Среда, 29 Март 2023   
ДЕЛ ОД ПРИЈАТЕЛСКИТЕ РАЗГВОРИ СО ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ (12)

1del1234567

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Меѓу поголемиот број средби на авторот на овие продолженија за „Македонска нација“, Славе Николовски-Катин (СН-К) со Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски во Македонија, секако, беше средбата во телевизијата „Сонце“, во Скопје, каде, исто така, се водени разговори и со негови бројни соработници од новинарската фела. Интервјуто со него го водевме во просториите на телевизијата „Сонце“, на 29 април 2012 година, при што бизнисменот Атанасоски беше искрен, расположен и отворен во разговорот и ми одговори на сите мои прашања, како што следи:

СН-К: Кои се, од каде се корените на семејната лоза Атанасоски, со оглед на тоа што станува збор за позната фамилија од прилепскиот крај.

ЃА: Со долга и повеќевековна традиција е семејната лоза Атанасоскитаа е со исклучително македонски корени, што ме прави горд човек како дел од генерациските наследници од мојот род. Toa мое потекло е амајлија што се носи во душата за вечни времиња. Па, каде и да ме однесат животните патишта, каде и да сум на планетата Земја, јас го имам кодот на моите предци.

Јас сум Македонец по дедо прадедо, по баба прабаба, што би се рекло со народниот жаргон. Ние сме од Марул, од прилепскиот крај. Таму се родил мојот дедо Трајан, кој беше долговечен, силен, здрав и многу вреден наш предок. Од него научив многу мудрости, бидејќи умееше да биде крајно трпелив и секогаш весел со нас најмладите. Живееше 95 години, а последното почивалиште му е во Прилеп.

Баба ми Менка (Трајаница) беше благородна, трудољубива и многу добра домаќинка, своевиден столб на фамилијата. Замина многу рано во вечноста и таа остана во Марул. Фотографиите и сеќавањата на неа беа доста често присутна тема во нашиот дом.

Алексо, мојот татко, исто такароден во Марул на 2 август 1929 година. Имаше пет сестри и израсна во здрава семејна средина. Стекна мало образование, бидејќи во услови на тешки времиња и борба за опстанок, морало да се работи и да се води грижа за повеќечленото семејство.

Мајка ми Спасија, пак, е родена во Добрушево, Битолско, на 8 јануари 1924 година, како една од петте сестри, но потеклото им е од селото Подмол, каде и денес имаме доста драги роднини и пријатели. Нејзиниот татко умрел релативно млад, па таа била одгледана и израсната кај еден од браќата на татко ѝ, кој доста грижливо ја извел на вистинскиот пат. Кога била мома, Спасија, сите раскажуваат дека била многу лична, со тенка става и во селото позната како многу вредна, па не случајно нејзин избраник станал, Алексо.

Имам и други предедовци со име Атанас во долгото семејно стебло, од каде и го носиме презимето Атанасоски (Танасоски). Сево ова зборува за едно доста интересно генерациско потомство.

СН-К: Какви се спомените за Марул?

ЃА: Има интересни преданија и разни приказни што сум ги слушал, поврзани со моето село Марул, Прилепско, во кое ги минав моите први детски години. Многупати ми раскажуваше и дедо ми Трајан дека во дамнина Марул било населено на другата страна од ридот. Арно ама, во тоа време го зафатила некоја чума, па луѓето морале да се преселат од спротивната страна на ридот.

Можно е тогаш да имало и марули, како генеза на името. Никој не можеше точно да објасни, но многупати ќе слушневме дека тука постоеле седум мали населби кои сè повеќе се развивале. Жителите имале слога и разбирање, и тоа била голема придобивка селото да добие имиџ на пријатно место за живеење.

Моите предци сè до војната имале многу земја, се занимавале со земјоделство, како и сите други. Но, за време на војната и по неа, ни бил одземен сиот имот. Тоа било голем удар за семејството, кое од богато станало најсиромашно. Имало и доста проблеми, поради преземањето на земјата од тогашниот режим. Тоа се случувало по 1945 година. Особено пред колективизацијата. На другите луѓе им вратиле сè, но нам не ни вратиле ништо од нивите и бавчите.

Меѓутоа, упорноста, работата и самопожртвуваноста, полека ни донесе нови ниви и широко поле. Ипаксме станале први газди во Марул. Таму јас ги завршив прво и второ одделение, што значи таму живеевме некаде до 1961/62 година. За мене тоа беа преубави детски времиња. Кога безгрижно, ведро и весело ги крстосувавме атарите на Марул. Кога со часови игравме фудбал,,кога трчавме по ливадите и угарите, ги стававме на дланка пеперутките и беревме полско цвеќе кое потоа го носев дома и го ставав на прозорецот за да ја израдувам мајка ми. Незаборавно време на еден период од нашиот животен тек.

1del12345678

СН-К: Каде потоа ве однесоа животните патишта?

ЃА: Фамилијата Атанасоски реши да замине за Прилеп. Во градот под Марковите кули го продолжив образованието, најпрво во ОУ „Добре Јовановски“, а потоа се префрлив во училиштето „Браќа Миладиновци“. Кога се доселивме, татко ми немаше работа, но без разлика на тоа немаше проблеми, бидејќи како семејство работевме по имотот во селото, што беше доволно за пристоен живот. По извесно време, татко ми Алексо доби можност да се вработи во комбинатот „Жито Прилеп“. Од тој, можеби сентимент, од тие спомени на едно време, затоа пред неколку години со приватизацијата го купивме „Жито Прилеп“.

СН-К: Како се случи да заминете за Америка?

ЃА: Јас се запишав во средното индустриско училиште, на механичкиот отсек во Прилеп, но не го завршив бидејќи заминав за Америка. Може да се каже дека интересна приказна е тоа патешествие за Соединетите Американски Држави, бидејќи се случи во една релативно рана младешка доба. Таму преку океанот веќе беше мојот тетин Блаже, кој избега од Македонија уште во 1958 година. По седум години тој за првпат дојде во Македонија со еден голем автомобил. Ни раскажуваше за големата земја и за неговиот живот, што, всушност беше и директна причина јас и брат ми да изразиме желба и намера да си ја пробаме среќата во Америка.

Брат ми замина пред мене. Тој отиде во Австрија, а јас со уште двајца другари Сотка и Ванчо, заминавме во Италија. Во оваа земја бев во логор половина година. Најпрво околу еден и пол месец поминав во Трст, а кога ќе се мине тој дел од патешествието, имаше уште два логора – Какоа и Латина, град 70 км јужно од Рим, каде останав уште четири и пол месеци.

Кога дојде време, ги пополнив потребните документи, а гарант ми беше една црква во САД. Доста бргу, пред сите, го добив одобрувањето дека можам да заминам за Америка. Во формуларите што ни ги дадоа властите, имавме можност да бираме шест земји каде би сакале да појдеме. Тоа беа Африка, Австралија, Бразил,

Шведска, Канада и Америка. Моите пријатели Сотка и Вачно се определија за Канада, каде и денес живеат во градот Калгари.

По сите неопходни здравствени прегледи и тестови низ кои минав во Неапол, јас требаше да одам за Чикаго. Дури во организација на црквата во тој град ми побараа и работа кога ќе стасам во државата Илиноис.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.