Среда, 22 Мај 2013   
Спектакуларен македонски фолклорен фестивал во Малени, Квинсланд

festival-maleni-1

Спектакуларен фолклорен концерт (vorkshop), се одржа во Малени, Квинсланд, Австралија, планинско гратче, оддалечено околу 100 километри северно од Бризбен, на 18 мај 2013 година, од 19.30-23.30 часот. Предавач и раководител беше познатиот и многу популарен македонски фолклорист и кореограф, Јорго Капорис (Yorgo Kaporis) од Сиднеј, лидер на фолклорната група “Балкан-танцовна работилница”, членка на австралиската асоцијација “Фолклорни танци на Австралија”, во соработка со  музичката група “Линзи Полак музичка група” од Тин Тин, Квинсланд, Австралија, кој беше организаторот на концертот со учество на 23 музичари.

festival-maleni-2
Линзи Полак (во срединта) го најавува спектакалот во Малени, а Јорго Капорис (десно), подготвен за раководење на играорците

Кој е Линзи Полак?

Линзи Полак го запознав на почетокот од втората половина на 80-ите години од минатиот век на свечености, како за Илинденското востание, кои се одржуваа секоја година во просториите на Македонската општина во Норт Перт, Западна Австралија. Линзи свиреше на неколку дувачки инструменти меѓу кои беше и гајдата. Линзи имаше придружба од 5-6 девојки кои го пратеа насекаде во Перт и околината, а во викендите свиреше и пееше, како во Фремантел маркет (необичен пазар) полн со дуќанчиња за храна, сувенири и сл. Тие пееја македонски песни. Еднаш на една од прослевите, еден средновековен Македонец, кој не знаеше добро англиски, кога ги чу девојките како пеат македонски песни, солзи му потекоа од одушевјување. Како е можно Австралијанки да пеат македонски песни!? Навистина и Австралија има свои таленти за фолклор, само треба да присуствуваат на часови за да се откријат. Линзи Полак, вештините со свирање на гајда на македонски песни, како и производство на гајди, ги научил од братот на Атанас Коларов познат солист во ансамбалот “Танец” од Република Македонија, кој беше близок пријател и соиграч на Георги Џорџ Томов. И двајцата емигрираа во САД, во Њујорк, во втората половина на 60-те години од минатиот век.

Оваа вечер донесов со себе извесни материјали, како што се копии од страниците 56-61 од мојата книга „ТНМР Движење од Австралија“ издадена во 2008 година, на кои страници пишувам за Линзи Полак, за поедини негови учества на мултикулрурни фестивали во Перт, во паркот на населбата “Норт Перт”, каде секоја година се одржувааше фестивалот. Во тие страници има фотографија од Линзи, каде свири на гајда и други фотографии од фолклорни и музички групи  од други етнички националности со нивни национални костуми. При покажување на останатите копи, како информации за називите и содржините на моите историски книги и книги за македонски човекови права, како и дела со национално политички содржини, кога дел од присутните музичари на Линзи прочитаа дека Македонците не се Грци, гласно коментираа, дека Александар Велики е Македонец, а не Грк. Тогаш пријде и Јорго. Кога Јорго го виде Георги Џорџ Томов на една од фотографиите извикна со пријатно изненадување: „Тоа е Џорџ од Америка, јас присуствував на неговите часови кои ги држеше 1993 година во Аделаид…“

festival-maleni-3
Дани Макензи со Маргарет Томов (лево) ги пратат инструкциите на Јорго

festival-maleni-4

Со посебни методи за брзо учење на македонски и балкански ора, Јорго,  со голем успех ги научи учесниците на фестривалот, кои не пропуштија ниту едно оро.

На фестивалот учествуваа околу 250 љубители на македонски и балкански народни песни и ора. Повеќето од присутните беа членови на интернационални фолклорни групи од Нуса, Намбор, Бризбен и други околни места од Квинсланд, како и неколку фолклористи од далечното Северно гратче Таунсвил. Еден дел од присутните беа облечени со фолклорни алишта по сопствени желби, за да се разликуваат од други учесници со скојдневни облеки.

festival-maleni-5

Најкарактеристично за фестивалот беше методот на изучување на ората, според педагошките принципи од полесно кон потешко, од побавно кон побрзо, се’ додека сите не ги научат одредените движења на  ората. Секое оро беше пропратено од 25 мизичари, кои  со различни музички инструменти, беа диригирани од познатиот музикант на Македонците, Линзи Полак.

Јорго Капорис ја објаснуваше карактеристичната содржина на ората, за чекорите и движењата на телото од каков карактер е орото, што претставува, кога е весело, љубовно, хумористично или оро со елементи од секојдневијата, поврзано со поедини професии… Во врска со песните, кои со звуците на музиката беа оригинални македонски, македонските зборови ги преведуваше на англиски, а за време на целото оро песните ги пееше на оригинален македонски јазик. Така учесниците имаа претстава за чекорите на соодветното оро, што преставуваат движењата, текстот во песната и кои музички инструменти се користат.

Песните и ората кои Јорго ги претстави на фестивалот, а кои се околу 25 во специјална касета, ќе набројам неколку од нив:

Најпрво полесните ора  „Јовано Јованке“, а подоцна и потешки и покомплицирани, како што беа „Касапско“, „Богдани“, „Битолско Право“ и други македонски ора со песни кои Јорго ги пееше, а поединци и учесници кои знаеја по некој збор од песната, го пратеа. При тоа, Јорго не пропушташе да нагласи дека соодветното оро и песната потекнуваат од карактеристичен дел на Македонија, како што е од Пиринска Македонија, од Егејска Македонија или од Република Македонија. Исто така, подетално ги објаснуваше и балканските ора.  Во врска на поедини оригинални македонски ора, кои денес се изведуваат во Егејска Македонија (Северна грција), како и истите или слични македонски ора во Пиринска Македонија (Бугарија), се изменети со што попримиле Хеленски, односно Бугарски карактер. Јорго со разочарување неколку пати објасни дека му е многу мака што на Македонците во денешна Северна Грција, владата од Атина не им дозволува да зборуваат и да учат македонски мајчин јазик.

Janko_TomovЈанко ТОМОВ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.