Среда, 26 Јуни 2013   
До кое ниво се Македонците во Македонската парламентарна група на Австралија

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

На 3 април 2008 година во Австралија е оснивана „Македонска парламентарна група на Австралија“ на федеративно ниво. Во оваа група се зачленети 19 членови на Федералниот Парламент на Австралија, составена од скоро сите постојни (регистрирани) политички партиии во Австралија. Значи во оваа македонска парламентарна група има и парламентарци од најголемите политички партии од актуелната Лабуристичка влада и опозиционата коалиција, составена од Либералната партија на Австралија и Националната партија на Австралија. Еден од иницијаторите за создавање на оваа пријателска група се почесниот конзул на Република Македонија, Зоран Ќосески од Перт, Западна Австралија и Ордан  Андреевски, директор на ОМД за Австралија.

Неколкуте состаноци на МПГА во почетокот на изминатиот период од 5 години се одржаа со делумен број на членство. Групата има индивидуални интереси кои се поврзани со интересите на нивните политики партии кои ги претставуваат, за подршката на Македонското иселеништво на Австралија, кое го дава или требало да го дава својот глас на локални, државни и парламентарни избори и настани.

Досега нема официјална заедничка декларација доставена до Австралискиот Федерален Парламент за официјално признавање на уставното име на Македонија и македонскиот национален идентитет. Тоа е спречено од влијанието на појаките и побројни грчки лоби групи, а и од политичари и дипломати од Република Грција, при посета на лидери на политички партии, држави и Федералниот Парламент на Австралија. Значи досега нема званичен документ за разгледување и за донесување извесни одлуки или решенија во полза на Република Македонија. Сите активности се сведуваат на ниво на лидери на помали политички партии на Австралија, кои пред сите избори ветуваат своја ангажираност за решавање на проблемот со името, на федерално ниво.

Еден од најактивните, со објавени и предложени предлози и согледувања за неминовните потреби за признавање на уставното име и македонскиот национален идентитет, како и за стабилноста на Балканот, од страна на австралиските власти и партии, како и потребата од поголема и подинамична соработка помеѓу Република Македонија и Австралија, е парламентарецот Лук Симкинс од Либералната партија од Западна Австралија, а и во последно време активниот и популарен претставник на Лабуристите, Стивен Јонс.

Со тоа, активноста на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во поедини делови на македонската дијаспора каде живееат повеќе Македонци, како во Канада, Австралија и САД, каде се користи англискиот официјален јазик, многу Македонци од постарата (повоена генерација), кои ја организирале македонската емиграција во Македонското движење, не се вклучени во оваа организација, бидејќи недоволно го познаваат академскиот англиски јазик.

Ретки се Македонци со високо образовни квалификации, кои ги користат двата јазика (македонскиот и англискиот) на академско ниво, за да може доволно меѓусебно да се разбираат и да соработуваат со политичари, дипломати и стручни лица чии професии се поврзани со историски науки, меѓународно право и правните законитости на соодведната држава во која денес живееат, како и заштита на основните човекови и национални права, слободи, култури, примена на национални карактеристики и сл.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.