Среда, 03 Април 2013   
35 години македонска литература во Сиднеј

dusan-ristevski
Иницијаторот и претседател на друштвото „Григор Прличев“ Душан Ристевски

Во една од најбројно населените населби со Македонци во Рогдаел, Сиднеј, група ентузијасти предводени од полетниот доселеник Душан Ристески решиле да формираат Македонско литературно друштво во кое ќе ги искажуваат своите стремежи за ширење и негување на македонскиот литературен јазик на ова далечно светско поднебје. Тоа се случило на 31 март 1978 година. Така, нивните книги во картонски кутии секој вторник ги носеле во просторија која им била отстапена од Општинските власти за да ја користат заедно со други етнички заедници. Книгите сами меѓу себе си ги разменувале. Масовното приклучување на нови љубители на поетското и прозно писмо, на групата и наложило, најпрво да го крсти друштвото, а потоа и да го регистрира. Друштвото е крстено по името на познатиот Охридски ловороносец и поборник за македонскиот јазик, поетот Григор Прличев. А за натпревар и ривалство при пишувањето на идните поети и писатели друштвото ќе почне да го издава двомесечното списание „Повод“. Отворањето на Библиотеката го извршиле гостите од Македонија, потпретседателот на Матица на иселеници Димче Трајановски – Мире и секретарот Трајан Бавтироски, како и министерот за културни врски во заедницата Нил Морисон. На тој свечен настан кој се случил на 4.3.1989 година, покрај членовите на друштвото присуствувале и повеќе значајни личности од австралиската и македонска јавност. По благословот од гостите книжевниот фонд во Библиотеката ќе порасне на неколку илјади наслови.

prlicevci1
Средба на Прличевци со проф. д-р Илија Чашуле и добитникот на Златниот венец на СВП -  Струга 1989 год. поетот Томас Шапкот (Сиднеј - 18.9.1996).

Денес, кога ќе се потсетиме на тие настани, не сме свесни дека толку брзо изминал толкав временски период, низ кој друштвото раснело и израснало во еден вистински творечко-литературен гигант. Дали некој од тие тогашни интелектуалци си замислувал дека друштвото „Григор Прличев“ ќе опстои толку долг временски период истопорено пред времето и просторот во кое го промовира македонскиот јазик, литература и култура. Дали некој замислуваше дека тоа ќе прерасне во издавач на книги и ќе издаде 70 наслови од Австралиско-македонски автори, како и автори од Р. Македонија, САД, Канада, Егејска и Пиринска Македонија и од други места. На страниците од книгите на членовите на друштвото ќе биде распослан сиот печалбарски гнев кон обединувањето на Македонија и за прогонството на печалбарите од родните нивни огништа. Токму тие книги ќе му остават национален белег на многуетничкиот австралиски меѓник. Не само со испечатените книжевни дела што ќе остави друштвото трајни белези во мултикултурното австралиско општество, туку него ќе го запаметат и од културните настани кои редовно ги организираше или им гостуваше на повеќе етнички заедници со кои трајно соработуваше. Друштвото ќе го вивне во просторот националниот дострел со организирање на наградни конкурси, со промоции на книги, со одржување на симпозиуми, литературни манифестации, Денови на македонска култура итн. итн. на кои ќе ги манифестира македонскиот јазик, литература, култура и историја. По наметнатите неправди на татковината со отстранување на националните симболи и насилно преименовање на јазикот и државата, членовите мошне жолчно ќе го искажуаат својот револт со испраќање на протесни писма до повеќе претставништва и институции насекаде низ светските метрополи. Својот револт тие јавно го искажуваа со своето присуство на бројните демонстрации на кои настапуваа со извикувања пароли, читања на меморандуми, испраќања на посланија итн. Поради ваквата агресивност на членовте, а во одбрана на татковината, соседските хулигани покрај палењето на македонските цркви и културни центри тие со опожарување и се закануваа и на Библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј.

prlicevci2
Средба на Прличевци со владиката Тимотеј и неговите свештеници (Сиднеј – 9.2.1987)

Сите записи во кои учествувале членовите на друштвото „Григор Прличев“ дали тоа биле од литературен, културен, протестен или дописен, сите тие документи се чуваат во Архивските книги на друштвото. Во неговите трезори е сместен список на преку 300 регистрирани членови. А низ неговата врата минале стотина еминентни личности од Австралиската и Македонска јавност, кои оставиле своирачни запишани спомени. (Меѓу нив се: владиката Тимотеј, архимандритот Царкњас од Егејска Македонија, внукот на Григор Прличев, Кирил Прличев од Софија, претседателот на ОМД Мето Колоски од Вашингтон). За својота понудена помош Друштвото прогласило петнаесет почесни членови: Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ѓорѓи Сталев, Илија Чашуле, Блаже Конески, Томас Шапкот, Јован Кокаловски, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски и Александар Донски. Десетина членови од друштвото Прличев се зачленети во ДПМ и исто толку настапиле на СВП во Струга (Иван Трпоски, Бранко Наумовски, Душан Ристевски, Перо Дамчевски Коцин, Горјан Маслинкоски, Димче Џајкоски, Љилјана Тошеска, Олга Николовска, Васка Дренковска и Крсте Наумоски).  Тука е сместена целата 35 годишна бурна историја низ која не така лесно се провлекувале членовите на ова мошне прогресивно литературно друштво, а кои документи ќе и сведочат на историјата за опстојбата на друштвото кое ја промовира македонската литература и култура во оваа многу далечна австралиска земја.

За ваквиот успех на друштвото „Григор Прличев“ покрај членовите заслуга им препишуваме на финансиските поткрепители како и на бројните медиумски гласила. Благодарност испраќаме до Матицата на иселеници од Македонија која друштвото со децении го подржуваше, а и до Агенција за иселеништво на РМ која последнава деценија најредовно ги одржува врските со иселениците и родната татковина Македонија.

Честитки до управата и до членовите на друштвото со желби за уште поголеми успеси во иднина при остварувањето на литературните цели. Честит 35-то годишниот Јубилеј, здравје, слога и просперитет,

Ви посакува вашиот Библиотекар и Архивар Иван ТРПОСКИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.