Среда, 10 Април 2013   
Вонземјани во исчезнатиот гроб

Gordana_Dimovska_-_KopieГордана Димовска

Артефакти на вонземјани пронајдени во гробот на Александар Македонски

Информациите од Северна Америка ја заинтригираа светската јавност како никогаш досега. Како што е познато пронаоѓањето на артефакти креира повеќе прашања отколку што дава одговори.  Хари Хабард излегува со теза за пронајдени артефакти на вонземајни и тоа во “изгубениот гроб на Александар Македонски“.

За она што го претставува вели дека е дел од античката историја кој долго време е игнориран и изгубен а се потпира на класични извори. Тој смета дека пронајдените артефакти се важно поглавје и за историјата на Северна Америка. За првпат во јавноста се презентирани стотици антички артефакти на вонземјани, животни, птици а спрема презентерот на видео материјалот, пронајдени се во  изгубениот гроб на Александар Македонски. Сето ова се базира на пронајдените плочки во пештерите во Илинои, Северна Америка.

vonzemjani1

Сите овие податоци се документирани и за нив направени голем број видеа и фотографии. А како се откриени овие вредни артефакти? Во пролетта 1925 година, , Орвил Лори (жител на локалното населено место) со неговите две ќерки одстранувал камења и некои остатоци од местото определено за градина. Неговата шестгодишна ќерка, Ферн, случајно заприметила дупка на голем камен и го повикала татко и да провери. Од тој ден, Орвил предано работел на тоа да доведе професионални истражувачи и да го испитаат теренот. Во почетокот наишол на одбивност и неверување дека нешто античко постои во Илинои. Фрустриран од незаинтересираноста за пронајдокот, тој го продава својот имот и се сели во планината Вернон. Единствено што успеал било да објави натпис во локално списание. И се било тивко се до 1961 година кога еден угледен писател, Пол Хенсан прочитал за артефактите во списанието Салем. Така тој започнал да објавува натписи во продолженија а многу други го копирале и искривувале неговиот труд. Артефактите се официјално откриени дури во  1994-1995 година, и за нив се објавило во 1998 година. Видеото е снимено во Чикаго на Конференцијата на Довсер асоцијацијата. Приказната е нешто повеќе од самиот наслов и започнува со раскажување за вселенски брод а потоа за модерната наука за диносаурусите, податоци за подземјето и античката историја. Информациите за античката историја не се досега најдени во ниту еден англиски текст.

Тука се истакнуваат паралелите меѓу Стариот свет и Новиот свет, контактите со вонземјаните од пред 2000 години и се придржува кон одредени теми на прецизно опишани податоци на средновековни  гравури.

vonzemjani2Пронајдени се вкупно 275 од кои 95% се означени, испишани на задната страна од нив. На најдолниот десен агол на изгравираната човечка глава било испишано името Хелиос. Пронајдени се  4 обрачи, 29 монети. 3 фалкони, 6 тркалезни медаљони на слон ,9 мали четвртасти и 2 триаголни парчиња и многу други значајни артефакти. Многумина се прашуваат како е можно гробот на Александар Македонски , најголемиот војсководец, двигател на светот, да се најде во Северна Америка. Во видето се вели дека гробот на Александар бил пренесен во Северна Америка од страна на Александар Хелиос, син на кралицата Клеопатра.Предавачот Хари Хабард е убеден дека во ова видео ништо не е измислено, напротив, зборува за значајни податоци на кои никој не може да му противречи.

Толку од Америка, британскиот историчар Ендру Чаг пак излегува со друга теорија според која Александар Македонски се наоѓа во Венеција. Тој смета дека во гробот на евангелистот Свети Марко во Венеција се наоѓаат посмртните останки на нашиот војсководец Александар.

Оваа негова теорија го дели академскиот свет и предизвикува бес меѓу побожните католици кои сакаат да направат генетско тестирање на останките за да се докаже неговата теорија.

Според историските податоци Александар умира на 32 годишна возраст и е погребан во египетскиот град Александрија кој е основан од него. Сепак од четвртиот век пред н.е, тој исчезнува. Г-динот Чаг е автор на неколку книги за Александар и верува дека телото на Александар било преправено како да е Свети Марко, со цел да се заштити од уништување на христијанското востание. Тој вели: “двете тела се мумифицирани во ленени платна и кога едното тело изчезнува, во исто време се појавува другото – во речиси исто време и исто место, на крстосницата на Александрија. Постои голема можност да некој во црковната хиреархија го смислил планот да остатоците на Александар се прикажат како да се оние на Свети Марко. Ако е ова точно тогаш тоа се останките на Александар кои беа украдени од страна на венецијански трговци и однесени во нивниот роден град, четири века подоцна. А три рано христијански извори тврдат дека телото на Свети Марко е изгорено веднаш по неговата смрт.

Оваа теорија на историчарот Чаг е елаборирана во книгата “Изгубениот гроб на Александар Македонски“, (The Lost Tomb of Alexander the Great). Грчкиот професор по историја на Кембриџ, Пол Картлиџ, (Paul Cartledge) вели: “постои можност ова да е вистина, бидејќи навистина постои празнина во историјата која треба да се дополни. Сите ние сакаме да дознаеме зошто овој случај се занемари кон крајот на 4-тиот век. Во овој случај, христијанството триумфира и никој нема глас да каже каде е погребан овој историски херој."

vonzemjani3

Биографот Пол Доерти изјавува: “Александар беше божествен лик, и ќе дојдеме до неговото тело преку днк тестови и со тоа ќе изнајдеме зошто толку брзо умре. Останките на неговиот татко се пронајдени во Грчка Македонија во 1970 година, па спрема тоа не постои пречка да не го најдеме и Александар. Тој е таму некаде, најверојатно во Александрија.“

И покрај напредокот во науката на истражување и континуирани ископувања, тајната за гробот на Александар претставува најголем предизвик и речиси невозможна мисија за археолозите.  Од сето ова може да се увиди дека Александар Македонски, најславниот војсководец на сите времиња, секогаш одново ја пробудува светската јавност, и не престанува да ја импресионира човековата имагинација. И покрај изнесените странски теории за тоа каде е неговиот гроб, најреално е да кажеме и веруваме дека тој се наоѓа на македонска територија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.