Среда, 08 Мај 2013   
Кон јавниот повик до дијаспората од Агенцијата за иселеништво

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Целта на мојот коментар е побрзо и поправилно испраќање предлози до Агенцијата за иселеништво на Република Македонија од страна на сите постојни македонски организирани субјекти во дијаспората, како и Македонци кои индивидуално допринеле и допринесуваат за афирмација на Република Македонија, а која Агенција во соработка со пратениците од дијаспората (Австралија, Европа и Америка) во Собранието на Република Македонија  во рамките на проектот “МАКЕДОНИЈА ВИ БЛАДОДАРИ”, истите ќе ги проследат до Комисијата за одликување на претседателот Ѓорге Иванов.

По мое мислење, ако се застапени видни промоции со карактер од национални, политички, културни, спортски и слични активности  во дијаспората, проектот ќе успее целосно.

Образложение на мојот коментар:

Бидејќи македонската дијаспора има свои претставници во Собранието на Република Македонија од Австралија, Европа и Америка, кои се лидери на ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, со членство и соработници на Македонците и на Република Македонија, тие мислам ќе имаат увид, дали доставените пријави се веродостојни или не, за кои имаат сознанија и факти. Но, бидејќи делови на иселеништвото не соработуваат меѓусебно, односно се политички опоненти, што е резултат на извесно неприфаќање на идеологијата на современиот демократски поредок во републиката од нивна страна и продолжување на комунистички и социјалистички идеологии и поредок од минатото. Други пак доволно не соработуваат со татковината Македонија на политички план, од своевидни политички и административни верски неодредени  принципи и активности, а  истовремено  кои не соработуваат и не ги одобруваат националните антимакедонски активности и ставови на опозиционите социјалистички политички партии на републиката, кои посебно се однесуваат на  менување на уставното име на Македонија. Тоа е најголемиот принцип и став на македонското иселеништво-неменување на уставното уме и со тоа се е поврзано со него. Само по себе се поставува прашање: Кој ќе ги вреднува нивните пријави за награди од нивни организации и поединци?

Од друга страна тие со социјалистички идеологии, кои раководат со поголем број од своето членство, кое е со потекло од Егејска Македонија, имаат поедини карактеристични заслуги од национален и организационен национален и верски карактер (се однесува на дел од дијаспората на Австралија). Тие меѓу првите иселеници се изборија за организирање и создавање на свои македонски општини и културно-просветни организации. За објаснување да кажеме, дека  во нив спаѓаат голем број објекти и терени за собири и македонски прослави, за спорт и рекреација, за цркви и манастири и сл. Исто така, дека истите учествуваа во основање на првоотворените етнички заедници во мултикултурна  Австралија, во која како пример, беше и македонската заедница  од Перт, Западна Австралија, како и со првите свои македонски претставници во општествениот и политички живот во дијаспората. Понатаму, другата група македонски емигранти од републиката, кои сега меѓусебно соработуваат, а  кои меѓу првите го развеаа античкото македонско знаме, кои организираа големи и значајни демонстрации пред осамостојувањето на Република Македонија, пред Амбасадите и конзулите на Грција, Бугарија и СФР Југославија во скоро сите градови на Австралија и поедини во Америка. Сите тие кои влијаеа за национално македонско осамосознавање, отфрлајќи ја погрешната теза на македонската националност и сувереност - наводниот Заткарпатен словенски карактер од 5-6 век и сл.

Како еден од најстарите лидери и активисти на македонското движење во дијаспората, со одредени заслуги за позитивната активност на поедини македонски етнички организации, групи и поединци, на пример од Сиднеј, кои единствени во дијаспората, во најголемит театар на Опера Хаус, одржаа најголема и единствена свеченост во дијаспората на 2 август 2003 година, во чест на 100 годишнината од Илинденското востание. Таквите патриоти од времињата на незрелото владеење на Љубчо Георгиевски, недоразбирањата со опозиционата СДСМ и албанскиот политички блок во републиката, а подоцна и со недоразбирања од административен карактер со МП Епархија на Австралија (од 1996 година), што непотребно доведоа да станат опозициони на актуелната власт на републиката. Оваа група, иако во суштина ги има истите или многу слични принципи за македонската националност и сувереност со десничарската актуелна власт на републиката, сепак според правосудските закони на Австралија, сметаат дека градителите на македонските општински, верски, спортски и други видови објекти, треба целосно да ги применуваат верските принципи на МПЦ-ОА, додека административните и организациони активности и обврски да бидат спроведувани од градителите и нивните управи. Тоа е со цел да се одржуваат и прошируваат тие материјални и духовни македонски храмови, да непречено продолжуваат да опстануваат и просперираат, од колено на колено, од Македонци и Австралијанци од Македонско потекло.

Досегашниот раскол меѓу иселеништвото, кое произлезе од горните саображенија, иако не завзеде голем замав, досега  беше и причината за материјални штети од над 5 милиони австралиски долари потрошени по судовите. Со еден збор, тие организации и групи им се приклучија на патриоти само на македонскиот национален идентитет, кон тие кои не беа вклучени во основањето на ДООМ, ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ и кои  се` уште се во политичка-демократска опозиција, туку се во организации за македонски човекови права, каде останаа повеќето со социјалистичка ориентација. Мое длабоко убедување, иако не соработувам со нив со години, со тие политички опозициони групи, ги потсетувам дека и за нив важи повикот на Агенцијата, која гласи: „Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување“, да се пријавуваат навреме, со обрасците 1 и 2, на ЈАВНИОТ ПОВИК од директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, г-динот Васил Наумов.

Тие опозициони македонски организации и поединци, како и организации, групи и поедици лојални на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат извесно материјално и духовно непризнаените македонски организации, исто така со социјалистички ориентации во етничките делови на Македонија, во Грција и Бугарија, за што досегашните влади на Република Македонија, јавно немаа и несмееа да имаат соодветна поддршка за тие македонски организации според меѓународното право и Уставни обврски. Од друга страна, официјалните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората, кои се најверодостојни за соработка и поддршка на македонските организации во Грација и Бугарија, бавно но сигурно почнуваат со позитивни македонски активности, но им недостасува меѓусебна соработка. Таквата соработка ќе ги насочи и синхронизира активностите на посточеките македонски радиопрограми, кои ги има по неколку во поголемите метрополи во светот, како и списанија, билтени, неделни македонски весници и други информативни списанија и поединечни статии.

“Македонија ви благодари”, ако се одржува секоја година, ќе служи за меѓусебно помирување и македонско обединување во кое би се опфатиле и постарите патриоти на кои секоја година им се намалува бројот, а  кои се основоположници на демократскиот систем во родна Македонија и имаат извесен авторитет и можни влијанија за омасовување на ограноците во дијаспората, не толку со број на членство, колку со вистинска подршка и активности за афирмавција на Република Македонија и нејзините институции.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.