|
|
Интелектуалното иселеништво во одбрана на македонскиот идентитет и суверенитет |
Пишува: Јанко ТОМОВ Поедини македонски интелектуалци, кои живеат во земјите на западната хемисфера со своите авторски дела јавно застануваат во одбрана на македонското битие и сувереноста на Република Македонија. Меѓу нив има автори и организатори во македонските организирани субјекти од национален, политички, културен и економски карактер, кои заслужуваат признанија и од претставниците на актуелната влада на Република Македонија и нејзините институции, за кои го вложуват своето драгоцено време, љубов и лојалност кон македонската кауза. Оваа година и тоа неодамна, пред неколку недели, нашата Македонка, Лидија ДИМОВСКА која е жител на Словенија, го обели образот на сите Македонци од дијаспората, а посебно во Европа. Лидија е авторка на романот „Резервен живот“, кој роман доби награда за литература на Европската унија за 2013 година. Партиотскиот дух на Лидија, треба да биде поттик за пример на сите нас, особено нам кои сме автори на македонски дела, а кои дела добиваат признанија од интернационален карактер надвор од Република Македонија. Активистите на македонското движење од дијаспората, кои го прочитавме следниот напис, публикуван во весникот „Нова Македонија“, кој во оригиналност го доставувам, го поздравуваат дипломатскиот акт на Македонката Лидија ДИМОВСКА и пожелуваат уште многу такви јавни бранења и достоинствени однесувања за афирмација на Македонизмот. При откривање на повеќе такви случаи од страна на македонските интелектуалци од дијаспората, се молат сите да се јавуваат со написи и слични инфорнмации на уредништвото на интернет списанието „Македонска нација“ за нивно публикување, при што ќе се запознаат поголемиот дел на македонските интелектуални и организациони патриоти. “Акцент – Лидија од Македонија!Нашата писателка Лидија Димковска во Брисел буквално им одржа лекција на Европејците, храбро и достоинствено, како што ретко кој наш политичар би се осмелил да го направи тоа, а веројатно вака експлицитно никој не го сторил тоа. Потоа читаше фрагменти на македонски јазик од својот роман, а на прашањето од водителот на церемонијата како си поминала во Брисел, Димковска одржа краток политички говор за почит. „Нешто чудно ми се случи кога дојдов во Брисел, го загубив гласот, се надевам дека не е нешто симболично, особено поради случајот со мојата земја, која треба да го загуби своето име само за да стане членка на Европската Унија“, рече нашата ценета писателка многу симпатично, со малку подзарипнат глас, но глас што сосема сигурно го слушнаа и оние од последните редови во салата. Потоа многу културно и` се заблагодари на Европската комисија за наградата, но не пропушти да каже дека благодарноста особено е насочена кон Димковска вчера на својата страница на Фејсбук сподели реакција на третманот што го имала во Брисел, каде што цело време додека била таму го употребувале терминот ФИРОМ, па дури и на главната проба за церемонијата една од госпоѓите од администрацијата кога требало да ја повика извикала едноставно ФИРОМ! „И` реков дека нема да излезам ако рече така и на доделувањето“, бил коментарот на Димковска. Во реакцијата Димковска, меѓу другото, истакна дека на доделувањето на наградата во Брисел не дошле ниту македонскиот амбасадор ниту нашиот дописник, што е уште една потврда за затајувањето на политиката, а особено на нашата дипломатија, која би требало да биде првата што ќе им даде поддршка на успесите на Македонците во европските земји и, се разбира, да застане во одбрана на нивниот личен, но и на националниот идентитет во случаите на неговото негирање, кои патем дури не се ни инцидентни кога станува збор за културни настани. Вака, по малку непријатно, и Димковска, како и низа други наши уметници претходно, беше ставена во ситуација самата да реагира. Така прават барем оние похрабрите, оние другите веројатно многупати досега морале само да го подголтнат горчливиот вкус во устата. Со ваквиот настап во Брисел таа укажа на лицемерството на Европа и на ваквите европски награди чија цел, по се` изгледа само декларативно, е во центарот на вниманието да се стават креативноста и разновидното богатство на современата европска култура. Автор: Весна Дамчевска (Извор: Нова Македонија, 29 Ноември 2013) |