|
|
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЈУНСКИОТ БР. 67 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ - АВСТРАЛИЈА |
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЈУНСКИОТ БР. 67 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ - АВСТРАЛИЈА Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е прво од таков вид во дијаспората. Тоа беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата. Познатиот иселеник, поет, писател, драматург, општественик Душан Ристевски - Македон, како иницијатор за формирањето на Друштвото беше првиот избран претседател на оваа македонска асоцијација во која се зачленети десетици познати и признати почитувачи на убавиот македонски литературен јазик, вљубеници во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството, во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата Како резултат на големата љубов кон пишаниот збор, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ го објави јунскиот бр. 67 што претставува голем успех за Македонците во иселеништвото, особено за Македонците во демократска Австралија. Списанието „Повод“ успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во Австралија и е едно од најзначајните иселенички информативни гласило. Списанието „Повод“ го уредува редакциски одбор во состав: Душан Ристевски-Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски и Славе Катин (Македонија). Технички уредник и дизајнер е Александар Донски. Новиот број на сисанието „Повод 67“ на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на насловната страница ја содржи фотографијата на поетеот Бранко Наумовски. Во текстот е забележано дека Наумовски е роден на 1.03.1941 година во с. Дихово, Битолско, Македонија. Учителска школа и Педагошка академија завршил во Битола, а Филолошки факултет (Историја на книжевностите со македонски јазик) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1992 година. Долги години работел како наставник по македонски јазик во основните и средните училишта во Сиднеј и во Министерството за образование за воспоставување на програмска настава по македонски јазик кај Македонците во Австралија. Повеќе години беше редовен дописник во македонските весници и списанија во Австралија и Македонија и радио водител во програмите „Сиднеј Македонија“ и „Луна“. Автор е на учебниците: „Античка Македонија“ за V и VI одделение и „Зборот наш македонски“ за IV одделение. Добитник е на наградите: „Иселеничка Грамота“ (1997), „Празник на липите“ (2006), „45-ти Ноември“ (2006), „Македонско Сонце“ за животно дело (2014). Член е во Литературното друштво „Григор Прличев“,Друштвото на новинарите на Македонија, како и на Друштвото за наука и уметност – Битола. Бранко Наумовски е застапен со поезија во следните антологии и зборници: „Видици“ (1994), „Macedonian poetry in Australia”(1996), „Поетски иселенички меридијани„ (1996), „Коти на копнеж и страст„ (2003), “Opening Of Borders”(2001), “Reunion” (2003). Бранко е автор на збирките поезија: „Време за спомени“, „Вратете ми ги времињата“, „Свети синори“, „Прострелана ѕвезда“, „Каменот пред портата наша“ (двојазично издание) и збирката раскази „Чувар на детските спомени“. Покрај биогравските податоци дадени се презентирани неговите песни „Австралија“, „Дожд во Дихово“, „Знам кој сум“ и „Кон светлозарноста на браќата Миладиновци“. Продолжението на „Повод 67“ е посветено на светите Кирил и Методиј преку личните творби на:членовите да Друштвото и тоа: Гордана Димовска, Наум Трајчески, Љубица Поповска, Оливера Јовановска, Наум Пауноски, Иван Трпоски и Ристо Галевски. Исто така, текстот на Александар Донски под наслов „Македонското етничко потекло на светите браќа Кирил и Методиј“ во кој се спомнуваат неколку размислувања во врска со етничкото потекло на светите браќа Кирил и Методиј, е посветено на светите Кирил Методиј и привлекува големо внимание, Во продолжение Душан Ристевски – Македон пишува за излегувањето на навата книга на авторот на овие редови, Славе Катин, под наслов Selected Papers for Makedonija“ (Избр нa текстови за Македонија“ на англиски јазик.), која е издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Исто така, Фиданка Танаскова се претставува со осврт на делота на Оливера Јовановска и тоа: збирите поезија ,,Секојдневниот ореол“ ,,Примабалерина“, „Талкање низ соништата“, ,,Чувај го детето во себе“ и ,,Аманети за Битолчани“.
Дел од членовите да Литературно друштво „Григор Прличев“ Во рубриката „Нови книги“ е претставена збирката поезија „Антанија Мариовска“ од д-р Васко Ѓорѓиевски, која е ново издание на МЛД „Григор Прличев“Овојпат. Се работи за збирка поезија на авторот од која се пренесени дел од песните „Мариово на јаве и сон“, „Градот што го сакам најповеќе“, „Паднатиот даб“, „Многу оддамна “ и “Рокдаил“ Исто така Каролина Шиклеска пишува за монографијата „Тополчани низ историјата“ од авторот Љубен Шиклески, а чиј издавач е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Во текстот се вели дека во книгата е направен преглед на историјатот на Тополчани, почнувајќи уште од предисторијата, преку античкиот и средновековниот период, илинденскиот период и времето на НОБ, па сѐ до повоениот период, т.е. до денешно време. Оливера Јовановска, пак, пишува за алманахот под наслов „27- ми април лето господово 2017-та“, кој е посветен на бранителите на Македонија. Алманахот го издаде Хуманитарната организација „Феникс“ од Скопје во иницијатива на претседателката Билјана Целиќ и со подршката на ректорот Аце Миленковски. Притоа се поместени поетски творби од Иван Трпоски и Оливера Јовановска. Посебен простор во овој број на списанието „Повод“ е посветен на текстот на авторот Славе Катин под нслов „ Соња Лозановска – поетеса, публицист, естраден уметник и главн и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто“, Канада. Во него се вели дека Соња Лозановска е позната во македонската културна и поширока јавност, а со својот весник „Македонија“ има посебно место во информативната дејност на Македонците на Северно-американскиот континент. Таа придонесува весникот да биде еден од прозорците кон светот и сакан гостин во домовите на Македонците во Канада и во Соединетите Американски Држави. Исто така, Соња како естраден уметник, позната дама и активист во заедницата има значајно место во целокупното живеење на Македонците во метрополата Торонто. Во продолжение е даден текстот на Валентина Ѓорѓиевски - Парго под наслов „Христијан Јовановски е прогласен за најмлад „Амбасадор за мир“ и му е доделена Цветинова награда за мир. Живко Поповски – Цветин ја додели оваа награда на Христиан кој е најмладиот добитник на оваа награда Душан Ристевски – Македон, пак пишува за видниот општественик Петар Илиевски, кој во 1969 година по негова иницијатива се формира КУД „Преспа“ во населбата Рогдаил каде три години имаше функција на заменик претседател и четири години беше раководител на драмската секција на ова Друштво. Ова драмска секција прикажа повеќе едночинки пишувани од Петар и ја прикажаа пиесата „Денешни времиња“ од Јорде Петревски. Потоа го формира КУД „Орце Николов“ во населбата Калтон, каде имаше функција на претседател повеќе од три години. Овие две друштва одиграа голема улога во ширење на македонскиот фолклор и преку многубројни настапи во промовирање на македонската култура во австралиското мултикултурно општество. Исто така и Иван Трпоски пишува за активностите на Македонците во Австралија во текстот за одржувањето на панахидата во МПЦ „Света Петка“ во Сиднеј, а по повод 121 годишнината од смртта на војводата Гоце Делчев. Всушност, таа била панахида не само за војводата Гоце Делчев, туку и за сите војводи, комити, партизани и борци кои ги дадоа животите за Македонија и делумно ослободување и формирање на Република Македонија. Д-р Соња Енџекова – Сопотска, пишува дека учениците од Мелбурн го прославиле Св. Кирил и Методиј. Настанот се одржал на 24 мај кога беше одржан свечен настан со скромна, достојна, културно-уметничка програма во саботното училиште во Килор Даунс. Славе Катин, пак, пишува за Традиционалната годишна средба на Унијата на ветераните на ВМРО ДПМНЕ, која се оддржа во манастирскиот комплес „Пеленица“ во Драчево а чиј претседател е Мане Јаковлевски, Тоа беше собир на сите асоцијации од Македонија кои ја негуваат традицијата, историјата и идеологијата на ВМРО. Посебен простор е посветен на текстон на авторот на овие редови Славе Катин под наслов “Порталот „Македонска нација’ го издаде 1.000 – от јубилеен број“ , во кој, меѓу другото се вели дека продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција е Мане Јаковлевски. Тој како емигрант во Германија беше голем поддржувач на ова македонско гласило и контактирал со голем број политички емигранти во светот. Веб порталот “Македонска нација“, всушност продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза, за македонската вистини во минатото, сегашноста и иднината. Електронското издание „Македонска нација”, го прославува 1.000-от јубилеен број, кога со своите близу шест илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, за изнесената вистината која ја шири низ светот и претставува вистински браник на македонската национална кауза. Во продолжение следи текстот на Александар Донски под наслов „Дали Нострадамус го продвидел атентатот врз кралот Александар од страна на ВМРО што се случи во Марсеј во 1934 година? Она што е посебно важно за нас е фактот дека Македонија и Македонците обилно се спомнати во делата на Нострадамус. Всушност термините Македонци и Македонија, Нострадамус ги спомнува вкупно девет пати. Ова значи дека за Македонија и за Македонците тој оставил најмалку девет свои пророштва. Гордана Димовска, пак, пишува за античкиот град Блаундос во Турција, Градот бил основан од Македонци кои дошле од Македонија по анадолските походи на Александар Македонски, а се вели дека жителите на градот се нарекувале Македонски. Во текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Милениумската Хераклеја“ е, всушност, интервју со Љубинка Џидрова од Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Во него, меѓу другото е забепежано дека Хераклеја е исклучително археолошко сведоштво од македонското минато, историска и културна оставнина, своевиден мостовник на времето минато и времето сегашно. Исто така, интересен е текстот на Мена Ристевска под наслов „Како да препознаете симптоми на тромб“ - Знаци на кои треба да обрнете внимание. Во него, меѓу другото се вели дека крвното згрутчување може да се создаде и во вените што крвта ја носат до срцето, а кога тоа ќе се случи, симптомите се појавуваат постепено, но може да значат проблеми. Ако научите да ги препознаете симптомите, ќе знаете дека е важно веднаш да се јавите на лекар и така да си го спасите животот. И на крајот од списанието „Повод 67“, во рубриката „Еден поет – една песна“, уредникот Иван Трповски го има застапено поетот Кирил Трендафилов со песните „Желбо моја“. и “Без тебе“. Јуни 11, 2024 годуна Пишува: СЛАВЕ КАТИН |