Среда, 17 Јануари 2024   
ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА СКОПЈЕ – ГЛАВНИОТ ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (9)

1iit2

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Скопје бил граден, уриван, поплавуван, пален, но никогаш не уништен. Како птицата феникс секогаш  опстојувал под различните називи: Скупи, Скупорум, Скупис, Скопос, Скопиоми, Скопље, Скопје. Тој од памтивека  бил и останал на овие простори.

Скопската котлина во терцијалната епоха лежела под вода на големото Среднобалканско езеро. Археолошките наоѓалишта во населбата Маџари (куќи, инвентар) или на земјанките и палисадите на крепоста Кале, потврдуваат дека бил населен овој дел  на Европа уште од камено доба (раниот неолит), што е некаде  пет милениуми пред Христа.

Или 4.500 година пред Христа датираат уметничките остатоци кои веке говорат за цивилизациски вредности пронајдени и потврдени кај селото Говрлево. Околу 600 година пред Христа или во почетокот на антиката датираат гратчињата во Нерези и Злокуќани. А во четвртиот век пред Христа Филип Втори Македонски, во рамките на Македонската држава ги имал во своето царство и овие простори нагоре.

Секако, големото име од овој македонски дел кое потоа тргнало во светот и освојувал територии до Шпанија, е и царот Јустинијана Прима, Јустинијан Први (482 - 565) кој бил роден во местото Тауресиум, денешното скопско село Таор. Натаму, остатоците од дарданското Скупи, тврдините, вијадуктот, црквите и старите манастири.

Сето тоа се дел од богата и долга историја на Скопје. Градот кој лежи на надморска височина од 240 до 350 метри,  бил поврзан со Медијана (Ниш) и Дунав на север, со Стоби и Солун надолу кон југот македонски, како и со магистралата кон Јадранското море,  Виа Игнациа.

Скопје низ вековите доживувало различни развојни циклусни   и други периоди.  Кога војски низ него поминувале, кога душмани го меркале, кога поплави го сардисале, а земјотреси уривале. Но, секако, и најважното,  кога народот најсилен бил, кога правдата  и вистината  победувале, кога градители го создавале и вишно и ширно  распослале.

Денес Скопје  е убавиот град на двата брега од најголемата македонска река Вардар и е престолнината на Република Македонија. А во ова  современо Скопје, каде ли да појдете, каде ли да застаните, од каде ли да го погледнете, се околу вас е еден значаен цивилизациски, историски, културен, архитектонски, духовен колаж, кој македонската престолнина ја вредува меѓу  највпечатливите градови во  поднебјето на јужна Европа.

Ако се рашетате низ Старата чаршија таму ке ви речат дека уште до Втората светска војна имало 1169 дукани. Дека имала цркви, анови, бањи, безистен, џамии…

 Дека децениите минувале, а скопските занаети го ширеле својот спектар. Дека долго ечеле чеканите и наковалните на ковачите, кујунџиите, самарџиите, металостругарите, златарите..

1iit22

Дека низ сокаците  преку Камениот мост на Вардар повеќе од 500 години  минувале и карвани и запреги и кочии и пајтони, а сега катадневно минуваат реки од автомобили  и  од народ.

На плоштадот “Македонија”  кој е  во срцето на метрополата  и кој уште од  1924 година  добил калдрма на 1 355 метри квадратни, како стража да му чуваат Ристиќевата палата, Природно научниот музеј, Поштите, ресторани и други интересни стари  и нови  градби, особено многубројните споменици и нови градби на и околу Плоштадот.

Штом се изодат првите метри од сокаците на чаршијата по улицата ''Архиепископ Ангелариј''  по скалите  се излегува на плоштадот  пред ѕидовите на црквата 'Свети Спас во која се наоѓа прекрасниот иконостас изработен во резба. Тајфата на  Петре Филиповски Гарката, неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски се тие горостаси кои од 1817 до 1824 одина  го оставиле како вистинско ремек дело иконостасот.

Во дворот на црквата Свети Спас  е и вечното почивалиште на апостолот на македонскиот непокор Гоце Делчев.

Во Скопје е и најголемиот соборен храм Свети Климент Охридски, Митрополијата на Македонската православна црква, како и Богословското училиште и Богословскиот факултет. Градот е богат со безброј стари, вредни и непроценливо цркви и манастири.

Одозгора како некаков закрилник му е тврдината Кале, а подолу се големите центар и споменици. Скопје има своја Опера и балет,   Филхармонија, Македонскиот народен и Драмски театар, го има јадрото на високообразовната пулсација Универзитетот ''Св. Кирил и Методиј'' и на научните дострели Македонската академија на науките и уметностите.

Главниот македонски град е седиште на Владата, Парламентот, министерствата, амбасадите,  има многу хотели, споменици, навистина има толку многу минато и сегашност низ неговите хоризонтали и вертикали. Но, најдобро ќе се почувствува градот на вековите,  само ако се дојде и се прошета ова вистинско богатство овој аманет на генерациите.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.