Недела, 09 Февруари 2014   
Македонците се борат за своите правдини
---280x186Не може да се разбере приказната за македонскиот народ без да се знае и да се чуе сторијата за македонската дијаспора. И, тоа не е една сторија, ниту 10, ниту 100… Тоа се илјадници стории за патувањето, заминувањето, сеќавањето… Одењето на гурбет, животот во туѓина, почнувањето нов живот далеку од татковината.

Заминуваат со векови на сите 4 страни на светот. Уште многу порано да почнат да се бележат и документираат заминувањата, како и да се слушне за терминот емиграција, самата Македонија била емиграциско подрачје. Луѓето од Македонија оделе, останувале или се враќале во Влашко, во Румелија, во Стамбол, во Белград, во Дубровник, на Апенините, кон Војводина… Целото човештво со векови мигрира и Македонија не е исклучок во сето тоа.

Но, она што го знаеме како емиграција, гурбет и печалбарство се појавува кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Технологијата напредува, доаѓа железницата, а индустријата на Запад почнува засилено да се развива и има потреба од поголем број работници. Македонија не е слободна, изложена е на војни, нестабилност и сиромаштија. Истовремено, се засилува флотата на бродови кои застануваат во балканските пристаништа, така што се создаваат предусловите за засилено заминување од Македонија. И тоа се случува.

Македонците заминуваат кон Северна Америка, кон Европа, кон Русија, а некои одат дури до Бразил или Австралија. Се создава нуклеусот на македонската емиграција. Познати се многубројните документи што докажуваат и покажуваат како илјадници Македонци недвосмислено го искажувале својот македонски идентитет на емигрантските бироа и документи, свесни кои се, од каде доаѓаат и кои им се припадноста и татковината.

Нешто подоцна доаѓа бранот на заминување на македонски студенти во Лозана, Женева, Виена, Париз, Петроград, Торино, Милано и многу други градови. Никнуваат македонските друштва, а паралелно со голготата низ која поминува Македонија се редат реакциите, апелите, писмата и петициите на македонските организации. Денес сето тоа е архивирано во континуитетот на македонската борба и македонската кауза, како сведоштво за една фаза од битките низ кои поминал македонскиот народ.

Емигрирањето од Македонија го засилува масовното протерување во 1912 и 1913 на стотици илјади Македонци, како и разурнувањата на „македонскиот фронт“ за време на Првата светска војна од 1914 до 1918 година. Следува „белиот терор“ меѓу двете светски војни, пропагандите и кампањите за одродување на Македонците, меѓумакедонските судири и сите епизоди кои беа дел од тоа време.

Партизанските единици за време на победоносната НОБ ја ослободија територијата на денешна Република Македонија, но емиграцијата продолжи и по Втората светска војна. Се појавуваат и политичките емигранти за време на комунизмот, кога многумина морале да избираат помеѓу емиграција или затвор поради политичко дејствување. Се случува трагедијата на 1948 во Леринско, Воденско, Kостурско и другите места, а Македонците повторно заминуваат на сите 4 страни на светот. Од Ташкент до Мелбурн, Сиднеј, Перт и Торонто, од Букурешт до Швајцарија, Индијана, Њујорк и Њу Џерси. Во 60-тите и 70-тите масовно се заминува за Австралија, особено од Битолско и од Охридско.

Од тетовскиот крај најмногу се оди за Детроит и околината, а од Струмица и Радовиш за Швајцарија. Доаѓа периодот на транзицијата во Македонија во 90-тите години. Стотици фабрики се затвораат и многу поединци и семејства си заминуваат. Доаѓа периодот на привремена работа во странство, заминувањето на гроздобери и бродови, странските стипендии, привремени претстои, а сето тоа има свој ефект врз емигрирањето кон Италија, Австрија, Словенија, Германија, Шведска и други држави.

Оваа кратка сторија и историја на илјадници учесници резултира со многубројна македонска дијаспора во целиот свет. Во тој контекст, треба да се гледа дејствувањето и функционирањето на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Оваа недела имав можност да се сретнам со нивните претставници и може да се каже дека се навистина сериозно организирана структура. Присутни се и активни во сите позначајни центри каде што живеат и работат Македонците или луѓето по потекло од Македонија. Јасно, има и многу други организации што се активни, кои даваат свој придонес, заслужуваат да бидат споменати, охрабрени и пофалени, но ја спомнувам ОМД затоа што со повеќе колеги од Собранието имавме директна можност да се сретнеме и разговараме со повеќе луѓе од ОМД.

За време на разговорот беа кажани повеќе поенти, но една ми остана особено забележлива. Тоа беше апелот и укажувањето да има помалку поделби помеѓу нас Македонците, да се изградат мостовите помеѓу дијаспората и татковината, да не се потценува придонесот на дијаспората, да не бидеме зајадливи помеѓу себе, да нема негативни стереотипи кон нашето иселеништво… И навистина, зарем сме ние некој многуброен народ со 50, 100 или 200 милиони луѓе, па да можеме да си дозволиме такви делби и конфронтации?!

Ситуацијата во која се наоѓаме и предизвиците со кои се соочуваме бараат и налагаат поголемо единство, поголема сплотеност и координација. Нема нашинец кој не сака најдобро за својата татковина, за земјата на неговите предци и роднини, за неговиот или нејзиниот „стари крај“. Треба да се поздрават и да се поддржат многуте иницијативи кои ги презема и спроведува ОМД и другите македонски организации. Видовме дека се одлично етаблирани во Вашингтон и дека во сето тоа навистина е вложен голем труд, а истото сега ќе претстои и во Брисел, како клучни градови за македонските евро-атлантски интеграции.

Беше убаво да се видат присутните Македонци од Битола, Скопје, Делчево, Штип, Охрид, Струмица и другите градови како ги канализираат своите активности преку ОМД. Некои од нив се родени или израснати во она што ние го нарекуваме дијаспора, но беше мотивирачки да се види нивната приврзаност кон Македонија.
Има уште многу работи за кои треба и може да се пишува, но просторот на оваа колумна и оваа страница е ограничен. Главното е дека македонската дијаспора е составен дел од нашето национално ткиво, составен дел од нашиот народ и мора да продолжиме на сите начини да ги градиме мостовите меѓу Македонија и иселеништвото.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.