Среда, 26 Јануари 2022   
Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија

Репринт на фељтонот објавен кон крајот на 1975 и почетокот на 1976 година во Битолски весник - Битола: Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија

 

БЕЗГРАНИЧНА ЉУБОВ КОН МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИСТОРИЈАТА

kiril-dobrusevski- Според пописот на населението спроведен во 1956 година, наспроти сите притисоци, само во Пиринска Македонија  како Македонци се декларираа 180.000 жители, додека според еден научен труд на Христо Калајџиев објавен во Работническо дело во 1950 година во Бугарија живееле 500.000 Македонци.

-Од вкупно 35.060 ученици –Македонци, на возраст од 7-15 години, во училиштата на Горноџумајскиот, Неврокопскиот, Петричкиот, Разлошкиот и Светиврачкиот округ, беа опфатени 32.339 ученици. Во овие окрузи училиштата ги посетувале само 3.184 ученици Бугари, 3.735 македонски муслимани, 383 Турци итн.

Денешниот зачудувачки мнифестиран   негаторски став на бугарските власти за националната самобитност на Македонците воопшто, а особено на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, сосема логично ја наметнува потребата да потсетиме на Димитровскиот период, кога Македонците од Пиринскиот дел на Македонија со ентузијазам работеа на своето културно и национално издигнување. Во тој период 93 професори, учители од НР Македонија, заминаа за Пиринска Македонија за да предаваат во училиштата македонски литературен јазик и македонска национална историја. Од овој број на Весникот започнуваме да донесуваме искажувања на неколкумина учители кои работеа во училиштата во Пиринска Македонија.

-За Горна Џумаја (денешен Благоевград) заминавме со специјален автобус од Скопје. На границата ни беше приреден величенствен пречек од свечено облечени пионери, претставници на месната власт и населението, -вели Арсо Антонов. Но, наспроти големата радост на населението и учениците манифестирана по повод нашето доаѓање, директорот на Гимназијата во Г. Џумаја каде бев распореден да предавам, го одолговлечуваше започнувањето на наставата по македонски јазик. По интервенцијата на Перо Коробар до Министерството за просвета, директорот (Бугарин) објави преку разгласната станица дека започнува наставата по македонски јазик, но факултативно. Во почетокот часовите ги следеа само учениците од македонска националност кои беа огромно мнозинство. Но, постапно почнаа и бугарчињата да ги следат часовите. Впрочем, по она што јас и моите колеги го направивме за запознавање на учениците со суштината на работите, тие се повеќе се интересираа за нашите предавања.

Кога ќе се измелези некое семе ние велиме се избугари…

Литературните читања на кои настапуваа македонски поети и, отворањето на книжарницата на “Македонска книга”, како и Македонскиот народен театар, во голема мера ја потпомогнуваа нашата мисија. Станувавме се поомилени и кај учениците и кај населението, а тоа не им се допаѓаше на бугарските колеги. Токму затоа, тие често беа зајадливи. Се сеќавам на едно предавање на Крум Тошев во Г. Џумаја за македонскиот јазик кога еден Бугарин постави едно провокативно прашање во врска со тоа што е Македонец, а што Бугарин? Тошев, не можејќи да се воздржи му одговори: Знаете, кога некое семе ќе се измелези, нашиот народ вели – се избугари…

Атентат врз бугарските наставници

Македонскиот национален дух во Пиринска Македонија се повеќе се издгинуваше, љубовта на нашите браќа кон својот мајчин јазик, сопствената национална историја и култура се повеќе цутеше. Тие беа убедени дека обединувањето е само прашање на денови, а не години. Токму затоа, тие се повеќе ги отфрлаа учителите –Бугари, а нам ни даваат целосна поддршка и помош.  Се сеќавам на крајот од учебната година (1948 година), кога имавме седница на наставничкиот совет, одекна експлозија на бомба. Но, за среќа бомбата удри во рамката на прозорецот и никој не беше повреден. Директорот веднаш ја повика полицијата и атентаторите уште следниот ден беа фатени. Тие беа ученици кои омразата кон бугарските учители ја манифестираа и на овој начин. Имено, при нивното сослушување, тие веднаш прашале да не има некој повреден од македонските учители. Зашто, атентатот бил подготвен за бугарските учители кои ги малтретирале.

Со Резолуцијата на Информбирото беа пресечени стремежите на пиринските Македонци

Работите имаа одличен тек. И кога нашите браќа од Пиринска Македонија мислеа дека следат уште поубави денови – беше објавена Резолуцијата на Инфромбирото.

Едно рано утро звучниците застрашувачки ечеа од гласот на спикерот на разгласната станица: се читаше текстот на Резолуцијата и тоа, не случајно, најпрвен во Горна Џумаја. Сите врски со Скопје беа прекинати. Настана општа паника. Се што беше како остварлив идеал – стана илузија. Веќе се наѕираше поинаков однос кон Македонците од Пиринска Македонија. Дојдоа тешки времиња на пресметки кои и денденес траат.

Наместо дома – на фудбалски натпревар во Софија

Но, иако ситуацијата беше конфузна, ние наместо да заминеме дома, отидовме да го гледаме фудбалскиот натпревар меѓу Југославија и Бугарија што се одигра во Софија.

На стадионот бучно навивавме со една група екскурзијанти од Загреб кои се наоѓаа на другата трибина. Агентите не мируваа. Но, од преголемата гужва не можеа да се доближат до нас. Се изгубивме во луѓето и се вративме во Горна Џумаја.

2.000 лева за преминување преку границата

Кога се обидовме да се вратиме дома, во Горна Џумаја ни рекоа дека не располагаме со патни исправи. Отидовме во нашата амбасада во Софија и оттаму добивме потврди кои требаше да ни послужат како патни исправи. Но, службениците на преминот кај Делчево ни рекоа дека не разбираат српски и ги исфрлија нашите документи.

Останувањето во Горна Џумаја носеше големи неизвесности. Затоа, баравме начин како да ја минеме границата. Еден наш човек, најверојатно голем патриот, рече дека тој ќе најде излез. Ни препорача да земеме под наем еден државен камион, да ја натовариме опремата, а тој рече дека ќе им телефонира да не пуштат. Така и постапивме. Но, кога требаше да преминеме, со мотор стигна еден полициски инспектор од Софија и не запре. Кога одговорните му реакоа дека им нареди да не пропуштат Н.Н. од Обласниот комитет, тој веднаш отиде да провери.

Додека тој беше отсутен, шоферот ни рече на службеникот на преминот да му дадеме пари и ќе не пропушти. Но, тоа беше прекршок и можеше скапо да не чини. Кога тој виде дека ние не сме одлучни, ги зеде парите од мене (2.000 лева) и му ги стави во џебот. Тогаш, одговорниот не посоветува “да го разгледаме преминот”. Тоа значеше да бегаме. Тоа и го направивме. Но, во текот на префрлувањето на опремата стигна полицискиот инспектор и почна да се заканува. Меѓутоа беше доцна: нашите војници од караулата веќе не прифатија.

(Продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.