Среда, 22 Март 2023   
ДЕЛ ОД ТРАГЕДИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (8)

1luko1234

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Василики и две од децата, Дон и Олга, успеаја да излезат од земјата пред да им ги земат децата. Нејзиниот сопруг, Коло, емигрираше во Австралија, а другиот нивен син, Крис Козари, им се придружи таму во 1938 година. Останатите тројца конечно можеа да се придружат на Василики и Коло во Австралија во 1946 година.

Братучедот Ставро Папагеоргиу, синот на Велика, бил во партизанската војска и бил ранет. За време на неговото закрепнување бил испратен во Чехословачка, а подоцна можел да ја донесе мајка си таму.

Неодамна Васил ми раскажа за животот за време на партизанската војна. Се сеќаваше на времињата кога мораше совршено мирно да лежи меѓу карпите на планините затоа што над него летале воени авиони. Тие пукаа во се што се движеше. Сигурно било многу страшно.

Од страната на мајка ми, приказната е речиси иста:

Нејзината сестра Софија Панос останала во селото. Сопругот на Софија, Никола Панос, беше испратен во Русија за да избега од притисокот на партизаните и германската војска и подоцна се вратил, но со многу тешкотии. Нивното дете, мојот братучед Коста Панос, го однесоа во Романија и не можеше да се врати во Брезница. Тој емигрирал во Канада.

Еден од нејзините браќа, Алекс, и неговата сопруга Тина и нивните деца - Крис, премногу млад за да биде земен, и Лиа, која се уште не била родена при одземањето - сите емигрирале во Канада.

Нејзиниот друг брат, Васил, бил испратен во Полска, исто така, за да избега од Германците што доаѓале, но подоцна можел да се врати за да помогне на селото. Васил се оженил во 1950-тите; тој и неговата сопруга Арте и нивните деца Катерина и Ставрос останаа во Грција.

Погледнете што му направи грчката влада на ова мало семејство! Распространети сме низ целиот свет, не по наш избор, туку затоа што бевме принудени. Речиси сите семејства на моите родители ја напуштија Егејска Македонија, всушност никој од моето семејство не живее во Брезница, а не повеќе од петмина од моите роднини со кои сум во крвно сродство, денес живеат во Егејска Македонија, од неколку стотици расфрлани низ светот.

Нашата приказна стана дури и драма: приказната на братучедот Васил Власис е документирана од неговиот внук од Австралија, Стефо Нанцу, во трагикомедија „Г-дин Балкан“ (2010). Стефо има напишано и други драми за хероите на Македонија и нејзината опустошена историја.

Личен коментар за страничната приказна 1 и 2 – Немам ништо против грчкиот народ, всушност некои од нив ми се роднини, а многу други се добри пријатели. Јас се противам на грчката влада и нивното однесување со Македонците во Егејска Македонија.

Од записите за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски – најголемиот инвеститор од македонското иселеништво

САД, втората татковина на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до денес. Инаку, Њујорк е „првата љубов во САД“ на Атанасоски е велеград кој се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора островот Лонг Ајланд.

Името и делото на Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е тесно поврзано со неговата втора татковина, Соединетите Американски Држави (САД). Таа е земјата во која бизнисменот Атанасоски живее, твори, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок во бизнисот, „ветената земја“, како што ја нарекуваат Македонците и другите доселеници.

Тоа е сојузна држава во Северна Америка, сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 држави и еден округ. Заедно со Алјаска и Хаваите, таа е една од најголемите земји во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Франција, Русија (од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, и бројно Афроамериканско население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Евреи, Македонци и други народи.

1luko12345

Дел од животот во САД

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има повеќе од три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Мајами, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други.

Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното Езеро, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките најпознати се: Мисисипи, Мисури, Рио Гранде, Колорадо и други.

Во историскиот преглед се вели дека најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европејците на северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристофер Колумбо ја открил Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на XVI век почнале да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војни со Индијанците.

Прва англиска колонија е Вирџинија, формирана во 1584 година, потоа Масачусетс во 1620 година, а во 1614 година е формирана Нова Холандија, со главниот град Нов Амстердам, кој во 1664 година се преименува во Њујорк, градот во кој десетина години живееше Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

САД имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Така, покрај

борбите со Индијанците, во 1775 година почнале првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почнала борбата за независност на северноамериканскиот континент. Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија ја призна независноста на САД, со што настанаа крупни промени не само во САД, туку и во целиот свет.

САД ги потресе Граѓанската војна од 1861 до 1865 година, потоа Светската економска криза од 1929 до 1935 година, Втората светска војна, особено војната со Јапонија и употребата на атомското оружје над Хирошима и Нагасаки, до Виетнам и денешната криза во Авганистан и други земји. САД, заедно со Канада е една од водечките сили во тешката, лесната, прехранбената, земјоделската, автомобилската и воената индустрија и претставува светска сила.

Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до ден-денес. Процесот на доселувањето непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центар за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Македонците од сите делови на Македонија итн.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со

фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците од сите делови на Македонија, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

Во новите средини во САД и Канада, Македонците се третирани како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Со тоа овие две значајни држави застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и да ја поддржат Република Македонија како независна суверена и самостојна држава.

Продолжува 

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.