На 27 и 28 ноември 2013 година во Стокхолм, Шведска се одржа четвртото биенале на меѓународната (EUWIIN ) европска мрежа на жени пронаоѓачи и иноватори . Конференцијата и презентирањето на пронајдоците се одржа на 27 11 2013 год. во научно техничкиот музеј во Стокхолм , додека учесниците имаа вечерен прием во Стокхолмскиот Сити Хол. Доделувањето на наградите на жените учеснички се одржа во Шератон хотелот во Стокхолм на 28. 11. 2013год.
Др.сци. Лилјана Симјановска, ембриолог од Клиничката болница Аџибадем Систина, ја доби специјалната наградата на препознатливост за презентирањето на Инкубатор со уред за директно контролирано јонизирање на воздух.
Елена Оровчанец- Спироска |