Среда, 03 Април 2013   
„Од по жица“ од Жаклина Михајлова

zaklina-mihajlova-1

Промоција на книга во Сиднеј од Жаклина Михајлова

ОД ПО ЖИЦА - ЖИВОТ ИСПОЛНЕТ СО ТАГА, ЖЕЛБИ И СОНОВИ

На 22 нарт Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во прекрасната просторија на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, ја промовира дебитанстската збирка поезија „Од по жица“ од Жаклина Михајлова, позната во македонската заедница како Жаклина Михајлова - Учителката. На промоцијата присуствуваа повеќе од 150 љубители на поетската реч.

Книгата ја промовираа Др Ирена Вељанова и Виктор Бивел, двајцата видни публицисти, поети и љубители на македонскиот пишан збор, кои дадоа опсижна анализа на песните кои се појавуваат двојазично, а се пишувани во еден значаен период од животот на поетесата Жаклина. Стихови од книгата читаше артистката Олга Николовска во придружба на звуци од гитарите на Томе Јовановски - Темсо и Зоран Георгиевски. Рецензенти на книгата се Гордана Михајлова Бошнакоска и Михаил Ренџов, а илустрациите на Жанина Алексова.

Иако ова е прва збирка поезија на Жаклина Михајлова, таа редовно се појавува со свои есеи за културните настани во Австралија како и во организирање културни програми за промовирање на македонскиот јазик. Како претседател на Просветно-школскиот одбор го координира изучувањето на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс и ја промовира македонската култура и историја на овие простори.

Книгата „Од по жица“ од Жаклина Михајлова е шеесет и осмиот наслов што Литературното друштво „Григор Прличев“ го има издадено, пред одбележувањето на својот 35-годишен јубилеј.

Душан Ристевски

Фото: Илија Вељановски

zaklina-mihajlova-2

Елегија за Македонија

Што ли криеш, земјо мила,
што ли в болка таиш?
Што ли цела в маки тлееш,
што ли плачеш,
да прозбориш не смееш?
Сè во тебе е вистина цела,
сè во тебе е вредност смела,
во секоја карпа, под секој камен,
во секоја река, во утробата ти,
во грбовите – видливи и невидливи,
во воздухот, во здивот, во духот -
секаде скриени се, секаде пораки има!

Кој ли да ги протолкува право?
Кој ли да ти верува здраво?
Кој ли да те сака искрено -
убавице милениумска,
исконска земјо -
моја Македонијо!

На зајдисонце

Кога сонцето заоѓа
воздишките стивнуваат.
Сè одминало,
Не е важно веќе.
Кога сонцето заоѓа
спомените надоаѓаат,
влечејќи со себе
скриена болка,
неостварени сништа,
таговни звуци,
недопеана песна...
Кога сонцето заоѓа
Токму тогаш копнеж из´ртува
Копнеж за уште малку време за доживот,
Копнеж за достиг на недостигот,
Копнеж за уште нешто,
Уште нешто
Само уште нешто,
Нештичко...
Токму на зајдисонце!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.