: почитување на културите на покорените, неприменување насилство и грабежи на оние кои доброволно се согласиле да се приклучат кон Империјата, утврдување карактеристични државни обележја и организирање посебна одбрана на териториите; • Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија и преку кои се проширило во Еврпа и Азија; • Од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија; • Во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој, покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура; • Во Македонија е нацртана првата ренесансна слика која и денес стои во манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, Скопско; • Кокино кај Куманово е една од ретките неолитски опсерватории во светот; • Македонија е една од ретките територии со карпести уметности; • Алшарот е еден од ретките минерали, преку кој науката може да ги открие тајните на постанокот на вселената; • Во Македонија е роден Аександар III Македонски (Велики), кој заедно со својот татко Филип II Македонски претставува меѓник на историјата на војувањето, тактиката и досега е ненадминат војсководец; • Во Македонија е роден Аристотел, „таткото“ на науката и филозофијата; • Од македонско потекло е и најпознатата жена во историјата на човештвото – кралицата на Египет – Клеопатра; • Во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот византиски владетел Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети; • Во Македонија е роден свети Димитрија, познат христијански маченик; • Во Македонија е роден „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк; • Во Скопје е родена света Мајка Тереза, една од најхуманите жени во светот. • Македонија е карактеристична и по народно пресметување на времетраењето на месеците.
Така, според истражувањата на етнолозите и антрополозите, времетраењето на месеците во народната култура на Македонците, најчесто се пресметувало и одредувало според одредени празнични денови, нарекувани меѓници или синори. Тоа се големите христијански празници кои ги има во секој месец од годината. Времетраењето на месеците во народното живеење на Македонците изгледало вака: Период Јануари од Вртолом до Василица 1. Јануари - Коложег од Василица до Свети Трифун. 2. Февруари - Сечко од Свети Трифун до Летник. 3. Март - Цутар од Летник до Благовец. 4. Април - Тревен од Благовец до Еремија. 5. Мај - Косар од Еремија или Ѓурѓовден до Духовден или до Петрови поклади. 6. Јуни - Жетвар од Духовден или Петровденски поклади до Иванден. 7. Јули - Златец од Илинден до Голема Богородица. 8. Август - Житар од Голема Богородица до Крстовден. 9. Септември - Гроздобер од Крстовден до Петковден. 10. Октомври- Листопад од Петковден до Митровден. 11. Ноември - Студен од Митровден до Богородица Пречиста. 12. Декември - Снежник од Богородица Пречиста до Света Ана или Свети Игнат. Според ваквото времетраење на месеците, може да се забележи дека годината има 13 месеци, што всушност се поклопува со бројот на месечевите мени во текот на една година. Ова, пак, укажува дека луѓето во минатото ги одредувале месеците и се ориентирале според бројот на промени на месечината во една година. Продолжува Пишува; СЛАВЕ КАТИН |