Среда, 24 Април 2024   
ВО КВИНБИЈАН ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈАТА НА РОМАНОТ „ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОСКА ГАТСИС

Kvin11

На 25.3.2024 година, во просториите на црквата „Свети Илија“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс (Австралија), се одржа промоција на романот „ Жална Македонија“, од писателката Велика Џангаловска Гатсис, која е по потекло од Македонија. Таа долги години живее во Австралија, но и покрај тоа го негува мајчиниот македонски јазик и писмо, па сите нејзини поеми, раскази и романи ги пишува на македонски јазик. Промоцијата беше организирана од членовите на Литературното Друштво „Ванчо Николески “ и нивниот претседател господинот Наум Трајчески.

Промоцијата започна во 12 часот, точно напладне, каде господинот Јовица Ѓоргоски ја отвори промоцијата. Тој со неговиот опширен говор ја запозна публиката со содржината на романот, во кој писателката го опишува животот на младата селанка наречена Калеша, која живее во втората половина на 19 век, во времето кога владееле Османлиите во нашата земја Македонија. Од содржината на овој роман на едноставен начин доаѓаме до сознание кои сме, што сме и до каде сакаме да одиме за да бидеме признат народ во светот. Салата беше полна со посетители, меѓу кои, освен од Квинбијан,  имаше гости дури и од Сиднеј, Мелбурн и Канбера.

Краток говор одржа и македонската амбасадорка од Канбера, госпоѓата Билјана Стефановска Сековска. Промоцијата беше мошне успешна, а доказ за тоа беше и продажбата на многу примероци од романот. По промоцијата следуваше богат ручек со печено прасе што го подготвија домаќинките и членовите на Литературното Друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан.

Многу од посетителите кои од претходно го имаа прочитано романот, дадоа предлог да се направи негово продолжение, т.е.  втор дел. 

Kvin1

Kvin111

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.