Среда, 17 Јули 2013   
Зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората

janko-tomov
Јанко Томов

Македонски општини, друштва, асоцијации, клубови и слични организирани субјекти во дијаспората основаните по Врората Светска Војна, се од особена важност за зачувување на македонскиот национален идентитет.

Во некои места во Американскиот и Австралискиот континент, таа важност се нарушува од страна на поедини субјекти, а ако не се превземат посериозни ангажмани со стареење на македонската популација, значајно ќе се одрази на иднината на тамошното македонско битие и опстанок.

Еден од проблемите е тоа што тие клубови или асоцијации немаат свои комитети или раководства за основање на свои македонски билтени, списанија, новини или пак не можат да ги заштитат и сочуваат постојните, со кои треба да се стабилизираат, не само националните својства на тие организации туку не ќе може да се ускладат и политичко-демократските својства.

Не само што нема претставници за контакти и соработки со локалните и државните институции во повеќе области од животот, исто така нема претставници за соработка со приватните и општинските македонски радија,  списанија, весници и сл. Понатака, да не зборуваме за соодветни тела кои би требало да бидат официјална алка, меѓу државите каде живее македонското иселеништво и власта и нејзините институции. Таквите информативни списанија, би требало да циркулираат меѓу своето членство или симпатизери, помошни лица, барем во своите животни средини.

Досегашните македонскин списанија, билтени, весници и слични информативни изданија, сосема затаија или ги снема. Во Австралија постојат дво-неделни македонски весници, раководени од еден сопственик во кои има прилично информации, како за животот на иселеништвото така и за актуелностите во матичната татковина Република Македонија. Во нив се прикажуваат поедини значајни настани од македонските заедници на државите на Австралиската федерација, како разни свечености, приредби и  сл. Содржините и насловите се модерни и полни со фотографии од најновите техники со бои и пропорционалности, соодветни на модерните Австралиски дневни изданија. Во нив има рубрика за реклами на приватни бизнис работи, поврзани со услуги, производи и слично, претежно од македонски бизнисмени. Исто така има и теми со написи и фотографии од национален карактер за македонското иселеништво во Австралија. Меѓутоа нема подетални известувања од национани и политички состаноци, трибини, собири и значајни настани, зошто такви многу ретко се одржуваат или воопшто не се одржуваат. Ако пак се одржуваат, немаат соодветна правна и логична содржина, бидејќи или се пристрасни или нејасни од национален или од политички погледи. Исто така овие неделни весници, како и во САД и Канада не стигнуваат до рацете на поголемиот дел од македонската емиграција од повеќе причини, а една од нив е големата оддалеченост од книжарниците од каде се набавуваат.

Некаде во некоја од државите на Австралија, кога ќе се одржи собир, по повод Илинденското востание, пред некој воен споменик, обично таму каде има поголема македонска популација, а и свечености во просториите на македонските православни општини, стадиони или објекти за рекреација и спорт, во последно време нема доволен број на посетители, поради недоволна информираност.

Не постојат политички трибини, каде треба да има теми од национален и политички карактер, поврзани за потребите на емиграцијата и за соработка со матичната земја, Република Македонија и втората татковина Австралија. Не можат да дојдат до израз актуелни теми, предлози и коментари, како и интересни сугестии, со цел збогатување на  активностите и помасовно активирање на Македоците и нивните пријатели во просториите и објектите на соодветните клубови, асоцијаци, општини и сл. Така изостанува соработка на нивните две татковини во кои треба да се вклучуваат и членовите на парламентите за кои Македонците го даваат својот глас на парламентарните, и локалните избори.

Во врска со потребите од религиозен карактер, треба да се разработи  и соодветна стратегија, особено за помали делови од македонската емиграција, кои живеат просторно и временски подалеку од македонските православни цркви, а посебно таму каде што ги нема. Тие емигранти би требало да ги користат другите христијански цркви за свои религиозни потреби, барем неколку пати во годината. Претежно најблиски цркви на нас Македонците, освен МПЦ се и католичките и протестанските цркви, каде поедини македонски семејства имаат склопено бракови. Други туѓи и непријателски цркви на МПЦ-ОА, како што се српските, бугарските, грчките и други цркви, не треба воопшто да се посетуваат, се’ додека тие не ја признаат нашата црква. Со тоа Македонците ќе се заштитат и од влијанија на поедини секти кои се со лош глас и кои се против христијанството.

Препорачливи се групни посети на значајни места, како манастири, излетнички места, видни знаменитости во градот или во неговата близина, собири и национални свечености организирани од страна на институциите на локалната или државната управа на државите во Австралија, а секако и во Америка, Канада и други места во светот, каде не само што ќе се сретнат старите пријатели, туку и нивните деца и младинци, каде ќе се запознаваат и ќе се зајакнуваат пријателствата.

zacuvuvanje-na-makedonskiot-identitet-2

Во врска со националните прослави на државите во западната хемисвера, потребно е и ние Македпонците да учествуваме со наши претставници, а и ние самите помасовно, по можност организирано. На пример, кога се одржуваат парадите на асоцијацијата на австралиските и на новозеландските борци паднати во минатите војни, каде се маршира по главните улици на метрополите и сите градови и населби и каде се положуваат свежи цвеќиња и венци во знак на сеќавање на паднатите борци, инвалиди и евентуалните преживеани борци од тие војни. Така има прилика, барем преку претставници на македонски заедници и ние Македонците да бидеме на извесен начин учесници, каде би се афирмирало македонското име пред милиони сограѓани. Има повеќе примери на такви учества на паради во западните земји, каде учеструваат групи од нациналности, како ирски, шкотски и други. Би сугерирал да се создаде едно македонско тело опосебно во западните земји каде се одржуваат тие масовни маршеви, со играорна група со македонска народна носија и написи со бројки и други прикладни реченици, каде би се истакнале македонските воени трупи во Авганистан, мировни македонски претставници на “Сините шлемови” на ОН и сл. Така се развива братството меѓу мултикултурното население на тие западни држави. Тоа е еден од начините да ја истакнеме нашата благодарност кон нашите сограѓани кои нам Македонците ни пружиле гостопримство, грижа за подобар живот, не само нам, туку и на нашите млади генерации, што е добар пример за соработка и афирмација со сонародниците од матичната Република Македонија и окупираните етнички делови на Македонија

Во врска со посетата на родна Македонија, на поединци Македонци, особено во летните месеци, да посетат и поедини национални обележја, како споменици на нашиот цар Алексаандар Трети Македонски-Велики, великаните од Илинденстото востание и современите споменици на видни Македонци од поновата историја на Македонија, како фонтани, релјефи на историски објекти, новите објекти, како што е музејот на македонската ВМРО, обновениот  Народен театер во Скопје и ред други знаменитости од проектот „Скопје 2014“. Секако би било пожелно да се набави и донесе по некој сувенир од тие нови национални обележја, а се разбира и поедини карактеристични национални македонски носии, а тие во вашите домови ќе ја намалат носталгијата за својот род и родната Македонија.

Забележено е во поедини училишта во Австралија, иако во поголемиот број од нив не студираат и македонски деца, а има по некоја македонска личност, како учител, проферор или член на администрацијата, сепак кога се одржуваат денови на мултикултурни свечености, се истакнуваат и наши македонски национални бележја. Тие наши обележја се пртеставени преку сувенири и делови од македонски народни носии или карактеристични делови од тие носии. Исто така и на мултикултурни фестивали се пожелни истакнувања на Македонски сувенири и национални обележја во свои павиљони и слично, каде илјадници наши сограѓани можат барем да го прочитаат и нашето македонско име.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.