Среда, 31 Јули 2024   
ДЕЛ ОД ПАТУВАЊЕТО НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НИЗ МАКЕДОНИЈА (37)
 

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе го поместиме текстот на д-р Кристина Калас, член на Ансамблот што беше објавени во магазинот „Њузлетр“.

Во текстот од Кристина Калас се вели: „Како што посветените читатели на „Њузлетр“ веќе знаат, Ансамблот ,,Томов” имаше единствена можност минатото лето (1979) да оди на турнеја и да настапува во родната Македонија на Георги. Бевме поканети да настапиме на Битолскиот фестивал како претставници на нашето родно македонско село ... Њујорк.

Долгорочно гледано, поважно од настапите беше можноста да видиме и да запознаеме дел од луѓето и местата во Македонија. Имавме бучен почеток утрината по нашето пристигнување во Битола кога моравме сосила да се разбудиме за да доручкуваме со градоначалникот. Кафе и густ сок. Никогаш во твојот живот: вотка и шливовица сервирани во чаши со дршка, на сребрени послужавници, од келнери полни со почит со вештина да се приближат нечујно и дополнувајќи ти ја чашата до работ секогаш кога ќе ја свртиш главата на друга страна. И бешто токму таму кога прв пат се запознавме со македонската разонода број еден: држење говори. Колку подлги, толку се повеличенствени, толку се подобри.

Македонците, Бог да ги благослови, имаат извонредна способност да го растегнат, она што за нас би било добродојде искажано во 25 збора, во текст од десет страници искуцани на машина за пишување. И тоа, со еден проред. А често читаат дословно, т.е. од збор до збор. На приемот кај градоначалникот, Георги ни оддаде чест со тоа што преведуваше, фраза по фраза, а потоа Чинг ни го преведуваше неговиот превод.

Но, со уморот позади нас и со шливовицата надвор од нашиот систем за варење, наскоро бевме спремни да ја истражиме земјата и во текот на две недели успеавме да поминеме? Низ цела Македонија, нашироко и надолго од едниот крај до другиот, од Охрид до Битола до Струмица до Скопје.

Едно од најпријатните нешта при посетата на еден македонски град, беше патувањето до стариот дел град. Во повеќето градови во Европа, вклучувајќи ги и оние на Јадранскиот брег, бојата и животот на старите квартови се вештачки зачувани и старомодно и допадливо спакувани за туристите, но во Македонија многу занаети и вештини останале непроменети уште од средновековието.

Шетајќи по стариот дел на Битола и одејќи навалено по закрпените и искривените калрдми и сокаци ќе наидете на кожари, ковачи, златари, пекари, кујунџии. Дури и неколку старци со тврда кожа на рацете кои продаваат застарени делови од народна носија. Можно е да најдете и вистински делови од носиите - прслук, чорапи, свечена престилка. (Проблем за повеќето туристи е изнесувањето на вредни делови надвор од земјата, бидејќи владата не сака дел од нејзиното фолклорно наследство да заврши во рацете на странските колекционери).

Не е проблем да се најдат и кукпат опинци, бидејќи модерните чевлари постојано ги произведуваат за продавање; прекрасно искуство е да влезете во продавница и да видите стотици и стотици пара опинци како висат на зидовите, касите, преградните греди на таванот. Рог на изобилство за еден балкански играорец.

Во стариот дел на Скопје или на Охрид, може да се седне во кафе ресторан на едно топло, вкусно горко „турско кафе” и да ги гледате луѓето кои поминуваат. Муслиманските жени секогаш се лесно препознатливи бидејќи носат мантил и носат марама на главата. Живата во термометарот се искачи на 40-тиот степен неколку пати во текот на нашиот престој, но тие мантили не само што не беа соблечени, туку не беа ниту откопчани. Исто така, лесно беше да се забележат албанските жени кои носат егостични пантолани во форма на вреќа. Но, не мешајте ги нив со ромските жени чии шалвари се дречаво/упадливо шарени, но никогаш не се воздржано многубојни како на Албанките.

Македонците кои ги запознавме во текот на нашата турнеја беа срдечни, топли, отворени луѓе. Тие беа восхитени и горди кога дознаа дека оваа група Американци научија доволно за нивното наследдство за да ги научат нивните песни и да ги играат нивните ора. Тие тоа го земаа како комплимент за себе си и со право.

Едно од моите најдобри сеќавања е поврзано за една стара жена во Битола која нî гледаше како пред парадата игравме на улицата. Кога музиката престана и кога застанав веднаш до неа, само се насмеав бидејќи знаев дека немаме заеднички јазик на кој би можеле да зборуваме. Ми врати со насмевка, нејзиното лице се збрчка во илјадници бори и таа ме прегрна со нејзините кревки, слаби раце и се смееше.

 
     

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

 

Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе го поместиме текстот што беше објавен  во гласилата „Нова Македонија“ и „Ослобоѓење“.  

Во текстот во „Нова Македонија“ и „Ослобоѓење“ се вели: „За нивниот настап на сцената на њујоршката Риверсајд црква - веднаш покрај Бродвеј, на западанта страна на градот - дури и строгиот критичар на “Њујорк Тајмс” напиша: “Беше тоа една од најбогатите вечери на народни игри видена овде за многу сезони!” Групата се вика Југословенски фолклорен ансамбл на Георѓи Томов, а нивниот висок дострел во изведувањето на игри и песни на народите на Југославија е дотолку посензационален бидејќи со години – се’ додека мината есен не им се придружиле двајца Југословени, братот и сестрата Ненад и Јелена Милинковиќ, средношколци од Севојно - сите музичари, играчи и пејачи на овој Ансамбл беа - Американци. 

Што е тоа што ги привлече кон нашиот фолклор?

- Откако, во 1967 година, дојдов во Америка, во многу контакти - а посебно на овдешните универзитети каде држев часови по фолклор - можев да се уверам дека Американците, а посебно младите луѓе, многу се заинтересирани за културното наследство на другите народи. Покажуваа толкав интерес за нашите звуци и за движењата, носиите и за необичните музички инструменти, што наскоро добив идеја да основам и ансамбл кој ќе ги игра нашите ора и ќе ги пее нашите песни - ни раскажа деновиве раководителот на овој единствен ансамбл Георѓи Томов, некогашен професионален фолклорен играорец во скопскиот “Танец” и загребскиот “Ладо”.

Две гостувања во Македонија.

Меѓутоа, тој необичен сон на Георѓи Томов, не можеше да се оствари преку ноќ. Требаше - на предавањата ширум Америка - да се заработи доволно пари за да дојде во Југославија и да ги купи првите носии, да се рашири глас по њујоршките танцови студија за раѓањето на овој нов ансамбл, да се соберат првите играорци и да се заинтересираат. - Ова последново беше најлесно - вели Томов. - Тие во нашата музика открија убавина, таа толку ги освои што сами бараа да вежбаме што повеќе, да бидам што построг.

А, кои се членови на овој ансамбл?

Се’ сами професионалци во својата професија. Повеќето од нив имаат универзитетко образование. Тука има и лекари и професори и инженери и компјутерски пограмери, адвокати, уметници од сите професии. Право да ви кажам, во почетокот се прашував како во овој забрзан град - каде многу што се мери со време и пари - ќе најдам термин што ќе им одговара на толку зафатени луѓе. Ми помогнаа тие самите. Вежбаме ора секој четврток од 18 до 23 часот, во понеделник имаме два часа пеење, а пред важни настапи се собираме и работиме, на нивна иницијатива, по неколку часа и во неделите. Тој нивен ентузијазам, таа желба да научат што повеќе и што подобро, беше за мене вистинско откритие.

Колку беше изненаден Живко Василевски, претстедател на Матицата на иселеници на Македонија, кога, во време на неговиот престој во Њујорк, му ги претставија Американците кои толку усогласено играат и пеат наши ора и песни! Така дојде и до поканата Ансамблот да гостува во Македонија: во 1979 учествуваше на Илинденските денови во Битола, а две години подоцна повторно допатуваа.

За тие средби со Југославија, ни раскажува Стив Сејлемсон, компјутерски програмер, кој беше импресиониран од  колку музиката е составен дел на животот во краиштата што тие ги посетија:

И порано не’ освои југословенскта народна музика, но кога гледате како таа живее во македонските села што ги посетивме - тоа е доживување што се памети цел живот. Таму запознавме многу пријателски расположени луѓе, со некои и се допишуваме. Ни се случуваше на забавите, по нашите настапи, сите од местото да се фатат в оро, да заиграат и запеат со нас. Тоа во Америка никогаш не би го доживеале. Танцувањето и овде е општествен настан, но тој не знарчи со таа магија која би можела да крене на нозе цело едно село, цел еден град.

Њујорчанка од Башчаршија

Имаме во ансамблот и една Сарајлика - ни рекоа на една од четврточните проби во танцовото студио на аголот на њујоршката 14-та улица и Шестата авенјиа.

Нежна, витка, лепа, тивка девоја ни ја подаде раката за поздрав:

Синтија Хаџсон - рече.

По што е Сарајлика?

- Студирав во вашиот град две години, '74 и '75. На Филозофскиот факултет ја проучував вашата литература, а особено делото на Вук Караџиќ.

 11 copy copy copy copy

Катин, Георге и Пљакас

На што од тие денови најчесто се сеќава?

- На прекрасните луѓе, Башчаршија и на меланхоличната песна “Кад ја поџох на Бембашу”. Таа песна направи – уште тогаш - да се загреам за вашата музика, но не можев ниту да сонувам дека овде, во Њујорк, еднаш и самата ќе пејам и играм ваши песни и ора.

Се сеќава и на своите “цимерки”  од студентскиот дом, двете девојки од Ливно - Садрудина и Емире (“И тие знаеја убаво да запеат”), а потоа и на втората година која ја поминала како потстанар “горе над Башчаршија” и вечерните враќања дома. “Не останував до доцна. Ми се чинеше дека тогаш на тоа, во тој крај, се гледаше со некој благ прекор. Слушнав дека сега во Сараево е поинаку - сите тие кафе ресторани, младите, па дури и Олимпијадата!”

Кога Синтија ги спомна Олимписките игри во Сараево, нејзините пријатели од ансамблот ни рекоа дека најголема желба би им била наредната година - за десетгодишнина од постоењето на груапта - да гостуваат во олимпискиот град.

- Сме биле во Лејк Плесид. Таму, на завршната церемонија, дури го развиоривме и знамето на Југославија како нареден домаќин. Не знаеме колку таа наша желба е реалан, со оглед на големиот број гости што Сараево тогаш ќе ги има, но ако од тоа и не биде ништо, ние токму овие денови ги започнавме првите преговори за турнеја по Југославија по повод десетгодишнината. Би сакале да настапиле и негде надвор од Македонија, можеби во Дубровник, Сплит, не знаеме уште каде - вели Георги Томов.

Мост меѓу културите

За пожртвуваната мисија на овој вљубеник во народните песни и ора, мнгумина во Америка велата дека е “мост меѓу нашите култури”. Какво совршенство постигнал ансамблот на Георѓи Томов во интерпретацијата на нашите игри и песни можеби најдобро ќе посведочи податокот дека настапувал и на толку познатите њујоршки сцени како што се оние во Линколн центарот и во Карнеги хол, дека учествувал во олимписката културна програма во Лејк Плесид и на мнигубројни фестивали. Со задоволство истакнуваат дека по земјотресот на Црногорското приморје веднаш организирале концерт чиј приход е упатен во фондот за отстранување на последиците од стихијата.

Откривајќи ја музиката на народите на Југославија, тие, како што сами велат, ја откривале и самата наша земја, нејзниот човек и нејзиниот пријателски дух.

- Толку нî засакаа што јас, на шега, ги нарекувам “Југословени од американско потекло” - вели Томов.

Особено привлекува начинот на кој Аамериканците од овој Ансамбл успеале да овладеат и со таквите егзотични инструменти како што се гајдата, зурлата, кавалот и фрулата, како и со пеење на јазик што - не го знаат.

- Се работи за многу надарени и амбициозни музичари. Спремни се со часови и со денови да вежбаат додека не го научат тоа што го сакаат. Кога бевме во Битола и во мојата родна Струмица, нашите луѓе и експерти за фолклор, како што се Живко Фирфов и Ѓорѓи Димчевски, не можеа да веруваат како тие луѓе совршено свират и пеат - раскажува основачот и водачот на Ансамблот.

Тоа изненадување и самите ние го доживеавме слушајќи ја, на пример, Елен Шулман-Линдер како со чувсто пее “Јовано, Јованке... “

Тие педесетина - 24 девојки, 14 момчиња, 9 свирачи и три жени кои водат сметка за носиите, кои и ги нема во доволен број, бидејќи Томов сето тоа сам го набавил - се состануваат така сред возбудливиот град да ја делат убавината од дружењето со музиката на една далечна и на сите ним драга земја. Тие успеаја “Повардарието”, “Гламоч”, “Линџо” и други ора и песни на народите од Југославија да стигнат дури до њујоршкиот Бродвеј и до оние ласкави оценки за нивната умешност на страниците на “Њујорк Тајмс”..

Продолжува 

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.