Среда, 03 Јули 2013   
Замерки, напади и притисоци од страна на ЕУ, НАТО, САД и опозицијата со цел менување на името

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Европската народна партија е најсилна групација во Европскиот Парламент. Нејзиното влијание е од одлучувачки карактер на повеќе нивоа во кои се вклучуваат раководните функции на трите најзначајни европски институции.

Нели сето тоа  е креирано да се создаде една јака и просперитетна Европска Заедница, која меѓусебе ќе се помага, а и ќе ги помага и сите прогресивни народи и нации кои се наоѓаат во нејзина близина?! Секако таква организациона група, на народи и нации со политички, економски и што е најважно хуманитарни принципи, со темек на време, се стекнува со скоро сите потребни атрибути за водство и развој на современиот демократски –капиталистички систем на владеењето. Но, за жал поинаку стојат работите. Поради влијанија од поранешните окупаторски империи кои и ден денешен ги узурпираат правата на угнетените непризнаени народи и нации, како што е македонскиот народ и Суверена Република Македонија.

Мое согледување можеби не им оди во прилог, иако сите нивни активности се застапени врз усвоени закони на демократскиот живот, во кои спаѓаат усвоени декларации, правни регулации, програми, планови, одлуки, решенија и слично, со кои треба да се регулираат сите обврски и потреби на сето членство, на пример на ЕУ, НАТО, ОН и нивните безброј институци.

Изгледа се` е само на хартија, а ако испадне потреба да се задоволи правдата, првенствено се застапуваат своите лични интереси, кои ги потиснуваат или заобиколуваат нивните сопствени изгласани правни норми и демократски принципи.

Порано во добата на едноумието, а и пред него, како во мировниот договор  во Лозана, во 1922 година, Грција земала обврска на Македонците во Егејска Македонија да им даде право да го изучуваат мајчиниот јазик, што до денес се` уште не реализирано. Денес и во добата на демократијата, сведоци сме дека раководствата на ЕУ, НАТО, САД и други големи сили, не ги признаваат одлуките на своите сопствени врвни правни - институции, како што е Судот на ОН во Хаг, а да не зборуваме за Општата Декларација за човекови права изгласана во 1948 година на Генералното собрание на ОН. Тие одлуки како и поранешните одлуки и решенија од минатите војни, во однос на заштита на Македонците и нивните основни човекови права, кое не се применува ниту во Егејска Македонија (Северна Грција), ниту во Пиринска Македонија (Република Бугарија), а и донекаде во Албанија, до ден денешен .

Како еден пример од многуте е исклучување на македонското население на пописите во тие земји, недавање на право на глас во парламентарни и локални избори, недавање на право на користење на својот мајчин македонски јазик, да отворат училишта, медиумски куќи, да се изградат верски објекти или да се даде право за одржување на македонски верски обреди со македонски свештеници на македонски јазик и што е најважно да се спречи асимилацијата и денационализацијата, барем на тие Македонци кои се` уште постојат таму!

Дел од антимакедонските медиуми (извесни групи на ЗНМ, новинари поткрепени од приватни уредници и сопственици на медиуми и опозиционата партија) како што е „Утрински весник“, во насловот од 13 јуни 2013 година: „Либералите бараат реакција на Ештон за Центар“. Во текстот пишува: „Претседателот на Либералната Интернационала, Ханс ван Бален испратил писмо до шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон, со кое ја запознава  со случувањата во скопската општина Центар и дали презема нешто“. Тука се работи за неодамнешната демонстрација на група македонски граѓани и црковни претставници пред општината во која грдоначалник е г-дин Жерновски, кои бараа Советот на Центар да не ја укине дозволата за градење на црквата Св. Константин и Елена во центарот на Скопје срушената од земјотресот во 1962 година.

На регионалната конференција во Охрид, „Дневник“на 15 јуни 2013 известува под наслов: „Ротацијанците ќе го помируваат Балканот“. На оваа регионална конференција, учествувале и познати личности, како што се: бившиот амбасадор на САД во Скопје, Кристофер Хил, бившиот шеф на Пактот за стабилност , Едвард Бусек и бившиот претседател на 62 –то Генерално Собрание на ОН, Д-р Срѓан Керим и други претставници од балканските земји, без преставник од Грција. „Турскиот бизнисмен Балкан ја лансираше балканската мировна  иницијатива со која треба  да се надминат предрасудите во регионот, додека пак Д-р Срѓан Керим повика на регионална соработка според Скандинавскиот модел“.

Но дали е тоа така во праксата која треба да биде врз база на постојните правила? Еве уште еден пример, кој докажува непринципиелност во користење на постоечите ставови и правни норми на интернационален план. Се работи за изјава на судии во Хашкиот трибунал. Имено данскиот судија во Хашкиот трибунал, Фредерик Хархоф рекол: „ Хаг ослободува по наредба, а ние по политички притисок ги ослободивме Готовина и Маркич“.

Согледувајки ги пропустите на лидерите на ЕУ и нивните колеги од нивните институции, во врска со прием на држави од Европа во ЕУи НАТО, како што е Бугарија, која ги нема исполнето повеќето норми за прием во ЕУ. Потоа Грција која има нестабилна економија и прекумерно трошење на позајмени средства од финансиските институции на ЕУ, за луксузи, нерационално трошење и за вооружување на нивната војска, постоење на фашистичка оргранизација, попречување на Република Македонија за пристапни преговори со ЕУ и слично, нели е редно и демократски, лидерите на ЕУ да си дадат оставка на нивните функции, за да на нивно место дојдат, пообразовни и похумани стручњаци и правници кои ќе ги спречат сите неправилности и ќе придонесат поголем просперитет на сите полиња, како во ЕУ и НАТО, така и во Светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.