Среда, 14 Септември 2011   
8 Септември одбележан и во Гора на Косово

gorocvetИ во областа Гора на Косово викендов се одбележа 8 септември - Денот на независноста на Македонија. Во организација на Македонско-горанската заедница на Косово, Горанското друштво во Македонија, Сојузот на Македонците со исламска религија и Светскиот Македонски Конгрес, во Брод на Гора беше одржан турнир во мал фудбал. Своевидна атракција беа моторџиите од Македонија, од Скопје и од Тетово, кои преку граничниот премин Стрезимир-Рестелица со македонски знаменца продефилираа преку Рестелица, Крушево, Глобочани, Драгаш, се до Брод и оттаму назад преку Призрен до македонско-косовската граница на Генерал Јанковиќ - Блаце. Македонските моторџии во Призрен остварија средба со косовските моторџии. Во пријателска атмосфера поминаа пријатна дружба. За цело време на движењето на колоната моторџии по косовските патишта, заради безбедност во сообраќајот имаа многу коректна придружба од косовската погранична полиција.

По организацијата на традиционалниот Македонскиот фестивал Гора, турнирот во мал фудбал е уште една јавна манифестација која традиционално се организира секоја година.

Македонците на Косово пројавуваат голем интерес за врски со Македонија како матична држава и уредување на неколку барања: настава на македонски јазик во основните училишта и средното училиште во Драгаш, културна автономија за областа Гора, службеност на македонскиот јазик во косовската администрација, добивање на македонско државјанство за сите Горани, влез на Гораните во Македонија со лични карти, отворање на граничниот премин Стрезимир-Рестелица 24 часа преку цела година (иако отворен 2003 година од 2004 година за жал повторно затворен), асфалтирање на патниот правец Рестелица - граничен премин МК-КС до Торбешки мост во должина од 30 км, формирање на Евро-зона ШАРА на тромеѓата меѓу Македонија - Косово - Албанија, погранична соработка и братимење на косовски и македонски општини (во постапка е братимење на општините Ѓорче Петров и Маврови Анови и Ростуше - МК со општина Драгаш - КС, општина Гази Баба - МК со општина Призрен - КС).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.