|
|
Внатрешни поткопувања на стабилноста на РМ од страна на албанскиот блок и опозицијата |
Најновите игри околу активностите за санирање на името со странските држави, зборува за индивидуални лични настојувања, разговори и предлози, од лидери на коалиционата партија ДУИ, како и од лидер на опозиционата Либерална партија (ЛП) на Македонија за комплицирање на положбата, која доаѓа од недоволно евидентираните и недоволно национално осознаени лидери-политичари. Како објаснување ќе ги прикажеме следните пишувања во „Нова Македонија“ од 1 ноември 2013 во насловот: Кој ја кажува вистината за “името”? Во ваква игра лидерот на ДУИ, Али Ахмети, привлече внимание што не е за потценување. Ахмети при посета на странски политичари, како што беше со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос во Атина, а исто и со бугарски политичари во Софија, како и со Американски политичари во Вашингтон, изгледа сака по секоја цена да се постигне политичко решение за името!? Тоа е впрочем јавна тајна. Кому му е добро, толку може да му биде и лошо. Зашто? Затоа што политичко решение е добро за Грција, а лошо за Република Македонија. По се` изгледа американските политичари дека го стимулираат овој албански националист и лидер на албанска партија во РМ., што претставува заговор против државата! Ако не е така и дај Боже да не е, ќе ви се извинам. Можеби овие разговори на Али Ахмети доведоа грчки предлог за името: „Славо-албанска Македонија“?! Деновиве, по дочекот на Новата 2014 година, се огласи и се здружи со америкаски агитатори, Бесими од ДУИ, вицепремиер на РМ и министер за интеграција на РМ во ЕУ. Во „Утрински Весник“ од 02.01. 2014, под наслов „Евроинтеграција во американски раце“,пред новинарите на доручкот организиран и платен од американската агенција УСАИД истакнал дека (цитат од авторката С. Јовановска): „Притоа вицепремиерот најави динамична агенда, дотаму што ќе оди низ министерствата за да ги праша што прават и до каде се со обврските што им ги дала Европската унија, ќе почне да го испитува јавното мислење околу евроинтеграцијата, ќе пресмета колку ќе не' чини членството, па и ќе објави монографија за нашиот пат кон ЕУ, иако тој пат не мрдна од стартот“. На 4 ноември 2013 во „Нова Македонија“ излезе наслов: „ЛП со пределог за добрососедство со Грција: Да се забрани за сонцето од Виргина“. Либералната Партија на Македонија (ЛП), по се` изгледа национално незрела, понезрела од СДСМ која во последно време почнува да го брани уставното и националното име на Македонците. Ај да го прашаме тој Величковски, дали сака да му го смениме името во Величкокис? Наместо да е горд, што кај претседателот Иванов и други македонски лидери (особено од ВМРО-ДПМНЕ), во нивните резиденции воочливо постои античкото знаме на Македонија-Шеснаест крако сонце, што го потврдува и контактот со современите Македонци, тој се негира самиот себе и ги става во незавидна положба и сите негови членови на партијата. Игор Величковски –поранешен претседател на Либерална Партија, сменет, но се` уште антимакедонски активен, како пратеник во Собранието Шеснаесто зрачно сонце е чисто македонско, тоа е пронајдено во 1977 во Кутлеш, а не во Виргина (Виргина е ново име на Кутлеш, кои големите сили Германија, Франција, Русија… при оснивањето на Грција во 1820 –те, години го сменија, од старомакедонското античко име Кутлеш). Тешко на македонскиот народ со вакви лидери на политички партии кои не си ја знаат својата македонска историја! Игоре, Игоре, ако има во твојата партија патриоти, треба веднаш да те избркаат од претседателство и од членство на партијата, за да ја докажат својата приврзаност кон зборот Либерална, а не спротивно, окупаторска партија. Навистина Игор Величковски-предавник, неодамна бил сменет од претседател, но останал пратеник во Собранието од редовите на ЛП, при што на последната седница на Собранието, Величковски поднел барање за забрана на употреба на македонското античкото знаме –Шеснает кракото сонце. Во медиумите пишува: „Со само еден глас ЗА собранието не го прифати предложениот закон од Иван Величковски за забрана за употреба за симболот на Кутлеш“. Со оваа информација се докажува дека во Собранието ЗА гласале 61 пратеник, а ПРОТИВ 59 пратеници! Кои се тие 59 пратеници? Сигурно се од албанскиот блок и СДСМ и други негатори на македонското битие, што очекуваат соживот со Македонците! Можеме да замислиме, ако дел од Македонците ја сочинуваат првата половина од гласачите кои се за Македонија, а втората половина Албанци и други етникуми, кои се против македонското име и националност, какво жешко ќе почувствуваме на било каков референдум или изјаснување за името, а знаеме дека и надворешните непријатели, можат да допринесат во манипулирање при конечните резултати! Драги Македонци мислете за последиците, навреме да ја отстраниме опасноста, зошто ова изјаснување на опозицијата ни ги отвори четирите очи за да бидеме претпазливи. Еден ден, наскоро, сите Македонци кои вршат антимакедонски дела во полза на други народи и политики, а за кои примале и примаат пари и материјални добра, што е против државата, сами себе си или некој друг ќе ги доведе пред законот на Правдата, како што е случајот со гркот Антонис Кантас. Всушност Антонис Кантас, поранешен директор за набавка на оружје, во Министерството за одбрана на Грција, признал дека за десет години примал мито од 16 милиони долари, а вратил околу 10 милиони на државата. Кантас бил во притвор од 18 декември 2013. Митото било земано од странски компании, кои му продавале оружје од Германија, Франција, Русија, Бразил и Шведска. Нека се спремат Соросоидите и други предавници од Македонија, да дадат доброволен отчет, со што ќе добијат поблаги казни од заслужените. |