Среда, 29 Мај 2024   
ПРВИОТ МАНАСТИР ВО САД „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО РАНДОЛФ И ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО ТОТОВА (28)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

            1miv1      1miv11

Манастирот “Св. Ѓорѓи” се наоѓа надвор од централното градско подрачје и е сместен во месноста Рандолф, една од чистите, скапите и перспективните месности со безброј дрвја и река. Манастирот се состои од црковен храм што може да прими околу 300 лица, две помали Сали и други помошни простории. На влезот од манастирот има икона од поголеми димензии посветена на св. Ѓорѓи. Олтарот, пак, на манастирот е збогатен со повеќе икони донесени од Македонија, а подарени од бројни македонски доселеници.

Камен – темелникот на манастирот беше поставен во септември 1978 година, а по две години, започнаа градежните работи, кои траеа четири години. Но, се чини, најзначаен датум за манастирот “Св. Ѓорѓи” беше 16 септември 1984 година, кога беше завршена изградбата и извршено осветување на овој македонски духовен и културно-просветен дом.

На тој ден се овековечија неколкугодишните напори и саможртви на македонските верници од Пасаик и другите места. Тоа беше голем настан за македонските доселеници и овековечување на уште еден македонски дом во САД.

По опожарувањето на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик и изградбата на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, подолг период манастирот “Св. Ѓорѓи” ги задоволувал религиозните и културните потреби на Македонците од Рандолф,  Сидер Гроув, Пасаик и други места во околината каде што живеат македонски доселеници.

Тука Георги Томов одржал многу значајни концерти со друштвото “Гоце Делчев”.

Членовите на манастирот “Св. Ѓорѓи”, заедно со членовите на црквата “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, се учесници на парадата што секоја година се одржува на Денот на независноста на САД, 4 јули.

Притоа, играорците на КУД “Гоце Делчев”, предводени од Георги Томов, заедно со поголем број македонски доселеници се добитници на повеќе награди за најдобра флота, на дефилето што се одржува во Рендолф.

Исто така, во Њу Џерси постои и Македонската православна црква “Св. Никола” во Тотова. Инаку, Тотова е едно од низата гратчиња споени едни со други и нанижани како еден град во Њу Џерси. Таму живеат народи од целиот свет, меѓу кои и од Македонија. Ги има најмногу од Охридско, Битолско и Прилепско, а во последниве години нивниот број се зголемува со доселеници од Неготинско, Кавадаречко, Скопско и други места ширум Македонија.

По опожарувањето на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик и заради зголемениот број доселеници и оддалеченоста на местата на нивното живеење, била формирана Македонската православна црква Св. Никола во тотова. Имено, група македонски доселеници донеле решение да се гради новата македонска црква “Св. Никола” во градот Тотова.

1miv111

Македонско оро

Притоа, во почетокот на 1992 година било купено место на кое имало голем хангар кој требало да се реновира во храм. За таа цел биле обезбедени средства и на 14 август 1992 година почнала изградбата на црквата.

Истата година била регистрирана кај локалните власти во Њу Џерси. На 14 август 1994 година црквата била завршена и осветена од архиепоскопот Михаил. Осветувањето се доржало на многу свечен начин, во присуство на девет свештеници од девет македонски цркви од САД.

Потоа започнала да се гради салата во продолжение на постојниот објект. На 14 август 1999 година било извршено осветувањето на салата, а за Велигденските празници во 2000 година била целосно завршена. Црквата располага со огромна и убава сала што го носи името Македонски културен центар “Александрија”.

Исто така, според Статутот на “Движењето за македонски човекови права” за Северно-источна Америка (како што е регистрирано), главна цел е да ги оствари правата и демократските човекови слободи на сите Македонци, особено во Бугарија, Грција и Албанија. Тоа работи во соработка со сите МПЦ, друштва и асоцијации во Њујорк и Њу Џерси.

Оваа патриотско-хуманитарна организација, под раководство на Георги Томов и на други активни членови имаше преземено бројни активности од различен карактер. Една од активностите беа демонстрациите пред Конзуларното преставништво на Грција во Њујорк на 14 март 1992 година.  Тоа беше протест против Владата на Република Грција за нејзината антимакедонска кампања во однос признавањето на Република Македонија како демократска, независна и суверена држава, како и против геноцидот што се врши врз Македонците во егејскиот дел на Македонија.

Еден од најзначајните собири на ова Движење е оној пред ООН во Њујорк на 08.08.1998 година кога се собраа повеќе стотини Македонци од САД и Канада. Протестот се одржа по повод 85-годишнината од поделбата на Македонија со Букурешкиот договор.

Во Декларацијата што беше предадена во ОН во Њујорк, меѓу другото, се вели дека се бара од ООН да го воспостави уставното именување на Република Македонија, согласно универзалната Декларација за правата и слободите на човекот. Исто така, според Комисијата за заштита на малцинствата, да им се овозможи уживање на основните жовекови права и слободи на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција.

Во оваа насока, придонесот на Георги Томов за зачувување на основните човечки права и слободи беше огромен. Тој тоа го покажа и докажа како човек хуманист кој се бори за правата на Македонците, туку тој е поборник за правата и подобрата иднина на сите луѓе во светот.

Њујорк е познат и по тоа што македонското радио “Глас од татковината” опстојува најдолго во САД, информира Георги Томов. Тоа за првпат започна да работи на 10 септември 1971 година како чувар на македонскиот јазик и афирматор на македонските ора и песни од сите делови на Македонија.  

Душата на овој радио час е познатата водителка и моја долгогодишна пријателка Вера Шврговска, велеше Томов и продолжи. На програмата се застапени вести од Македонија, од македонските колонии во Њујорк и Њу Џерси, реклами, поздрави и желби, репортажи, историски осврти и други материјали од областа на фолклорот и музичкото творештво.

Вера Шврговска, информира Георги Томов, беше првиот водител на телевизиската програма која започна во Њујорк во 1975 година и се емитуваше еднаш неделно. На Радио часот на Вера Шврговска повеќе пати е застапен Георги Томов. Особено по повод 70-тиот роденден на Георги Томов.         

Продолжува 

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.