Среда, 19 Јуни 2013   
Застарените политички влијанија пречка за македонското единство

Janko_Tomov
Јанко ТОМОВ

Влијанието врз младите генерации од страна на бившите комунисти во Република Македонија, се помали во однос на истите во македонската дијаспора. Што се однесува на националните и политички партии во Република Македонија, нема драстични проблеми, тоа повеќе се однесува за македонската дијаспора, поттикнати од македонските борци-комунисти на Демократската армија на Грција.

Борците на ДАГ донекаде ги оправдувам, иако недоволно организирани и подготвени за борба во тоа време на Граѓанската војна во Грција се бореа на страната на грчките комунисти. Не дека го разбираа комунизмот и имаа потреба од него, туку се бореа и гинеа да ги добијат своите македонски национални и основни човекови права, кои ги ветуваше КПГ организирана од КП на СССР (Советскиот Сојуз).

Тврдоглавоста се’ уште  доминира кај поголем дел на бившите борци и нивни членови на семејствата, како и кај извесниот дел на поддржувачи на ДАГ, како непотребна лојалност кон згаснатиот едноумен систем, на штета на современиот демократски поредок. Во тоа не заостануваат и емигрантите од поранешна СР Македонија (Вардарска Македонија).

Помина повеќе од половина век и преживеаните борици од таа војна во Грција, се’ уште ги поддржуваат комунизмот и социјализмот, како основа на своето учество во тие борби, иако дојдоа до сознанија дека КПГ ги манипулирала и на крајот ги измамила!

Македонските борци на ДАГ кои преживеаа, се случи да  бидат политички поделени на Титовисти и на Сталинисти. Тие првите, кои имаа заслуги и извесни функции во тамошните борби во Грција по победата  на капиталистите се префрлија со своите боци во ФНР Југославија и кои се изјаснија за Тито, а против Сталин, од Титовиот режим беа сесрдно прифатени. Така селектирани по извесни прифатилишта, беа и распоредени во поголемите градови на тогашна НР Македонија, која беше во склоп на ФНР Југославија, а и во некои други републики, како во Војводина. Имено во тоа време се појави инфорбирото, т.е. комунистичка Југославија се одвои од СССР и пријави поддршка кон западниот демократски систем, кој го раководеа  САД, Британија и повеќето Европски држави. Во тоа време тие кои се изјаснија за Тито, ги добија скоро сите привилегии на тие Македонци кои исто се изјаснија за Тито, а додека дугите кои се изјаснија за Сталин, бог знае какви непријатности и тортури доживуваа, пресметнувајќи ги и иселувањата на егејските борци и нивни семејства  вон границите на тогашна Југославија.

Што се случи со поголемиот број на борци на ДАГ, меѓу кои беа и македонските, а и грчки борци и раководители на ДАГ; потоа  со прогонетите мали деца Македонци, кои остана без родители или присилно беа одземани од нив, познати како “децата бегалци” и поедини македонски семејства?

По капитулацијата на ДАГ, Титовиот режим ја затвори границата помеѓу НР Македонија и Грција и не дозволи поголемиот дел на борците на ДАГ да стапнат во Југославија, туку тие борци  беа приморани да преминат во Албанија. Од Албанија сите борци  беа прерасподелувани во источно-европските држави, како во Полска, Чехословачка, Бугарија, Романија и други социјалистички држави, а секако и во кеколку градови во СССР, најмногу во Ташкент.

Се роди омраза  меѓу македонските борци на ДАГ под влијание на Титовистите и Сталинистите. Македонците во Грција кои не можеа да се приклучат во борбите на ДАГ, во периодот од 1946-48 година паднаа во немилост на Грчката влада, особено тие кои имаа свои роднини Македонци-борци на ДАГ. Тоа беше една од причините да почнат да се  иселуваат од Егејска Македонија (Северна Грција), а во тоа помагаше Црвениот Крст и поедини интернационални организации, како што беше Европскиот уред за населување во ветените земји на Канада, САД и Австралија.

Така поголемиот дел на раселените Македонци, “деца бегалци” и македонски семејства од источно-европските држави, а и од ФНР Југославија, добија извесни гаранции од своите Македонци, кои пред Втората Светка Војна и после  неа, беа емигрирале  во западните  земји, што систематски почнаа да се населуваат во Канада, САД, а најмногу во Австралија. Тоа беше спас на сите тие Македонци и семејства, да се откачат од мизерниот комунистички живот, од источно-европските земји, а поединци и од Југославија. Така настана и зближување на скоро сите Македонци од Македонија во демократската дијаспора, каде се здобија со вработувања, образование на своите  млади  поколенија, свои  домови за живеење, некои создадоа приватни бизниси, формираа  Македонски Општини, ги изградија своите први македонски православни цркви и манастири, изградија објекти и терени за македонски национални средбни, спортски и рекреативни активности и сл. Во меѓусебните повторни средби во тие демократски земји, им требаше да ги усогласат македонските национални ставови, а и се’ уште им треба извесно време за да си ги усогласат своите политички ставови, кои им ги наметна Титовизмот и Сталинизмот, а и современениот демократски систем во кој почнаа да живеат во дијаспората.

Тие Македонци кои беа дојдени од Егејска Македонија, имаа свои политички ставови кон современиот капиталистички поредок, а и други објективни причини, меѓу кои владееше стравот од репресали врз нив здобиен од страна на грчките власти, ако се вратат или ако ги посетат своите родни места, како и притисок врз своите роднини кои останаа таму да живеат. Сакајќи или не беа склони кон членство во грчките клубови и општини, каде во некои од нив беа и мнозинство. Но, сепак некако одржуваа роднински врски или пак настојуваа да воспостават пријателски односи за кои сум бил сведок во Перт, Западна Австралија, во втората половина на 70-те години од минатиот век.

Дојдените Македонци од источно-европските земји почнаа да ги посетуваат своите родни места во Егејска Македонија, а поединци кои добија визи, почнаа тајно да поставуваат југословенски знамиња или да пишуваат комунистички пароли на ненаселени објекти со цел  да го пропагираат комунизмот. Но, набргу грчките власти подрастично реагираа, при што им беше спречено понатамошното нивно посетување на родните огништа.

Во 70-те години Македонците кога почнаа да закрепнуваат и материјално, научени на демократија во одност на признавање на мајчиниот македонски јазик, како во време на живеењето во источно-европските држави така и во државите  на западната хемисвера, почнаа да бараат начини и методи како да ги организираат своите сонародници во Егејска Македонија, да создадат свои национални и политички организации. Како едни од важните поврзувања на Македонците од дијаспората со различни политички сознанија и ставови, со истомисленици на локалните Македонци од Егејска Македонија, кои  живеат во  градот Лерин и околината, ја основаа македонска организација наречена: Централен Комитет за Македонски човекови права-Солун (ЦК за МЧП-Солун), во 1964-65 година.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.