Среда, 27 Септември 2023   
ГОДИШЕН БАНКЕТ НА МПЦ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ОД КЕМБРИЏ, КАНАДА

1kanba1ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Македонската православна црква „Рождесрквото на Пресвета Богородица“ ("Света Мала Богородица") од Кембриџ, на 21 октомври организираше заедничка богослужба со повеќе македонски свештеници од македонските православни цркви во Онтарио. Салата беше преполна со верници кои на овој голем празник оддаваат почит на Мајка Богородице.

Со тоа се потврди дека овој македонски православен дом е место на духовен мир за Македонците од Кембриџ, Кичинер, Ватерло и Гуелф. Тоа е место за средби на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат да ги негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски јази и својата земја Македонија.

Инаку, градот Кембриџ каде што се наоѓа цркват „Света Мала Богородица“, го добил името по стариот универзитетски град во Англија. Тој се протега по должината на бреговите на реката Гранд во југозападниот дел на провинцијата Онтарио. На овој град природата му подарила убавини и богатства, па оттука и тој е една од побогатите градски населби во Канада.

Во Кембриџ живеат околу сто и дваесетина илјади жители, од кои поголемиот дел се од англо-саксонско, а потоа и од германско и шпанскко говорно подрачје. Тој е индустриски град, со развиена лесна индустрија и земјоделството. Кембриџ, заедно со градовите Кичинер, Ватерло и Гуелф е град на бројни паркови и зелени површини. Ватерло и Гуелф пак, се едни од најголемите и најзначајните универзитетски центри во Онтарио, особено Ватерло каде многу од студентите се од македонско потекло, а голем број се стекнали со факултетско образование токму во Ватерло. Во тие неколку градови свиле гнезно над илјада македонски доселеници од Македонија, претежно од Леринско, Костурско, Велешко, Битолско, Воденско, Скопско, Струмичко и од други места на етничка Македонија.

1kanba2

На свечена богослужба во црквата „Света Мала Богородица

Во минатото, македонските семејства од Кембриџ за да ги задоволат своите верски потреби на својот мајчин македонски јазик, патувале стотици километри до македонските православни цркви "Свети Наум Охридски" во Хамилтон и "Свети Климент Охридски" во Торонто. Затоа, се појави желбата за своја црква, особено кај семејствата од егејскиот дел на Македонија, врз кои се вршело силно грчко влијани и пропаганда.

Така, на 28 јули 1987 година, група на Македонци, се собрале во таканаречената „Македонска берберница“ во Кембриџ каде одлучиле да формираат македонски клуб. Целта на новоформираната асоцијација била да прерасне во место за средби на Македонците од сите делови на Македонија, кои живеат во Кембриџ, Кичинер, Ватерло, и Гуелф, а потоа да се формира македонска православен духовен национален дом.

Така, во почетокот на 1994 година тие ги започнале преговорите за купување на една зграда на Копската православната црква во Кембриџ. На 15 август истата година, црквата беше купена и адаптирањето во македонски православен дом. Инаку, овој црковен комплекс се состои од црковен храм, крстилница, сала за помали црковни обреди, сала за прослави, административни простории, библиотека, соба за свештеникот, и паркинг.

Новата македонска православна црква го доби името на мајката Божја "Света Мала Богородица". Потоа доби одобрување од Светиот архиереј синод на Македонската православна црква во Македонија и се прикличи кон семејството на македонските цркви во Канада. За кусо време црквата беше подготвена да им служи на македонските иселеници. Така, првата богослужба на македонски јазик се одржа на денот Мала Богородица, на 21 септември 1994 година од страна на архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ господин господин Михаил, митрополитот  господин Кирил, а присутен беше и авторот на овие редови Славе Катин, како гостин од Македонија и како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници во Република Македонија.

Тие се сретнаа  и разговараа со голема група иселеници од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните градови. Оваа средба остави длабок впечаток кај сите присутни кои беа охрабрени за да преземат уште поголеми активности на духовно, културно и национално поле.

Секоја година, Македонци од овој дел на Онтарио го слават големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, кој е патрон на црква  "Света Мала Богородица". Оваа година бројот на пријавени гости беше голем, а салата во црквата е релативно мала. Затоа  Управата на Црквата, на чело со свештеникот Гоце Деспотовски решија  да го организираат годишниот банкет на црквта во големата сала на соседна македонска православна црква „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон.

Така, 23 септември 2023 година за Македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ ("Света Мала Богородица") ќе остани во долго сеќавање, не само како годишен банкет на црквта, туку и како заедничка вечер на Македонците од сите ближни градови и места од Мисисага до Нијагарините Водопади. Преполнетата сала со гости ја поздрави Бранкица  Матевска, претседател на Управниот одбор  на црквата "Света Мала Богородица"  , а гостите ги  забавуваше позната музичка група „Децата од Буф“ и естрадниот уметник Соња Лозановска, кои успееја да ја направат вечерта  незаборавна со нивните македонски песни и ора,

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.