Среда, 15 Мај 2013   
Младите македонски автори се меѓу најуспешните од просторите на поранешна Југослација

Rukopisi---korica
Во Зборникот на поезија и кратка проза „Рукописи“

Во триесет и шестото издание на Зборникот на поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија „Рукописи“ чиј издавач е Домот на младите во Панчево, застапени се шестмина млади македонски поети и двајца млади македонски прозаисти, со што, оваа година, во овој реномиран зборник, застапен е најголем број македонски автори, во споредба со сите досегашни негови изданија. Истовремено, покрај авторите од Србија, во триесет и шестото издание на „Рукописи“, најбројни се авторите од Македонија. Имајќи предвид дека станува збор за зборник со голема традиција кој веќе се издвојува како најзначајна објава во која еднаш годишно се обединува естетски највредната поезија и кратка проза на младите автори од сите држави од просторите на поранешна Југославија, ова е податок кој уште еднаш говори дека младата генерација македонски поети и прозаисти, создава творештво кое со своите уметнички вредности, достоинствено ја претставува современата македонска книжевност и надвор од македонските граници.

Од околу триста и педесет пристигнати текстови на конкурсот којшто традиционално го распиша Домот на младите во Панчево, на кој можеа да учествуваат автори на возраст од петнаесет до дваесет и седум години, уредниците на Зборникот меѓу кои е и македонскиот поет, есеист, книжевен преведувач и универзитетски професор Звонко Танески, избраа книжевни текстови од околу педесет автори. Од Македонија, во Зборникот се објавени текстови на: Иван Антоновски, Ненад Јолдески, Снежана Андоновска, Исток Улчар, Катерина Диманова, Мануела Златкова, Бојана Петрова и Олгица Станковска.

На 10. и 11 мај, во Панчево се одржа дводневна меѓународна промоција на Зборникот, на која свое учество зедоа и Антоновски, Диманова и Петрова, како и уредникот Танески, со што, оваа година, македонската делегација на ова значајно културно збиднување беше најбројна. Македонските автори, покрај настапот на книжевната вечер на која пред бројната публика беа претставени текстовите застапени во Зборникот, зедоа свое учество и на работилницата на која се согледуваа можностите за промоција и поддршка на младите автори во сите држави од просторите на поранешна Југославија. На работилницата беше забележано дека во овој миг, во споредба со ситуацијата во другите држави, најсилен пробив на книжевната сцена имаат остварено младите автори од Македонија и Словенија. Беше констатирано дека по низата заеднички претставувања со кои најавија ново време на современата македонска книжевност и своите поетики им ги доближија и на повозрасните генерации автори, како и по објавувањето на неколку значајни антологии во текот на 2012 година, меѓу кои прва се појави антологијата „Ветерот носи убаво време“ во која е претставено највредното од творештвото и на младите македонски поети и на младите македонски прозаисти, младите македонски автори, во споредба со авторите од другите држави, во последниве две години имаат добиено најголема поддршка за објавување на нивните авторски книги, како и поддршка со промовирање на нивното творештво во периодичните книжевни списанија, поради што Македонија може да се пофали и со најголема продукција на објави од млади автори. Но, истовремено беше констатирано и дека по таквата поддршка, младите македонски автори индивидуално ќе треба да го префатат предизвикот на борбата за свое место на книжевната сцена и на борбата за нови естетски вредности во македонскиот книжевен простор. Според изнесените податоци и согледувања, беше констатирано дека во овој момент, Друштвото на писателите на Македонија е реномирана писателска асоцијација од национален карактер која во изминативе неколку години во своето членство има примено најголем број млади автори во споредба со реномираните писателски асоцијации од другите држави, но притоа беше искажано и очекување дека тие автори ќе добијат и поголеми можности за вложување на својот потенцијал во развојот на асоцијацијата.

На работилницата беше забележано дека евидентна е потребата од повеќе младински книжевни фестивали од меѓународен карактер и дека еден таков фестивал му е потребен и на македонскиот книжевен простор, поради што плановите за понатамошна поддршка на младите автори, треба да се движат во насока на создавање на една таква манифестација.

На дводневната промоција, младите автори од просторите на поранешна Југославија разменија бројни искуства, но истовремено дојдоа и до бројни заеднички идеи за понатамошни заеднички претставувања и заеднички проекти.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.