Среда, 29 Ноември 2023   
Меѓaта на животот од Љубица Поповска

                           1lubica1 1 1lubica1 2       

Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј се објави најновото поетско дело „Меѓата на животот“ од Љубица Поповска која живее и твори во Мелбурн. Рецензент на книгата е Гордана Димовска.

Оваа, 2023 година, се навршуваат 45 години од објавувањето на првата збирка поезија од Љубица Поповска “Битола, бабам, Битола” по повод ослободувањето на Битола 4-ти Ноември. И оваа 23-та збирка поезија пак се издва по повод 4-ти Ноември.

Во предговорот на книгата Љубица забележува дека пишувањето поезија не и дава мир. Пишува патриотска и лирски песни, со социјални и религиозни теми, но секако по преселувањето во Австралија преовладува темата поврзана со иселувањето и болката за родното огниште – Македонија. Исто така пишува и детска поезија инспирирана од своите деца и внуци. За Љубица, членувањето во Литературните друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн и Литературното друштво „Григор Прличев“ ја потсетува на нејзиниот поетски почеток како член во Литературниот клуб „Стале Попов“ во Битола. Нејзини книги се промовираат во овие градови како и во Битола, а тоа е и голем стимул и предизвик да продолжи и твори, да ги изнесува своите чувства и немир, својот восхит и сонови.

Рецензентот Гордана, анализирајќи го ова дело ќе забележи  дека ова најново дело на поетесата Љубица е навистина голем успех, „недостижен за многу, а за неа остварен сон кој го сонувала и вредно работела да го достиге уште како мало љубопитно девојче“.  За Љубица поезијата е љубов, нешто кое и дава смисла на нејзиниот живот. Гордана ќе заклучи дека без нејзините бројни поетски изданија сиромашна би била македонската книжевност. „Меѓата на животот“ содржи поеми за љубовта, животните патешествија, неостварена љубов, желби и идеали, премостување на проблемите и продолжување напред, за родното огниште, за чедото, за убавините на пролетта, есента е вистински поглед низ прозорецот кон нова иднина и остварување на сите идеали без разлика колку е тежок патот до нив. Сета оваа мудрост пренесена во нејзината поезија нека биде поучен водич на читателот денес и во иднина за тоа како преку прифаќање на ситуациите во кои се наоѓа, да продолжи да се бори, да пишува и твори, да ја раскажува својата животна приказна низ мудроста на стиховите и силата на македонскиот збор“.

Инаку, Љубица Поповска е родена во Битола. Дипломира на Економскиот факултет и Филозовскиот факултет во Скопје. Првата збирка поезија “ Битола, бабам, Битола “ ја објави во 1977 година. Потоа следат “Палаво детство“, “ Децата од мојата улица“, “Пролет во мојата душа“ и второто проширено издание на “Битола, бабам, Битола” во 2015 година, “Виножито во мојата прегратка“, “Македонски непребол и гордост“, “Светлина во нас и околу нас“, “Пролетен шепот“,”Tраги во времето”, “Песни од мојата младост“, “Патека на детството“- раскази за деца, “Извори од мојата душа“, “Сонот во моите раце”, “Крстопати“, сликовница за деца “ Анабел и Кики во зимските бајки“, “Исус Христос и светците“, “Светлини”, “Видици“, “Светот на дeтето“, “За духовниот свет на децата и младите“, “Немири“ и “Меѓата на животот“. Исто така свои песни и раскази има објавувано во осумдесет Антологии и Зборници. Добитник е на повеќе награди, признанија и дипломи од конкурси и настапи во Македонија и Австралија.

 

1Dusan Душан Ристевски-Македон

 

МЕЃА НА ЖИВОТОТ

На меѓата на животот
застанав,
мислев да избегам од
дрскоста на луѓето,
од гневот собран во
мене,
од вистините и лагите,
од туѓите зборови кои
ми ја одредуваат судбината.

Мислев да ја прескочам
меѓата и се’
да оставам зад себе,
но по мене
се влечеше и понатаму
пајажината од пајакот
- живот
во која бев заробена,
кој ме сопираше во
мојот бег
за да пречекорам од
другата страна на меѓата
во НОВ ЖИВОТ.

Но ехото од вселената
каде е залутана судбината
ми вели:
- Без оглед на тоа што
ти се случува
ти си борец, а не жртва.
Секој живот е круг
од кој нема излез.


Автор: Љубица Поповска
Од најновата збирка” Меѓата на животот”

РЕКА НА ВРЕМЕТО

Жуборот на украденото време
остана тука, негде во нас.
Соновите на тревите во гранките
на нашите мисли овенаа,
плодовите од долго очекуваната
есен
ќе ги бараме на пролет во
разбудените сонови на вљубените.

Соновите ги однела реката
на времето.
Останаа две вирчиња крај
патот,
како две суводолици,
две надежи во песокта,
до следното сонување,
до следниот дотек на дождот
и реката
да ја исплаќаат раната оставена,
не зацелена.

Ги ширам рацете, ги стегам
дланките
да не побегне надежта,
враќајќи се кон себе си,
кон слободата на чекорот.

Автор: Љубица Поповска
Од најновата збирка ” Меѓата на животот”

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.