Среда, 11 Октомври 2023   
ИЗРАЗУВАЊЕ НА ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА НА ЛУ ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИОТ СИН НА МАКЕДОНИЈА (37)

1bliz4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Бидејќи претседателот беше под обезбедување на американската тајна служба, пред вечерата извршија проверка на домот на Винс и на соседството. Иванов дојде во придружба на тајната служба на вечерата, и таа беше таму за време на вечерата и го придружуваше на патот назад кон неговиот хотел.

Сите планиравме да се сретнеме во лобито на хотелот и нашите три возила да одат во група до домот на Винс. Меѓутоа, кога пристигнав во лобито, претседателот и неговото обезбедување веќе заминаа кон домот на Винс.

Во нашето комбе, кое го обезбеди македонската амбасада, беа семејствата Костови, Вангеловски, јас и возачот на амбасадата. Тој нè увери дека GPS-от ја има точната адреса на Винс и дека ќе стигнеме таму без никаков проблем.

Додека го напуштавме центарот на Вашингтон, го прашав: „Оваа маршрута не изгледа како што треба. Дали сте сигурни дека сме на добар пат?“

Тој ме увери дека ги следи насоките од GPS-от. Околу 45 минути подоцна повторно прашав: „Ова трае премногу долго. Дали сте сигурни дека сме на вистинскиот пат?“ Станував нервозен. Наскоро треба да бидеме таму, ми рече. Неколку минути подоцна прашав: „Каде сме?“ Набргу потоа тој застана.

„Тука сме“, објави тој. Но, „тука“ не беше таму каде што сакавме да дојдеме. Тој внесе погрешна адреса во GPS-от и сме патувале во погрешна насока повеќе од еден час. Се уште имавме еден час да стигнеме на точната адреса.

Конечно се појавивме додека другите гости уживаа во продолжен, но до тој момент веќе и многу опуштен, коктел.

„Многу сум вчудовиден. Знаев дека си многу смирен човек, но веројатно сакаше да го убиеш тој возач“, ми рече Зоран подоцна. Но, возачот беше Македонец кој неодамна има дојдено во амбасадата и не можеше добро да се снајде. Тешко беше да му се налутиш.

Имавме прекрасна, иако доцна, вечера и одличен разговор. И јас постигнав две работи:

 Претседателот на Македонија беше гостин на моето семејство.

Мојот син и неговото семејство имаа можност да се сретнат со лидерите на Република Македонија. 

Поврзување со земјата овде 

„Јас не сум Грк!

Сè уште можам да замислам како мора да звучеле зборовите на татко ми кога неговиот првороден син го поздравил на тој јазик. Се сеќавам како јас го кажав тоа кога бев во средно училиште, и кога една школска другарка помисли дека сум Грк.

И го кажав тоа токму на ист начин неколку години подоцна, кога прочитав дека татковината на моите родители е всушност отцепена од Бугарија – и тоа го прочитав во публикацијата што беше основана за да ја брани Македонија:

„Јас не сум Бугарин!“

Со години, особено пред мојот ангажман во Македонија да стане обемен во 1996 година, единствената група што за мене ја претставуваше Македонија беше МПО, Македонската патриотска организација (првично Македонската политичка организација).

Никогаш не бевме многу вклучени во МПО, но кога бевме деца, секога

ш кога имаше локална игранка или пикник на МПО, ние бевме присустни. Убаво се забавувавме и уживавме со Македонците. Имаа дури и младинска група во која брат ми учествуваше еден ограничен период на време, а јас присуствував на два нивни конгреси во 1950-тите.

Тие беа мојата единствена врска со Македонија, покрај нашите роднини и пријатели.

Можам да се присетам дека кога бев многу мал, Македонски Трибјун пристигнуваше дома кај нас, со страници текст испишани на македонски јазик, секој месец. Кога моите родители починаа, јас ја преземав нивната претплата, па го разгледувам или читам Трибјун повеќе од 70 години.

1bliz44

МПО со години работеше за слободна и независна Македонија, а Трибјун го отсликуваше тоа. Меѓутоа, во последно време тие стануваа пробугарска организација, инсистирајќи дека ние сме Бугари -- и дека никогаш немало македонска култура или јазик! Всушност, „Македонски Трибјун“ имаше барем еден едиторијал во кој му се припишува заслугата на Тито, претседателот на една вештачки произведена држава -- Југославија, од 1945 до 1980 година – дека го измислил македонскиот јазик.

Брзо одговорив со авторски текст, велејќи дека не можев да сфатам како татко ми, кој имаше ограничено образование, бил способен да го измисли и зборува македонскиот јазик многу пред да постои Тито.

Го испратив до МПО и – воопшто не се изненадив -- кога не добив никаков одговор. Ниту, пак, некогаш текстот беше објавен.

Уште кога бев млад, бугарското влијание почна да се поткраднува. МПО почна да ни ја насловува преписката со името Влашоф. Ние се побунивме, потсетувајќи ги дека сме Македонци, а не Бугари.

Единствената друга македонска група за која знаев долго време беше Македонската конвенција на Американско-Канадска македонска православна епархија (American Canadian Macedonian Orthodox Diocese’s Macedonian Convention). Не знам многу за тоа, но отсекогаш сум мислел дека сè што ги зближува нашите луѓе има некаква вредност.

Но, кога и тие започнаа годишна конвенција и планираа таа да се случи истиот викенд во септември, на Денот на трудот, како МПО, бев вознемирен.

Ние сме еден грст луѓе, а сепак постојано работиме еден против друг. Зошто да ја разделиме нашата мала група? Зошто да не се здружиме и да имаме една голема конвенција? И двете групи продолжуваат да имаат засебни конвенции на Денот на трудот.

Имаше голема потреба од вистинска организација. Така, кога добив телефонски повици од двајца млади Македонци за формирање македонска дијаспора, бев импресиониран и навистина задоволен што ме побараа.

Бев многу возбуден кога требаше да се запознаам со Методија Коловски и Александар Митрески, чијашто беше оваа идеја за формирање македонска дијаспора. Овие двајца млади луѓе сакаа да дојдат во Нејплс и да разговараат со мене за нивниот план.

Мето беше првиот што дојде во Нејплс. Седнавме во центарот на Нејплс, надвор во ресторанот Вергина, и тој го изнесе нивниот план за формирање на ОМД. Бев многу импресиониран од деталното планирање што го направија тој и Александар. Неколку недели подоцна Александар, неговата сопруга и детето дојдоа во Нејплс и повторно детално го разгледавме нивниот план. Алек исто така беше многу импресивен.

Тие планираа да се сретнат со други за да добијат поддршка за нивната организација. Навистина ми беше мило што двајца млади Македонци ја увидоа потребата и беа подготвени да ја формираат и да раководат со оваа организација. Им реков дека ќе го поддржам ОМД и го правам тоа уште од неговото основање во 2004 година. ОМД ќе биде клучен во тоа да ги држи следните генерации на Македонци заедно, лојални на својата татковина и помагајќи ѝ таа да напредува.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.