Среда, 26 Февруари 2014   
Македонците од Голобрдо и нивната народна архитектура

golo-brdo

Статијата од А. А. Новик „Македонци – Муслимани во Албанија“ претставува резултат на истражувањата на рускиот Музеј на антропологија и етнографија император Петар Велики (Кунсткамера / Kunstkamera) и Балканската комисија (Balkan - Kommission) на Австриската академија на науките во селoто Требиште, Албанија, во септември 2008 година.

Голобрдо е природен резерват, сосема уникатна средина во однос на зачувување на традиционалната култура. Патем, дел од оваа област од 2008 година, според одлуката на Владата на Албанија, е вклучена во националниот парк "Шебеник - Јабланица". Целта на оваа одлука е да се привлечат домашни и странски туристи во регионот и да ги охрабрат инвестициите за развој на економијата на локалните заедници.

Етнографските набљудувања во Голобрдо во септември 2008 година им овозможува на истражувачите предводени од професорот Андреј Николаевич Соболев да се соберат податоци за традиционалното домување, народната носија, накит, верувањата, уметноста и занаетите, ракотворби, традиционалната кујна на Македонците муслимани.

Осврнувајќи се на архитектурата во Голобрдо истражувачите ќе забележат дека „секое село тука е исклучително интересно од аспект на народната архитектура“ и дека „главниот градежен материјал е камен, што е разбирливо, ако се има во предвид неговата достапност и евтиниот материјал“. Како што велат тие, во Голобрдо „традиционално се собираат камења за изградба на куќа за членови на семејството“.

Во својата статија А. А. Новик за традиционалната изградба на домовите во Голобрдо пишува: „Во Требиште бевме на ридот, каде имаше огромен куп на градежен камен, кој е изваден од планината. Информаторот ни објасни дека каменот му припаѓа на семејството на Рамазан, водачот на нашата експедиција. Неговиот татко изградил куќа за своето семејство, а со текот на времето во своето слободно време подготвува камен за идниот дом на својот син. Овој процес, ако не се подготви во однос на изградбата, може да потрае неколку години. Селаните, знаат за таквата изградба и собираат градежен камен на едно место, и не се обидуваат да "позајмат" од туѓи купови. Осуда и озборувања на селаните претставуваат ефикасни санкции на колективот и ден денес. Секој сосема слободно може да си набави камен за градење - што е најважно, не се мрзливи. Затоа во Голобрдо е сосема вообичаено да се видат овие "магацини" на кршен камен...

...Куќите за живеење се направени од природен камен со сива боја. Камења се фиксирани со раствор, чија главна компонента денес е позната како цемент. Постојат куќи кои се изградени од природен камен без малтер. Вообичаено, ова се стари градби кои се повеќе од 100 години, и нови изградени за економски цели. Овие згради имаат дебели ѕидови, во кои се монтирани дрвени греди и столбови, кои ја обезбедуваат потребната флексибилност на целата градба во случај на земјотрес. На патувања во Голобрдо видовме некои напуштени стари згради чии покриви беа паднати со текот на времето, додека ѕидовите останаа цели и неразрушени...“

Ѕидарскиот занает во Голобрдо се изучува од мали нозе и традицијата за градње се пренесува од колено на колено. А. А. Новик во својата статија пишува: „Локалните мажи од детството помагаат при ѕидањето. Помош на постарите при изградбата на сопствените домови, учеството во колективната изградба на куќите на роднините, потоа учествувото во разни акции во текот на изградбата на социјализмот во Албанија овозможија поголем дел од машката популација да се стекне до градителски вештини, да станат ѕидари. Традицијата на градење на куќи од камен која се негува со векови во регионот доведе до развој на посебни градежни техники и дополнување на механизмите со одредени достигнувања и технолошките решенија при градежните задачи кои се пренесуваат од една генерација на друга“.

Локалните жители, како и жителите во регионот на Дибра, кој се наоѓа на граница меѓу Албанија и Македонија се познати како одлични ѕидари. Поради тоа тие се барани за изградба на куќи во различни реони во Албанија, Македонија, Косово и Грција.

„Бројни сведоштва за работата на локалното население како сезонски градежни работници во различни области на Балканот, ние можеме да најдеме во делата на истраживачите на Балканскиот Полуостров од XIX век, во извештаите на европските конзули, како и во белешките на патниците“ – пишува А.А. Новик.

Денес, како што вели рускиот научник „миграцијата на работната сила е главно во централна Албанија и во крајбрежните области на земјата каде што се одвива масовна изградба на приватни вили, станови, хотели и јавни објекти. По падот на социјалистичкиот систем (или монизмот, како што е наречен од страна на локалното население) се создаде можност за миграција на работната сила во Грција и другите земји од Балканот и Западна Европа“.

Говорејќи за печалбарството Новил пишува: „Мажите-градители почна да одат во странство (често нелегално) да работат на неколку години. Семејствата на овие работници мигранти продолжуваат да живеат во селата на Голобрдо, каде се занимаваат со земјоделство, работат во полето, се грижат за добитокот. Повеќето од младите мажи (до 50 години), со кого разговаравме, работеле во Грција, Словенија, и т.н. Во Македонија на печалба не одат, бидејќи платата на ѕидарите е речиси иста како и во самата Албанија, но и поради изобилноста на локални ѕидари. Главната работа на Македонците - муслимани во странство - изградба на згради, односно изградба на ѕидови, подови, покриви итн. На завршната обработка, водовод, електрична работа и друго, сопствениците поквикуваат други мајстори. Традиционално се смета дека најдобри се ѕидарите од Дибра (и соодветно на тоа, ѕидарите од Голобрдо)“.

Истражувачите ќе забележат дека „работата на градилиштата, како во градските и крајбрежните региони на Албанија, така и во странство, ги воведува ѕидарите, кои дојдоа од Голобрдо, во светот на современата градежна технологија. Сретнувајќи се со искуството на другите професионалци, тие помагаат да се најдат нови решенија за технички проблеми итн., односно, придонесуваат да се донесат најдобрите практики на другите, притоа задржувајќи ги традиционалните вештини на својот стар занает“.

Ова влијае на традиционалната архитектура на населбите на Македонци муслимани во Голобрдо, како во изгледот така и во распоредот на своите домови. Пишувајќи за изгледот на селата на Македонците муслимани, Новик ќе забележи:

„Традиционално македонските населби во оваа област или се наоѓаат на падините на планините, каде што постојат текови на планински потоци и реки кои можат да им обезбедат на луѓето вода или покрај патиштата кои водат до големи трговски центри североисточна Албанија. Селата, како по правило, обично се групирани или од мешан тип. Одвоени домаќинства е практично невозможно да се сретнат. Таква организација на населбите е карактеристична во сите места населени со муслимани во оваа област. Улиците во населбите како по правило се многу тесни. Во Требиште селските улици се толку тесни што по нив е тешко да се вози голем автомобил. Да се ​​вози до куќата е воопшто невозможно. Селските куќи во дворовите, се оградени од улицата со високи камени огради. Како по правило, позади оградите е речиси невозможно да се види што се крие во внатрешноста на дворот. Во вечерните часови, кога на улиците се практично нема луѓе, со затворени порти во текот на ноќта, селото наликува на безбедна тврдина... Страно делуваат оградите од тврд камен на селските домаќинства, наслонети еден на друг, од дрвените огради на затворените овоштарници и градини на земјоделскиот имот... Во принцип, населбите на Македонците муслимани се карактеризираат со разновидни огради, живи огради, огради кои ги покриваат домашните и економските постројки, исто така и култури, како од погледите на соседите, така и од копитата на присутните кози и овци“.

Традиционалната двоспратна куќа на Македонците муслиман во Голобрдо А.А. Новик вака ја опишува: „На приземјето има една голема соба, во која се примаат гости, се гледа телевизија, се дискутира за настаните итн. Неодминлив дел на овој простор е големиот број на софи и седишта за гости (столици, маси, табуретки и сл.). Обично ставаат три софи, меѓу кои е ставена мала маса. Изгледот на трите софи е јасен знак на ориенталната култура на живот. Во соседните Албанци – христијани, Македонци – православни или Грци (по определување православни) може да има една софа и две столчиња, две софи споени со агол или на друг вид на дневен мебел. Трите големи софи, кој го окупираат речиси целиот простор во просторијата, можат да се сретнат на Балканот само кај муслиманите, без разлика дали тоа е во Босна или Косово, Црна Гора и Македонија.

...Домовите на добростоечките семејства, имаат убаво уредени купатила. Во нив можат да се најдат туш кабина, бољер, мијалник и чешма, машина за перење и други благодети на цивилизацијата. Обично овие домови се на луѓето кои биле на печалба во Грција. Следствено на ова, иако овие луѓе не можеа да заработат толку пари за сите удобства во нивните домови, тие почнаа да ја согледуваат неопходноста од овие удобства во домовите. Сепак, самиот тоалет остана традиционален - Ала Турк (Ala Turke)...“ – пишува Новик.

Споредувајќи ги навиките на муслиманите, каде хигиената и чистотата имаат добро вкоренети навики, Новик ќе забележи дека „...Во Централна Албанија, Косово и други места со претежно традиционално муслиманско население и правила на хигиена, бара присуство до просторијата на брачната двојка мала бања – хамамџик (кај Дукаџини наречена баџа, во некои места абдесфане). Во домовите на богатите муслимани имало амами, пространа турска бања. Ништо слично во Голобрдо нашата експедиција не успеа да најде. Можеби локалното население било толку сиромашни што екстра изградба и опремување на дополнителни единици се исклучително тешки за семејниот буџет“.

Говореќи за традиционалната архитектура на Македонците муслимани од Голобрдо, Новик ја споменува галеријата (чардак) за која вели: „Важен елемент кој се јавува во селската куќа е отворена галерија на првиот кат. Куќата може да има отворена галерија и на вториот кат. Целата куќа може да се заокружи со отворен чардак. Сепак, присуството на голема галерија во предниот дел на куќата е неопходен елемент на традиционалната архитектура“.

„Тука се одвива значаен дел од семејниот живот. Жените тука чистат зеленчук и готват храна, месат тесто и припремаат зимница. Мажи пијат кафе и ракија (од овошје или грозје), пушат и водат разговор. Тука се примаат блиските пријатели и се озборуваат со соседите. Типично, галеријата располага со пространа софа и удобни столици, мала маса и клупи – за одмор. Во другата половина од галеријата има шпорет на кој се готви, шкафови и полици. Подот на галериите се послани со грубо изработена тканина или купен тапих. Одржување на чистотата на галеријата, како и во дворот е дневна должност на девојките и младите жени...“ –  ќе забележи А. А. Новик при посетата на Голобрдо во Албанија во 2008 година.

(извор: А.А. Новик „Македонци – Муслимани во Албанија – Материјали експедиција 2008 година“

Македонска нација
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.