Среда, 29 Ноември 2023   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 63 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

1kov2

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави списанието „Повод“ број 63“ наменето за литература и култура.Ова значајно списание успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска Австралија. 

Издавач на списанието „Повод“ е „Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајнер е на Александар Донски.

Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетесата Лилјана Тошеска  од Сиднеј, која  од самиот почеток на формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во 1978 година ја зазема функцијата на секретар каде одигра водечка улога во формирањето на Друштвото, покрај Душан Ристевски и Јован Кокаловски. Исто така повеќе години е член во редакцијата на списанието „Повод“.

Поезијата на Лилјана Тошеска повеќе пати била наградувана на конкурсот за Прличева награда. Таа има објавувано своја поезија во повеќе зборници и антологии, како во „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), “An Island on Land“ (1999), “Macedonian Poetry in Australia” (1996), “Reunion” (2003), „Суница“ (2018). Автор е на збирките поезија „Лирско ехо“ (1988) и на „Молк и бол“ (1991).

Во овој број на „Повод“, пак, се објавени поетски остварувања на Лилјана: „На родителите Слободанка и Боге“, „Време“, „Уништување“ и „Благослов“.

Посебен простор во списанието „Повод“ бр. 63 е даден на промоцијата на новата книга „Од Архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сидне“ј, од Иван Трпоски, за која зборуваше академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, кој, меѓу другото, го рече следното:

Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на промоцијата на книгата со наслов „Од архивата на Македонското литературно друштво ’Григор Прличев‘ во Сиднеј“ што излезе од печат по повод 45-годишнината од постоењето на Друштвото.

Акадек Коцарев, меѓу другото истакна дека  луѓето кои ја сочинуваат движечката сила во Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј се тие кои се поврзани со силна емоционална врска, восхитени, воодушевени од и за Македонија. Не случајно, името на друштвото е „Григор Прличев“ за когошто Венко Андоновски ќе се праша: „Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер?“ Одговорот на Венко е следниот: тој не е ниту Бугарин, ниту Грк, туку Македонец.

Трагедијата на Македонците во деветнаесеттиот век најверно се отсликува во ликот и делото на Прличев – вториот Хомер, којшто, иако говори и пишува на бугарски, српски и грчки јазик, знае дека ниеден од тие јазици, всушност, не е „неговиот јазик, неговата звучна татковина“. Неговата јазична татковина е македонскиот просторен и временски јазичен континуум, што постоел илјадници години, но продолжува да постои и денес, независно од првата кодификација на литературниот македонски јазик.

Трагедијата на Македонците во дваесет и првиот век е дека македонството, што подразбира национална посебност и самобитност на македонскиот народ во однос на соседните народи, е загрозена идеологија повеќе од кога било порано токму во независна и самостојна Македонија. Затоа, книгата, што денес се промовира, сведочи за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците од „Македонците отаде Екваторот“. На овие испишани страници им посакувам успешна мисија во јакнењето на тој непокор и одржувањето на нераскинливата врска со татковината меѓу Македонците на целата Земјина топка, на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј му посакувам уште многу години успешна и плодна активност.

Ова делото на Друштво „Григор Прличев во Сиднеј, чиј автор е Иван Трпоски беше промовирано и во Охрид на 15 август 2023 година во Библиотека “Григор Прличев“. Промотор беше проф.д-р Виолета Ачкоска, која, меѓу другото истакна: „ Иван Трпоски, е член на Друштвото на писатели на Македонија, добитник на значајни награди и признанија за неговата општествена дејност и литературно  творештво во Македонија и Австралија. Покрај  бројните објавени дела – стихозбирки, патеписи, биографски и публицистички трудови,  негови творби се застапени во повеќе антологии и  зборници, а зазема заслужено место во Енциклопедиите на Австралија и Македонија.

 

Врз Република Македонија и кај Македонците и денес продолжува и се засилува духовниот геноцид. По толку творештво кое го создаваа генерции писатели, поети, научници, се бара да се откажеме од тоа неисцрпно национално богатство, да се откажеме од сè што е наше,а кое безсрамно ни го одземаат, како што ни ја поделија и распределија етно-географска Македонија во 1913 година. Сакаат сосема да нѐ претворат во безр’бетници, во аморфна маса која ќе ја калапат како сакаат до исчезнување, до заборав. Но, ние паметиме и секоја генерација го предава факелот на македонската борба на своите потомци.

Исто така, во врска со промоцијата на книгата „Од архивата на македонското литературно друштво „Григор Прличев“ (1978 - 2023) од Иван Трпоски во МАНУ и проф.д-р Елка Улчар имаше своја беседа. Таа, меѓу другото рече дека првото име е топоним и гласи Австралија. Иако никогаш не ја посетила оваа голема, далечна, и прекрасна земја континент, за која оние што ја посетиле, но и оние што живеат во неа велат дека е ветена земја во која се чувствуваш како да си на друга планета... значи, иако никојпат немало бидено во неа, со неа од нејзината најмала возраст имала воспоставено некаква сентиментална врска.

Со сите права што ги уживаат Македонците во Австралија, од правото на школување на македонски преку правото на здружување во разни професионални, еснафски и културни здруженија, до правото на црква и медиуми на македонски јазик... за овој континент земја во кој свое уточиште побарале и нашле Македонците дури од крајот на 19 век, - со право можеме да речеме дека е таа втората татковина на Македонците која во текот на 150 години, иако на растојание од 20 000 км, никогаш не ја раскинала врската со Македонија на Балканот, во Европа.

Во својот текст под наслов „Незаборавен промотивен чин“, пак, Фиданка Танаскова ке напише дека по повод јубилејот 45 години на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј се одржа  значаен културен чин кој ќе остане впишан во летните хроники на главниот македонски град. Тоа  беше претставувањето на обемното дело, насловено „Од архивата на Македонското литературно друштво ,Григор Прличев’ од Сиднеј“ чиј автор е истакнатиот поет, хроничар и активист Иван Трпоски.

Во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите, во тој храм на науката, кој ги отвори вратите за овој памтелив културен настан, беа присутни многубројни писатели, академици, професори, историчари, иселеници, новинари и љубители на творештвото.

Во продолжение Душан Ристевски пишува за новото дело насловено „Летопис на духовната пчела“ од познатиот иселеник во Сиднеј, Кире Циревски - Кико. Во текстот се вели дека во над 500 страници, во тврд повез, низ текст, фотографии и фотокопии од оригинални документи, презентиран е организираниот живот на македонската иселеничка заедница на австралискиот континент, од првите доселувања доденешната, четврта генерација..Авторот Циревски, ставил акцент на црковното организирање, како начин и средство за отфрлање на странските пропаганди во обидите за однародување на Македонците, потоа на формите на културно-образовно, спортско и сеопшто издигнување и зачувување на македонската самосвест.

Културното и духовното живеење на Македонците во дијаспората претставува обемна материја, која, ниту малку не е начната, а низ која се проткајуваат многу суштински прашања за евидентирање на вистината за МПЦ, за македонскиот народ во минатото и денес во борбата за самоодржување и самодокажување на својот идентитет, манифестирајќи ја својата култура, наследство, јазик и литература.

Исто така Душан Ристевски посветува особено внимание на новото дело под наслов „Огледало“ на авторот на овие редови, Славе Катин. Во текстот, меѓу другото е забележано: „Публикацијата „Огледало“ е посветена на Славе Катин и добивањето на престижната „Награда за животно дело 2022“ од организацијата Обединета македонска дијаспора од Вашингтон, САД. Славе Катин е книжевник, журналист, публицист и аналитичар на Македонците во светот. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите 62 публикации и 5.000 новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква –Охридска архиепископија, како и на Античка Македонија.

Покрај Славе Катин, досегашни добитници на „Наградата за животно достигнување“ се и поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Џон Битов и Џејмс Сандерс од Канада, Џорџ Атанасоски, Атанас Коларовски и Луј Влашо од САД и Мик Веловски од Австралија.“.

Во текстот на Ристевски, исто така,  се вели дека Славе Катин е добитник на наградата „Повелба за животно дело“ што ја доделува Советот на Пелагониските средби од Новаци-Битола за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење. Тој е добитник и на „Наградата за животно постигнување во творештвото“, која му беше влачена на „49-те Иселенички Љубински средби“ во Љубојно, Преспа. Исто така тој е добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков 1991“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија од областа на журналистиката. Тој е почесен член во литературните друштва „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада и “Григор Прличев“, од Сиднеј, Австралија, и доживотен волонтерски член во фондацијата „Атанас Близнаков“   на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Во продолжение се дадени текстови за промоциите на делата: „Поетски мозаик“од Гордана Димовска чиј промотор беше Дона Димовска Кантаровска и „Расчеречени души македонски“ од Нове Младеновски чиј промотор беше Ордан Андреевски. Промоцијата се одржала на 10 септември 2023, во МЛД Кочо Рацин.

Забележано е дека промоцијата беше уште една во низата значајни литературни манифестации кои пред се се грижат за негување на македонскиот јазик и афирмација на македонски литературни дела. Промоцијата започна со добредојде од страна на водителката Лидиа Стојаноска која рече дека и’ претставува посебно задоволство што писателите, поетите иако далеку од својата родна земја творат за Македонија и на македонски јазик. Овие дела ќе останат засекогаш да поучуваат, насочуваат, инспирираат други, но најважно од се е тоа што ќе сведочат за постоењето на македонскиот јазик.

Потоа се поместени песните:„Порака за саканата Мајковина“ од Оливера Јовановска, „Повик на Илинден“ од Љубица Поповска, како и „Илинден“  и „Независна Македонија“ од Наум Пауноски.

Во продолжение е поместено интервјуто под наслов „Македонскиот народ низ светот е како голем оркестар без диригент“ со Виктор Бивел, новинарот и издавач во Австралија, кое е објавено во „Нова Македониа“ на 23.08.2023 година.Во него, меѓу другото се вели дека Македонците, без разлика на местото на раѓање, живеење или работење, се составен и аскинлив дел од македонскиот народ. Оттука, Македонија како заеднички именител и обединувачки елемент на македонскиот национален супстрат има обврска да се грижи за сите Македонци. И обратно! Македонците од Бугарија, Србија, Грција и од Албанија, како и многубројната македонска дијаспора од Европа, Америка и од Австралија, имаат право и обврска да ги следат, да се грижат и да ги искажат своите ставови за состојбите и случувањата во нивната матична држава, како и да вложат напори за развојните политики што ја засегаат целата македонска нација.

Неговиот портал „Политекон“ ги афирмира македонскитенационални особености, но и борбата за човекови права на Македонците во Република Грција. Со неговите активности се поврзани неколку проекти, меѓу нив е и онлајн препечатувањето на првиот македонскиот весник „Македонска искра“ што се печатеше во Австралија од 1946 до 1957 година. Во 2004 година го објави делото „Македонските заедници низ целиот свет“, што е прва компилација на голем број имиња што можеше да ги најде за градовите и селата низ целиот свет каде што има македонски населби. Со Бивел се разговаравше за проблемите со кои се соочува македонската дијаспора, но и за тоа како Македонците од Австралија гледаат на низата предизвици од политички, економски, безбедносен и друг карактер што ја засегаат Македонија, како македонската заедница размислува за начините за надминување на актуелните предизвици и каква би била нивната поддршка.

Исто така, во списанието „Повод“ бр.63 од септември, е поместен текстот под наслов „Спектакуларен Илинденски фестивал на ФОМКУД Викторија“, во кој се вели дека на 26 август 2023, во организација на ФОМКУД (Федерација на македонските културно уметнички друштва на Викторија) се одржа традиционалниот 37-ми по ред, Илинденски фестивал. Ова беше само уште еден од многуте настани и празнувања во сојузната држава Викторија по повод големиот национален и верски празник Илинден.

Водител на програмата беше – Елена Ѓуровска, која рече дека тоа беше вистински празник за очи, фолклорна разгледница на која се восхитуваа сите и посакуваа да трае подолго. Играорците го дадоа најдоброто од себе презентирајќи ја македонската традиција, обичаи, историја низ песна и оро. Импресивни настапи од сите МКУД, за што сведочат громогласните аплаузи и овации од пyбликата.

Исто така, во овој број на „Повод“ е поместен патеписот на Иван Трпески под наслов „Спомени од одморот во Македонија“ (2023), во кој ги опишува неговите спомени за промоцијата на книгата „Од Архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј“, во МАНУ и во Охрид, потоа за средбата со Виолета Ачкоска и Горја Петевски во Охрид, за средбата во „Св Пантелејмон“ во село Света, Демирхисарско, за посетата на намастирот „Св. Лидија – Македонка“ во Поешово, за учеството на „Поетските средви“ во Велестово и други активности.

Во продолжение е поместен текст на Божин М. Андоновски во кој е забележано дека  на 13.08.2023 година (недела), со почеток во 12 часот се одржа настан во организација на Тодор (Тоде) Мицковски од Австралија за одбележување на успешното и навремено завршување на севкупните ѕидарски работи (со делкан камен и фасадни тули) и ставање под покрив на манастирскиот комплекс „Св. Лидија Македонка“ во село Поешево, Битолско.

На крајот е презентиран дел од творештвото на Гордана Димовска, при што се презентирани песниата „Илинденска“ и опширен текст за Илинден, како и песната „Илинден наш светол празник“, за да заврши со Соопштението на Наградниот конкурс за „Прличевата награда на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.