Среда, 16 Јануари 2013   
Празнични видувања во Сиднеј

sidnej1

За време на Божиќните празници чувствителен е пулсот во Македонските заедници насекаде во светот. За Бадник, ден пред Божиќ, во Сиднеј допатуваа Јанко Томов, член на ДООМ и дописник во веб порталот „Македонска нација“ и неговата сопруга Маргарет Томов, директорка на основно училиште во Бризбан. Со нив, најпрво ја посетивме Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј каде гостите беа запознати со улогата на библиотеката и активностите на Друштвото „Григор Прличев“. Потоа ги посетивме црквите Св. Петка во Рогдаел и Св. Кирил и Методиј во Розбери, каде присуствувавме на богослужбите кои ги извршуваа свештениците Митко Митрев (поставен од владиката Петар) и Наум Деспотоски. По опелата верниците беа послужувани со нафора, бадникови гранчиња и посна закуска. На овие простори се сретнавме со многу видни и значајни личности од Македонската заедница, меѓу кои беа: Ристо Лангов, Жаклина и Ѓорѓи Михајлови, Роберт Деспотоски, Киро Илиески и други.

На денот Божиќ бевме во црквата Св. Кирил и Методиј да запалиме свеќи за здравје, живот и духовен мир и да присуствуваме на богослужбата посветена на Христосовото раѓање. Убаво е да се биде верник на Христос и да се биде во храмови, барем за време на Христосовите раѓања и воскреснувања, кога се полни со верници. Вечерта бевме на „Македонското сред село“ кое се одржа во просториите на ФК „Илинден“ во Рогдаел, каде присутните ги забавуваа познатите македонски естрадни уметници Сузана Спасовска и Спасен Силјановски. На високите температури кои ја зафатија цела Австралија, кутрата „Сузе национале“, пеејќи се пафкаше со кинеско ладалце. Се поздравивме како стари пријатели, со која познаството ни датира од одржувањето на „Деновите на македонската култура“ во 1988 година. На Сузана тоа и беше првиот настап надвор од Р. Македонија. Имав чест да и ја дадам ТВ снимката од тој настан, на кој јас со Вера Бошевска ја водевме програмата. За жал, од нејзиниот тогашен состав со Гане Тодоровски, Петранка Костадинова и Симе Гугуловски, уште таа е меѓу нас. Нејзе и на Спасен Силјановски, младиот пеач со Античко-македонски глас им подарив по две мои најнови збирки со поезија.

Иван ТРПОСКИ

sidnej2

sidnej3

sidnej4

sidnej5

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.