|
|
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 62“ КОЕ Е ЗНАЧАЈНО МАКЕДОНСКО ГЛАСИЛО ВО АВСТРАЛИЈА |
Неодамна излезе од печат новиот број 62 на списанието „Повод“ за јули 2023 година. Тоа содржи значајни прилози кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, а уредници се Иван Трпоски и Мена Ристевска, со соработници од Австралија и Македонија. Списанието „Повод 62“ е посветено на познатиот поет од Австрслија Горан Маслинковски, потоа на на академикот Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2020 год, и на Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан, кое преку своите дела гордо го носи неговото име и го афирмира македонскиот јазик и литература, како и на други личности и интересни текстови од литературата, културата и општестевениот живот. Новиот број на списанието „Повод 62“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Горан Маслинковски, чија поезија повеќе пати е наградувана на конкурсот за „Прличева награда“ на Литературното друштво „Григор Прличев“. Со поезија застапен е во зборниците / антологии: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), “Macedonian Poetry in Australia” (1996), “Reunion” (2003), „Ѕуница“ (2018). Автор е на збирките поезија: „Збогување“(1987), „Сонот на јавето“ (1992) и „Шумска свадба“ (1992). Во почетокот на списанието одреден простор му е посветен на творештвото на битолчанецот Божин М. Андоновски кој е застапен во списанието со неколку поетски остваруваља. Во наредните два наслови, текстови за македонските поети од Торонто, Славе Катин ги претстави литературните творци од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, поетесата Вера Вржовска - Петреска, која беше првиот организатор во 1987 година, а повеќе пати била и е во раководните структури на Друштвото, како и сегашниот претседател на Друштвото Зоран Карапанччев, со цел да се прошири врската на македонските асоцијации насекаде во ветот, кои треба да започнат поголеми и побогати соработки со цел за зачувувањето на македонска вистина и етничка Македонија. Инаку, Вера Вржовска-Петревска е позната и призната македонска поетеса која живее во Торонто. Пишува носталгична и патриотска поезија на македонски и на англиски јазик. Таа е автор на стихозбирките: „Далечни корени“ 1996 „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 2018. и “Брајчино - Моите корени, мојата Преспа“ 2021. Таа има објавено своја поезија во голем број информативни гласила во Канада и Македонија, а особено во публикациите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто. Треба да се нагласи дек дека за сето време на своето живеење, пак, Зоран Kарапанчев членува во црковната комуна при Македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде бил член на управниот одбор и редовно помага со своите фото и видео сервиси, како и со администрирање на црковната Facebook страна. Зоран Карапанчев е претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада. Зоран Карапанчев пензионерските денови ги минува исполнети со разни активности во црковната комуна, како и со администрирање на дузина Facebook и интернет форуми и групи од наjширок спектар на интерес: фотографија, аудиофилство, еконoмија и политика, духовност и т.н. Во продолжение во списанието е даден дел од текстот кој На 5-ти мај 2023 година, во просторите од Македонскоата библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, група членови од Друштво „Григор Прличев“ одржаа комеморација за 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за целокупна, слободна и независна држава Македонија, Потоа е даден текст од Македонската заедница и тоа за одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на Охридското друштво „Св. Наум Охридски“ во кое се вели дека Татковината се сака со дело и за финансиската помош како за црквата „Света Злата Мегленска“ во Соботдко, Егејска Македонија. Овој бој на списанието „Повод“ е збогатен со одлуката дека академикот Љупчо Коцарев, е прогласен за почесен член на Македонското друшво „Григор Прличев“. Исто таа е претставен голем број на публикации на англиски јазик кој се објавени во порталот „Политекон“. Во продолжение се дадеи промоциите на делата на Оливера Јовановска.
Потоа м-р Лилјана Стоилковска го претстави дело под наслов „Слушниго срцето“ од Оливера Јовановска, во која меѓудругото вели: „Љубовта е илузија со молба да не биде допрена кога е среќна и своја. Среќата за миг може да нé одмине - станувајќи „кралица“ на самотијата.“ Во овој број на списанието има и текст од Фиданка Танаскова под наслов од Солубско до Воденско. Посебно место во списанието „Повод“ 62 е посветено на откривањето на бистата на македонскиот револуционер Драган Богдановски ( 1929-1998). Во текстот се вели дека на 10 Јуни пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје беше откриена биста на Македонскиот Револуционер Драган Богдановски (1929-1998) во присуство на нај високото раководство на ВМРО ДПМНЕ, неколку стотици почитувачи на неговото дело и блиски роднини. Бистата ја открија Мане Јаковлески - Претседавач со Унијата на Ветерани и Трајче Трајковски претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт Австралија, кој во пригодниот говор што го одржа, потсети на револуционерната дејност на Драган Богдановски во дијаспората и во Македонија. Драган Богдановски потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште Драган завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград, каде уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб“, заради што одлежал 4 месеци во затвор. По излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на кој било факултет во Југославија. По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија илегално ја преминува границата со Грција, а истата година заминува за Јужна Америка (Аргентина и Бразил) каде престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција, каде во Париз се запишува на Сорбона на факултетот за политички науки и журналистика. За неговите страдања во затворот сведочат и неговите Мемоари собрани во книгата Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“, објавена од Задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаида во Австралија, а помогната од чесни и искрени следбеници на Драган Богданоски. Финансиери за бистата се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид од Австралија., се вели на кјајот од текстот. Драган Богдановски почина на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год. Исто така, посебно место во списанието е посвеенео на интервјуто со Тоде Мицковски од Сиднеј за манастирот во изградба посветен на Света Лидија – Македонска во битолското село Поешово Оваа величествена градба се гради во централниот дел на селото, во непосредна близина на постоечката црква Св. Ѓорѓија Победоносец и по една слободна проценка, зафаќа површина од околу 40 м² и дворно место од околу 300 м².. Заслужува внимание текстот на англискијазик на Виктор Бевил под наслов „ МАКЕДОНИЈА –КНИГИ, ГЕНОЦИД,ТАТКОВИНА,, СЕЛА (Дел2 ТАТКОВИНА) (MACEDONIA – BOOKS, GENOCIDE, HOMELAND, VILLAGES (Part 2- HOMELAND). Пишува: СЛАВЕ КАТИН |