Среда, 01 Септември 2010   
Венецот и сликата на Гоце Делчев исфрлени настрана и поставени наопаку, во Кингс Парк во Перт 1986 година
На 1 Август 1974 година во во Минхен, Германија, беше убиен секретарот на ДООМ, Благоја Шамбевски, кој предходно, по Втората Светска Војна лежел 15 години во југословенските затвори, за создавање на самостојна држава Македонија. Скоро во истите времиња е киднапиран Драган Богдановски, претседател на ДООМ и уредник на Македонска нација, од Германија и осуден на 11 години строг затвор, во СР Македонија. Обајцата патриоти страдаа од злогласната УДБ-а, на поранешна Југославија. Но тоа не ја спречи македонската патриотска емиграција да ги продолжи нивните дела, во Македонија и во дијаспората и да се спротивставува на комунистичкиот југословенски режим, кој длабоко влијаеше врз македонската дијаспора.


Пишува: Јанко Томов, историчар, Бризбен, Австралија

На 9 април 1986 година на состанокот на ТНМРО дискутиравме како да известиме повеќе македонски организации и поединци за да дојдат на 4 мај во Кингс Парк изутрината во 9 часот претпладне. Тогаш беше и Велигден, па сакавме да се собере повеќе народ. Преку личноста на Гоце Делчев во македонското иселеништво се создаваше желба за македонско осознавање. Негоивте портрети почнаа се почесто да се закачуваат по општините и по македонските друштва, како и во помошните црковни простории, каде се наоѓаше и портретот на кралицата Елизабета Втора, на Јосип Броз Тито, југословенското знаме и знамето на СР Македонија. На овој состанок, Гоце Таневски предложи да се запознаат македонските Роми и да се наговорат и тие да испратат предлози до останатите македонски организации во Перт за да постават венци за Гоце Делчев во Кингс Парк. Крсто Шкодров се задолжи да зборува со свештеникот за да се вклучи и Црквата во оваа свеченост. Покрај тоа Крсто се обврза да зборува и да влијае врз поедини членови на Македонската општина.

Летоците со ликот на Гоце Делчев и со камбанеријата на црквата во село Баница (каде што се чувале коските на Гоце Делчев) на кои напишавме “април 1986 година” решивме да ги растураме насекаде.

На истиот состанок Марко Спирковски реши да се измислат конспиративни иминја за секој член од ТНМРО.

Се реши и да се купи венец и да се закити сликата на Гоце Делчев со соодветен натпис, за што бев задолжен јас.

На летокот запишавме дел од говорот на Димо Хаджи-Димов во врска со погибијата на Гоце Делчев, а од наша страна го ставивме следниот повик:
Април, 1986 година,
Перт, З.А.
ПОВИК ДО СИТЕ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ

По повод 83 годишнината од смртта на нашиот најмил револуционер и духовен водач ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ги покануваме сите чесни Македонци и пријатели на македонскиот народ во Западна Австралија да дојдат во КИНГС ПАРК кај споменикот на паднатите борци во 9 а.м. (девет часот сабајле на ден ВЕЛИГДЕН) на 4 Мај 1986 година.

Тука ќе се оддаде почит на загинатиот ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и ќе се положат свежи цвеќиња од страна на македонските патриоти, македонските друштва, клубови и поединци.
povik-1986

spomenik-na-padnatite-borci-od-aus-vo-prvata-svetska-vojna
Кингс Парк, Перт, Монументален споменик на паднатите боци од Западна Австралија во Првата Светска Војна, местото каде , за прв пат на 4 мај 1986 година ТНМРО положи венец, во спомен на неговото убиство во 1903 година ос страна на Отоманската војска во Македонија

Занесени од патриотски чувства, посебно поради подготовките околу положувањето венец во Кингс Парк по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, некои од нас знаевме дека овој датум се совпаѓа и со смртта на маршал Тито. Од 1981 година Југосовенскиот конзулат во Перт формираше делегација која на Кингс Парк положуваше цвеќе за Тито, на монументалниот споменик, токму на 4 Мај. Во поворката што се формирала за оваа прилика учетсвувале и членови од македонските организации, од југословенската организација “Галеб” и од други слични организации, кои му беа верни на Тито и на југословенството. Се разбира дека во тие поворки немаше ниту еден вистински македонски патриот, а така беше и со Хрватите. Хрватите имаа силни патриотски органзиации. Хрватските емигранти во Перт беа одамна населени и тие главно живееја во Фрементл и околу него. Мнозина од нив беа жигосани како “усташи”, затоа што беа противници на режимот на Тито. Од своја страна и обожавателите на Тито, кои се уште го жалеа, не сакаа Хрватите да присуствуваат на овие поворки затоа што се плашеа дека некој од нив може да направи некаков. За разлика од нив, среде Македонците имаше “вжештени глави” кои дури носеле и пиштоли на југословенските поворки со цел да го “бранат” југословенското знаме од можни провокации. Значи, за разлика од Хрватите, ние Македонците немавме силни организации. И ние во ТНМРО имавме роднини и пријатели кои поблизу контактираа со македонските организации, што имаа блиски врски со официјалните органи на СР Македонија. Сепак, како што минуваше времето нашето национално самосознание стануваше се поцврсто и посилно. Многу работи се повекје ни се искристализираа. Поради тоа поедини членови дојдоа во судир со реалноста кога сфатија дека нивните роднини и пријатели се на “другата страна”, т.е. дека работат за југословенизмот, чија пропаганда беше силна среде македонското иселеништво. Југословенските знамиња на многу македонски собири се ставаа пред македонските (црвени знамиња со звезда петокрака) и мнозина дури и се фалеа со тоа.

Венецот и сликата на Гоце Делчев исфрлени настрана и поставени наопаку

tnmro-venec-goce-delcevПоради тоа што и од југословенскиот конзулат се очекуваше полагање венец на Кингс Парк, ние решивме да не се откриваме како организација и затоа нашиот венец со сликата од Гоце Делчев решивме да ги поставиме пред вечерта на 3 мај. Претходно утврдивме дека поедини членови од нашата организација не ги растуриле сите летоци, плашејкји се да не бидат откриени. Од оние македонски организации и клубови, што ги добиле летоците со повик секоја од нив самостојно да постави венец по повод 4 мај, мнозина од нив не прифатиле поради страв, а некои и не се согласиле со идејата, сметајкји дека Тито секогаш треба да биде пред Гоце Делчев.

На 3 мај пред вечер, откако претходно се договоривме, јас, Крсто, Марко и Гоце се најдовме на утвр-деното место во Кингс Парк. На еден од претходните состаноци бевме собрале пари и Марко купи венец, а Крсто набави портрет на Гоце Делчев и натписи. Дојдовме до монументалниот споменик внимавајќи некој да не не следи. Во тие часови речиси и немаше посетители во тој дел од Кингс Парк. Неколкумина имаше во блиската продавница за храна, до Цветниот часовник, но и тие беа ретки. Венецот ми го даде Марко, а јас го покрив со мојата виндјага за да не види никој што носиме. Кога стигнавме пред монументалниот споменик видовме дека железната врата беше заклучена. На првиот ред на почетокот на споменикот долу немаше ништо. Горниот ред, каде обично се ставаа цвеќињата, беше речиси полн. Речиси секоја недела или празник се положуваа венци или букети цвеќиња, на овој мону-ментален споменик на паднатите борци. Многу делегации од владата на западна Австралија тоа редовно го правеа, посебно на државните или на федералните празници, поврзани со борците. Дипломатите од конзуларните претставништва ги доведуваа своите гости да положат цвекје или венец на овој споменик, а потоа тоа се јавуваше преку медиумите. Јас бев и претходната вечер за да го испитам местото и тогаш на скалите го видов грчкиот конзул со некоја делегација од Кипар и со свештеник, кои штотуку беа положиле венец. Тие се загледаа во мене, можеби мислејкји дека сум “нивни”, а со нив беше и еден Грк кого го знаев како еден од кандидатите на државната Либерална партија.

Сакав да скокнам преку железната врата, но тоа го направи Марко, а јас му го подадов венецот, што тој го положи на подножјето на споменикот. Потоа застанавме сите мирно, а јас го извадив однапред подготвениот говор и почнав да го читам. Говорот се однесуваше на Гоце Делчев и на неговата смрт на 4 мај 1903 година во село Баница, каде бил убиен од турскиот аскер. Сите бевме возбудени, а мене гласот ми трепереше. Се чувствував дека Гоце Делчев и сите паднати борци за Македонија го слушаат она што го читав... Отворено зборував за идеалите на ВМРО и за залаганјето за самостојна Македонија со де-мкратска власт. Го сликавме венецот и портретот на Гоце Делчев со мојот фотоапарат. Потоа се вративме кај нашите автомобили и со автоматско фотографирање направивме заедничка фотографија, со сите четворица. На заминување од Кингс Парк се договоривме некако да дознаеме за реакцијата на Југословените, по повод нашето поставување на венецот и сликата на Гоце Делчев, тогаш кога тие ќе дојдат, да постават венец на својот комунистички лидер на вештачката југословенска држава. Поради тоа, на 4 мај поручек, појдов сам во Кингс Парк за да видам што се случило. Железната врата беше отворена и имаше неколку луѓе околу споменикот. Погледнав кон местото каде го ставивме нашиот венец и сликата со Гоце Делчев. Се стаписав кога видов дека венецот го немаше, а на негово место стоеше друг голем венец со лента околу него со боите на југословенското знаме и натпис: “Нашем волјеном председнику Титу”. Моето изненадување беше уште поголемо кога видов дека нашиот венец не само што беше тргнат настрана, туку и сликата со Гоце Делчев беше свртена наопаку. Почнав да се тресам од лутина и од мака. Веднаш ја зедов и ја исправив. Не можев да сфатам како можеа и Македонци да учествуваат во оваа гнасна работа, секако мислејќи на Македонците учесници во југословенската поворка. Со ова тие практично застанаа на страна против сопствениот македонски народ и против неговите вековни идеали.

Веднаш им го пренесов ова и на останатите членови на ТНМРО. Се обидовме да откриеме кој ја свртел наопаку сликата на Гоце Делчев, но не успеавме тоа да го дознаеме. Само се нервиравме и го пцуевме тој што го направил овој подмолен акт. Си спомнавме дека и на 4 мај 1903 година Гоце Делчев лежел убиен со лицето кон земјата, а еве тоа се случи и сега. Бевме свесни дека борбата против Југосовените нема да биде лесна.

(Делови од книгата: Тајното Народно Македонскоп Револуционарно Движење од Австралија, Јанко Томов,Македонија, Австралија 2008 година, ИСБН: 13 978-9989-29-4-2)
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.